Connect with us

македонија

Зголемувањето на акцизата на цигарите за 50% ќе донесе преку 300 милиони евра годишно во буџетот и намалување на бројот на пушачи и за 50.000

Македонија е меѓу рекордерите во светот по пушење цигари

објавено

на

Тинк-тенк „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење. За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зеде  предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3.000 до 48.000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.

Панел дискусијата која деновиве  ја организираше Тинк Тенк „Аналитика“ на тема пушење, тутунски производи, нивна употреба и мерки од негативните последици јасно укажа дека државата треба да воведе силни мерки кои ќе ја зголемат контролата и ќе ги намалат штетните ефекти од пушењето.

Дискусијата ја предводеше Борче Треновски од „Аналитика“ кој накратко ги презентираше резултатите од истражувањето за зајакнување на фискалните и здравствените политики, смртни случаи предизвикани од пушењето, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во РС Македонија.

Дискусијата на отвори Анастас Маженковски, помошник директор на Сектор за ИКТ при Царинската управа во РС Македонија. Тој истакна дека клучна компонента за намалување на штетноста од пушењето цигари е Усвојувањето на протоколот на недозволениот увоз кој е во Владина процедура и кој се очекува да биде усвоен, а се однесува на контролата на цигари, економијата преку воведување на забрани за едноставен влез и увоз на машини за правење цигари. Тој напомена дека механизмите на контрола мора да се зајакнат бидејќи можат да имаат живото – загрижувачки ефект.

„Во делот на легалната трговија ние како Царинска управа имаме проблем со режаниот тутун кој се продава по пазарите. Сме пријавиле многу случаи за кои имало истраги, имаме земано и мостри кои ги испитавме во лабораториите во Прилеп и Земјоделскиот факултет чии анализи покажаа многу големи количини на катран. За тој случај има препишано казна затвор од 3 години и 1 милион евра казна. Затоа важно е да се спроведат низа акции кои ќе ја покажат штетноста и казните за видовите тутун на домашниот пазар“, појасни Маженковски.

Само Македонија од цела ЈИЕ нема мерки за намалена достапност на цигарите

Од здравствен аспект, Проф. Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје потенцираше дека податоците од нивната институција за 2023 година покажуваат зголемена употреба на користење електронски цигари, производи кои горат, но не согоруваат како наргиле и слично. Затоа мора да се направи нова национална стратегија за контрола на тутунот бидејќи последната е од 2015 и од тогаш немаме документ.

„Мора да се направи мултидисциплинарен пристап за контролата на тутунот и да се предвиди промена на Законот за заштита од пушење кое го донесува Министерството за здравство со кој освен мерки за цигари да има и мерки за новите производи, да има забрана на е-цигари и другите нови продукти во јавните простори со тоа што ќе се зголеми улогата на Министерството за образование за поголема едукација на децата преку кампањи. Државата мора да има посебна програма за откажување од цигари, сега имаме програма за советување, но колку е тоа ефективно. Ова е клучно според мене, национална стратегија, промена на законот за пушење и МОН во реформите да го внесе концептот на здрави училишта кои го унапредуваат здравјето на младите. Исто така матичните лекари и пулмолозите треба да даваат терапија преку ФЗОМ со цел да се направи поголема достапност на лекови кои ќе помогнат во процесот на одвикнување“, појасни Ќосевска.

„Аналитика“ тинк-тенк организираше деновиве настан насловен ‘’Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во РС Македонија“

Сања Бојаниќ, заменичката на Постојаниот претставник на УНДП пак ги изнесе податоците дека РС Македонија е единства земја во Југоисточна Европа во која достапноста на цигари е иста од 2010 година. Односно сите други земји имаат воведено мерки за намалување на достапноста на цигарите само овде немаме никаква промена.

„Шокантни и загрижувачки се податоците дека околу 11% од младите луѓе секојдневно пушат цигари. Од економски аспекти тоа се 11% приходи во буџетот кои се влеваат од трошоци за лекување, но загуба во продуктивноста од 89%. Во оваа категорија се луѓето кои починале поради последици од пушење, влошено здравје и здравствени последици, губење на работната способност или продуктивност“ рече претставничката од УНДП Бојаниќ.

Александра Наќева Ружин, специјалниот советник во Министерството за финансии пак даде објаснување за акцизите и зошто се тие значајни за домашната економија.

„Акцизата претставува втор приход во буџетот на државата. Во 2022 година речиси 50% од приходите од акцизи се од тутунските производи, околу 5% од алкохолните пијалаци и другите 43-45% се од нафтата и онаа структура се менува низ годините. Затоа пред носењето на новиот закон и календар за акцизи во октомври ние долго време ги разгледувавме сите аспекти и верувам дека реформите ги направивме подобри од сите донесени досега. На пример, пурите кои спаѓаат во категоријата ‘луксуз’ досега не влегуваа во ниту една категорија и за нив немаше акциски календар, сега со оваа реформа тоа го променуваме“, рече Наќева Ружин.

Јоана Маџоска, економист во Светска банка истакна дека со појавувањето на ковид пандемијата и растот на цените поради војната во Украина се намалија цените на тутунот.

„Намалувањето на цените доведе до поголема достапност на цигарите и забавено производство на тутун. И покрај зголемувањето на акцизите во вакви услови на намалено производство важно е да се одржи нивото прецизирано во европската легислатива. Од овој аспект треба да се изготват реформи и за е-цигарите со цел да се обезбеди еквивалентност на овие производи кои би ја замениле потрошувачката на тутунот“, смета Маџоска.

Македонските граѓани рекордери по пушење во Европа, со најниски цени на цигарите

„Аналитика“ тинк-тенк на настанот насловен ‘’Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во РС Македонија“, ги презентираше резултатите и препораките од претходните две студии на кои работеше, а тоа се: “Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски приходи” и “Влијанието на цените на цигарите и политиките на контрола на тутун врз иницијацијата со пушење кај адолесцентите: Докази од РС Македонија”. 

Резултатите од студиите на кои работеше „Аналитика“ покажуваат дека високи 48,40% од македонските граѓани се најголеми консуматори на тутунот во споредба со жителите од Југоисточна Европа каде просекот на пушење е 22,30%, додека споредбено се земјите од Европа, РС Македонија сѐ уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1.000 цигари, како и нелегалната трговија со цигари која во РС Македонија е најниска споредбено со земјите од регионот.

Својствено овие бројки „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење. За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зема предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3.000 до 48.000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.

Резултатите од студиите на кои работеше „Аналитика“ покажуваат дека високи 48,40% од македонските граѓани се најголеми консуматори на тутунот во споредба со жителите од Југоисточна Европа каде просекот на пушење е 22,30%, додека споредбено се земјите од Европа, РС Македонија сѐ уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1.000 цигари.

12,4% од младите на 12-15 години се пушачи

М-р Бојана Мијовиќ Христовска која ги презентираше трите сценарија како најоптимално го издвојува зголемувањето на специфичната стапка на акцизата за 30%.

„Зголемување на приходите од акциза за 30% покрај тоа што значи прилив од 276 милиони евра во буџетот, носи големи бенефити односно намалување на потрошувачка на цигари за 16%, намалување на број на пушачи за приближно 25.000, намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето за околу 7.000 и намалување на интензитет на пушење на околу 300 цигари годишно. Тоа воедно значи намалување на интензитетот на пушење по број на цигари на жител, подобрено здравје кај граѓаните и секако намалување на смртноста поврзана со пушење и спасени животи“, рече Христовска.

М-р Тамара Мијовиќ Спасова, од „Аналитика“ тинк тенк истакна дека Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, а статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%. Мијовиќ Спасова потенцира дека иако навидум бројките се мали тие се сериозно високи ако се земе опсег возраста на децата. Таа ги претстави резултатите за адолесцентите кои покажуваат дека речиси 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години.

Затоа, наведува Мијовиќ Спасова, ценовната политика сама нема да доведе намалување на овие бројки затоа потребни се низа алатки за намалување на овој тренд. Истражувањето исто така покажува дека 79% од младите имаат поголема веројатност да почнат да пушат доколку нивниот родител пуши од причина што цигарите им се достапни дома и 62% можат да почнат да пушат доколку пушат и нивните пријатели. Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење. Статистиките на „Аналитика“ велат дека зголемувањето на цените на цигарите за 10% ја намалува веројатноста за започнување со пушење кај младите за 3%. Токму поради овие статистики Мијовиќ Спасова посочува дека државата мора да изнајде мерки кои ќе ги ублажат истите.

„Анализите за контрола на тутунот на кои работеше „Аналитика“ бележат навистина поразителни бројки за нашите граѓани особено за младите. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“, посочува Мијовиќ Спасова.  

Штетно и за активните и за пасивните пушачи

Консумирањето тутун предизвикува срцева слабост и зголемен ризик од срцев и мозочен удар како и серија други здравствени проблеми посочи заменик министерката за здравство Маја Манолева која зема учество во презентирањето на резултатите од спроведените истражувања. Таа рече дека употребата на тутунот е штетно по здравјето на сите граѓани независно дали тие се активни или пасивни пушачи.

„Во сите 10 Центри за јавно здравје во државата функционираат индивидуални и групни советувалишта за откажување од пушење. На годишно ниво во овие центри совети бараат повеќе од 200 граѓани, сепак радува фактот што населението е свесно за негативните последици и бара начини на одвикнување од неговото користење. Затоа за намалување на статистиките од високата употреба на тутун, неопходно е да се зајакне соработката меѓу сите надлежни институции во насока на креирање и спроведување ефективни политики и поддршка на спроведувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, врз основа на ставовите на здравствените работници и на населението“, заклучи Манолева.

Настанот кој го организираше „Аналитика“ е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход” финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

технологии / компании23 часа ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика23 часа ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион23 часа ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија23 часа ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија23 часа ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија23 часа ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија23 часа ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки23 часа ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија23 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија23 часа ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија4 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија5 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија3 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки23 часа ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија23 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија