свет
За богатите нема зима: Ламборгини го продал целото производство до 2024

На почетокот на август Ламборгини објави дека го има најдоброто полугодие во својата историја, постигнувајќи рекордна продажба и профит. Оперативната маржа достигна 32 отсто, а оперативната добивка е 425 милиони евра од продадени 5.090 автомобили.
Италијанскиот производител на ултра – спортски автомобили Ламборгин (Lamborghini) веќе го продал целото производство до почетокот на 2024 година, изјави директорот на компанијата Штефан Винкелман за АФП.
Подружницата на Фолксваген има голема побарувачка и нарачки во следните 18 месеци, рече Винкелман. Богатите купувачи ги купуваат овие луксузни автомобили и покрај глобалните финансиски последици од руската инвазија на Украина.
„Се повеќе се купува Ламборгини. Луѓето имаат доверба во брендот, гледаат колку се убави автомобилите, како имаат високи перформанси“, потенцира Винкелман. Глобалната економија само треба да остане малку стабилна за да продолжи вака, додаде тој.
Долгото чекање на болидите се должи на недостигот на делови, особено на чиповите кои се потребни за новите електрични модели. Ламборгини планира хибридна верзија на секој од своите модели до 2024 година, а првото целосно електрично Ламборгини во втората половина на деценијата.
„Тоа е многу за само две години, а ние работиме колку што можеме, најбрзо што можеме за да бидеме во тек со вестите и работите да се одвиваат на позитивен начин“, рече Винкелман.
Најдоброто полугодие во историјата
На почетокот на август Ламборгини објави дека го има најдоброто полугодие во својата историја, постигнувајќи рекордна продажба и профит. Оперативната маржа достигна 32 отсто, а оперативната добивка е 425 милиони евра од продадени 5.090 автомобили.
Ферари (Ferrari) исто така постигна рекордни резултати во вториот квартал и ја зголеми годишната прогноза, а неговите нарачки се рекордни. На крајот на јули, најголемиот светски производител на луксузни стоки ЛВМХ (LVMH), исто така, објави дека постигнал скок во продажбата и профитот во првата половина од годината и покрај неизвесното економско опкружување.