Connect with us

македонија

За дезинформациите нема вакцина!

Центрите за пропаганда не мируваат и во време на здравствена криза

објавено

на

На прв поглед изборот помеѓу тоа дали да му се верува на сопствениот лекар или на „познат научник од Русија“ чие име не ни постои на интернет се чини логичен. Но, нештата не се толку едноставни – голем дел од граѓаните, особено во земји со висока сиромаштија и слабо образование прво ја немаат изградено неопходната релација со своите матични лекари (некои дури и ги немаат), а  брзината со којашто се шират (дез)информациите на интернет (без елементарна проверка и професионален новинарски филтер) и нивната сеприсутност создава сериозен хаос во којшто понекогаш тешко се снаоѓаат дури и медиумски најписмените. 

„Шокантно: Вирусот е измислен за да исчезне човековиот род“, “ Вакцините ќе содржат чип“, „Шестмина мртви од новата вакцина“, „Коронавирусот е само обичен грип“, „Коронавирусот нема шанса да го преживеете’ „Еминентен доктор тврди дека маските се чиста глупост“ „Овој лек за корона го имате сите дома -направете гаргара со…“  инт. итн,…

Овие сензационалистички наслови (често пати и меѓусебно исклучиви, а објавени во ист медиум) секојдневно се среќаваат низ медиумскиот простор, не само во Македонија туку и низ Европа и светот. Пандемијата со коронавирусот се покажа како исклучително поволна за ширење не само на лажни вести, туку и за креација и дистрибуција на цели наративи што директно се судираат со јавниот интерес, правото на граѓаните да бидат вистински информирани (што во вакви времиња може живот да значи) и со битката на науката и напорите на научниците за справување со оваа болест.

Текстови без наведен извор на информацијата, ама и текстови кои се повикуваат на непостоечки научни институти или научници и професори, полуинформации, шпекулации, лаги и спинувања – сето ова зачинето со привлечен наслов полн со сензационализам („нема да верувате“, „видете како“, „скандалозно“, „откриена е големата вистина“, „ова го кријат од вас“….) се совршен рецепт за медиумска катастрофа од која губат и оние кои вистински се борат со болеста и самите граѓани. На прв поглед изборот помеѓу тоа дали да му се верува на сопствениот лекар или на „познат научник од Русија“ чие име не ни постои на интернет се чини логичен. Но, нештата не се толку едноставни – голем дел од граѓаните, особено во земји со висока сиромаштија и слабо образование прво ја немаат потребната релација со  своите матични лекари (некои дури и ги немаат), а  брзината со којашто се шират (дез)информациите на интернет (без елементарна проверка и професионален новинарски филтер) и нивната сеприсутност содзава сериозен хаос во којшто понекогаш тешко се снаоѓаат дури и медиумски најписмените. 

Лажните вести во време на пандемијата не се само македонски проблем – целиот свет се соочува со овој феномен. Но, не се само дезинформациите закана и проблем за работата на професионалните новинари и за правото на граѓаните да бидат вистински информирани. Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата.

Вакцината уште непримена, појавени нус – ефекти

Последен пример со скандалозно ширење на лага поврзано со пандемијата беше токму неделава. Скандалозноста тука освен во немањето на одговорност за јавно кажаниот збор се состои во фактот што „ширачот“ на лаги е новинар, кој би требало да знае што значи проверка на информација. Новинарот Бобан Нонковиќ на јавноста ѝ презентираше, како што тој нагласува, „Истражување на Центарот за биолошка евалуација и истражувања на Американската агенција за храна и лекови (ФДА), кое се нарекува План за набљудување и мониторинг на вакцините Ковид-19, нивната безбедност и ефикасност, потпишано од Стив Андерсон, првиот човек за биостатика и епидемиологија на центарот за евалуација на ФДА“ од 30 октомври.

Дека станува збор за манипулација односно полуинформација набрзо се разоткри низ социјалните мрежи од луѓе кои не ги мрзело да отворат и да прочитаат повеќе самите, а од „Вистиномер“ (сервис за фактчекинг на информации) направија и целосна анализа на неговите тврдења. Таму стои дека главен проблем, односно главната невистина во ова видео се редицата (поточно 22) набројани нус-појави за кои се добива впечаток дека веќе се случиле, односно дека биле „утврдени од ФДА“, а, всушност, станува збор за план на нус појави кои ќе бидат предмет на опсервација во иднина, односно во текот на вакцинирањето.

Токму затоа за нив се вели дека се можни (possible) нус-појави, а се дополнува и дека листата може да се менува во иднина во зависност од ситуацијата. Ако стануваше за нешто што е веќе утврдено дека се случило, односно дека наведените нус-појави се реалност, тогаш тие не ќе можеа да се менуваат. Според авторот на видеото, станува збор за „извештај за појавата на несакани дејства од вакцините кои веќе почнаа да се даваат против Ковид-19 во Велика Британија“, на Астра Зенека и на Фајзер и Бионтек, оние што треба да се чуваат на минус 70 степени“. Ова е делумно неточно, бидејќи во Велика Британија е одобрена само вакцината на Фајзер и Бионтек, не и на Астра Зенека. Модерна и Астра Зенека побараа вонредно регулаторно одобрување во САД и ЕУ. Исто така, лага е дека овие вакцини треба да се чуваат на минус 70 степени, бидејќи ова важи само за вакцината на Фајзер и Бионтек.

„Внимавајте колку утврдени од американска овластена државна агенција има несакани дејства. Ќе ви ги кажам за да знаеме сите што ќе сакаме да шетаме по трговски центри, да работиме во приватни компании, да одиме надвор од границите на нашите земји, што не’ чека бидејќи ќе мора да ја примиме оваа вакцина. Не зашто ќе сакам, туку ќе бидам натеран и за тоа ќе биде баран тој здравствен ковид-19 картон дека сум ја примил вакцината и ревакцинацијата, 21 ден после првата“ посочува Нонковиќ во видеото, што е целосна лага оти здравствените власти кај нас потенцираа дека вакцината нема да биде задолжителна, туку ќе се прима на доброволна основа.

И, никој не кажал дека ќе има „здравствен картон за Ковид-19“. Имено, СЗО не препорачува пасоши за имунитет или тестирања заради патувања. СЗО размислува да воведе електронски сертификати за вакцинација, како што се оние што ги развива во соработка со Естонија. Естонија и агенцијата на ООН започнаа пилот проект во октомври за изработка на дигитален сертификат за вакцинација или „паметен жолт картон“ како дел од иницијативата Ковакс, чија цел е да се промовира вакцинацијата против коронавирус во земјите во развој…

„Вистиномер“ тука го разобличуваат целосно овој опасен наратив (ФДА не утврдила нус појави на вакцините против Kовид-19 – Truthmeter (vistinomer.mk)) во период кога човештвото се бори за излез од оваа огромна криза, но се наметнува прашањето за реалната вредност на тезата дека пуштање на лажна вест во етер е како да искинете перница полна со пердуви и да ја фрлите од авион, а демантот и побивањето на истата е како да се обидувате пердувите да ги соберете. Кога се работи за важни општествени теми, како што е здравјето на граѓаните, проценката на медиумските експерти, е дека сепак, вреди секој еден собран „пердув“ од лажните наративи.

Глобален проблем

Лажните вести во време на пандемијата не се само македонски проблем – целиот свет се соочува со овој феномен. Но, не се само дезинформациите закана и проблем за работата на професионалните новинари и за правото на граѓаните да бидат вистински информирани. Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела – членки или придружни членки на Алијансата за независни совети за етика во медиумите во Европа (АИПЦЕ), каде што полноправно членува и СЕММ.

Истражувањето на СЕММ, коешто е прво од ваков вид во глобални рамки, според УНЕСКО е проект што многу помага во детекција на критичните точки и во креирање на една појасна слика за медиумската состојба низ континентот:„Задоволни сме што преку проектот финансиран од ЕУ го поддржавме објавувањето на ова истражување. Во УНЕСКО, силно веруваме дека советите за етика имаат критична улога во одбраната на слободата на изразување и во адресирањето на проблемот со дезинформациите. Ова особено се потврдува за време на криза. Сепак, зголемена е загриженоста за влијанието на пандемијата и последиците од проблемот што ќе го има финансиската криза во медиумите врз иднината на овие совети. Се надеваме дека со анализата на СЕММ ќе се зголеми свесноста за потребата од обезбедување финансиска стабилност“, вели Аделин Хулин од канцеларијата на УНЕСКО во Брисел.   

Советите за етика периодов, неретко, добивале и жалби за известување во насока на теориите на заговор:„Коронавирусот е проект, не е неизлечив, имаме ‘лек’! Вирусот е патентиран во 2015 година“. „Кликбајт“ наслови од типот „Коронавирусот не може да преживее“, ,„Лек за коронавирусот почнува да се продава од утре“ се дел од новинарските текстови за коишто биле поднесени жалби на пример до босанскиот Совет за етика.  Со ширењето на пандемијата, се зголеми и загриженоста околу заштитата на приватноста и заштитата на податоците во медиумското известување. Случаи во кои биле нарушени овие принципи многу често се пријавувале до советите за етика во медиумите во повеќе држави.

Во Советот за етика во Ирска биле пријавени случаи кога одредени весници објавиле имиња на лица заразени со ковид-19, што предизвикало негативни реакции во јавноста. „Сепак, весниците беа многу внимателни и ги идентификуваа само оние лица коишто се согласиле на тоа. Можеби секогаш постои аргументот за јавниот интерес, но идентификувањето на поединците е избрзан чекор“, нагласуваат од ирскиот Совет за етика.  Во одредени држави имало реакции и на објавувањето фотографии од медицински лица. Таков пример е регистриран во саморегулаторното тело во Велика Британија ИПСО.

Самиот здравствен персонал укажал дека во услови кога се под екстремен притисок и поминуваат низ многу тешки времиња ваквото однесување е нападно.

„За нас, како саморегулаторно тело, беше интересно прашање за тоа какви се правата на медицинските работници во овие околности, бидејќи во нормални услови би им објасниле дека се во фокус на јавноста и се претставени во професионално светло, а тоа не е во доменот на приватното“, нагласуваат од таму.

Пристапот до информации е уште еден клучен проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата коишто новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните.

За справување со овие нови ситуации во едно комплексно време, имајќи предвид дека во некои држави корона – кризата се поклопи со одржување и на избори, како што е случајот со нашата држава, соработката и партнерството со граѓанскиот сектор, медиумите и нивните асоцијации, со институциите и граѓаните, се покажа како мошне значаен механизам за советите за етика. Мултисекторската соработка меѓу сите засегнати страни е во согласност со некои од клучните препораки на меѓународните организации за заштита на слободата на изразувањето и информирањето во време на криза.


Пристапот до информации е уште еден клучен проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата коишто новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните.

Има ли решение?

Нема. Барем нема конечно. Проблемот е комплексен и битката мора да е секојдневна и постојана. Исто така, проблемот е на толку многу нивоа, што бара апсолутна синхронизираност и организација на напорите на сите кои вистински се борат да се исчисти јавниот наратив – медиумите, самите новинари, новинарските и невладини организации, државните институции, образованието, самите граѓани. Познато е дека нема подобар лек за лажните вести – од вистински, што значи дека потребна е што поголема продукција на сериозни новинарски содржини и информации кои се обработени професионално.

Исто така потребна е проверка на вестите што треба да ја прават самите новинари и редакции, односно медиумите. Постоењето на организации со таква мисија многу помага, но клучно е да се врати принципот на проверка како основен постулат на новинарската професија. Креацијата на медиумски простор кој е преполн со партиски препукувања, „дебати“ без аргументација и никаква додадена вредност, партиски соопштенија и чиста, гола, партиска реторика на сметка на новинарски израз и простор и почит за целиот спектар на новинарските жанрови и рубрики (репортажи, интервјуа, култура, уметност, образование…) им помага на дезинформациите.

Медиумите мора да се одговорни кон јавниот интерес и во својата продукција и програма да вклучат сеопфатен поглед кон сите општествени аспекти за да се создава здрав јавен наратив. Тука е и медиумската, ама и општата писменост, односно самото образование кое мора активно да се вклучи во битката со лажните наративи. Да не забораваме дека има држави каде што предметот „медиумска писменост“ е воведен како задолжителен во основно и/или во средно образование. Министерката за образование Мила Царовска неодамна најави дека и кај нас ќе се оди кон овој пристап, што е за поздрав, оти за медиумските експерти долгорочно ова е една од најдобрите алатки за битка со лагите. Клучно, е сепак, сите овие механизми заедно со препораките од новинарските организации да се впрегнат паралелно, оти ако во нешто се добри ширачите на лаги – тоа е сигурно нивното мрежно поврзување и заедничко дејствување, и тоа не само кај нас, туку низ целата планета. 

свет9 часа ago

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

свет9 часа ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија14 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија23 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија6 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

свет7 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис

македонија5 дена ago

Јошка Фишер од Самитот во Скопје: Западен Балкан припаѓа на Европа, не ги отворајте вратите за играчи како Кина