Connect with us

интервју

Здравко Здравески: УНИБанка гаранција за стабилност и успех и во услови на пандемија и рецесија

Здравко Здравески, главен директор за ризици во УНИБанка АД Скопје

објавено

на

„Пандемијата го смени начинот на размислување и функционирање на структурите на целото општество. Менаџментот на УНИБанка одлично се прилагоди на новонастанатите услови за работа, а последица на тоа се одличните резултати кои Банката ги постигна во 2020 година: остварување на најголемата годишна добивка во своето постоење; највисока адекватност на капиталот во 26 годишното постоење на македонскиот банкарски пазар; ниво на ликвидност отпорно на екстремни стрес-тест сценарија; висок процент на стабилно депозитно јадро (над 80%); и едно од најниските нивоа на лоши пласмани во банкараскиот систем со покриеност од 90%. Земајќи ги предвид условите на пандемија во кои функционираше Банката и разнишаната доверба во банкарскиот систем заради затварањето на една од банките, задоволни сме со сите постигнувања, а пред се’, со тоа што Банката покажа сигурност, стабилност и профитабилност во своето функционирање и отпорност на сценаријата од стрес – тестовите.“   

Како работеше Вашата банка во услови на пандемија во 2020 година, какви финансиски резултати очекувате и на што се должат тие? Колку сте задоволни од работењето годинава со оглед на околностите?

Годинава што изминува беше година на предизвици, пред се од аспект на организација во сосема нови услови, услови какви што до сега биле непознаница за целото општество. Пандемијата ни помогна да им потврдиме на нашите клиенти и инвеститори она што ние самите го знаеме, дека УНИБанка е одлично организирана и стабилна финансиска институција.

По објавувањето на пандемијата, Банката го активираше сопствениот  “имунолошки систем” и создаде услови за максимална заштита на своите вработени, преку почитување на сите препораки кои беа носени од надлежните органи во државата. Тоа беше основа вработените да се чувствуваат безбедно и да продолжат со своите активности. Активностите ги извршуваме, како од своите канцеларии, така и со далечински пристап до нив, на принципот на ротација, кој се покажа дека е функционален и корисен во услови на пандемија.

Воедно покажавме и општествена одговорност од причина што во два наврати овозможивме олеснување во сервисирањето на обврските на сите кредитокорисници кои го побараа тоа од нас. Банката во меѓувреме направи и стрес-тест сценарија за тоа што ја очекува во периодот кој следуваше, односно до крај на 2020 година. Резултатите од сценаријата покажаа дека Банката е издржлива на ударите од предвидените сценарија како резултат од пандемијата и дека без проблем ќе одговори на сите предизвици со кои е соочена.

Пандемијата го смени начинот на размислување и функционирање на структурите на целото општество. Менаџментот на УНИБанка одлично се прилагоди на новонастанатите услови за работа, а последица на тоа се одличните резултати кои Банката ги постигна во 2020 година:

  • Остварување на најголемата годишна добивка во своето постоење,
  • Највисока адекватност на капиталот во 26 годишното постоење на македонскиот банкарски пазар,
  • Ниво на ликвидност отпорно на екстремни стрес-тест сценарија,
  • Висок процент на стабилно депозитно јадро (над 80%) и
  • Едно од најниските нивоа на лоши пласмани во банкараскиот систем со покриеност од 90%.

Земајќи ги предвид условите на пандемија во кои функционираше Банката и разнишаната доверба во банкарскиот систем заради затварањето на една од банките, задоволни сме со сите постигнувања на Банката, а пред се, со тоа што Банката покажа сигурност, стабилност и профитабилност во своето функционирање и отпорност на сценаријата од стрес-тестовите.   

За успехот и стабилноста на Банката зборува и фактот дека успеваме без проблем да ги исплаќаме и тековните обврски по издадениот хибриден инструмент, кој за прв пат е реализиран на македонскиот финансиски пазар.

Сите овие постигнувања во нови и непознати услови на пандемија, се резултат пред се на воспоставеното високо ниво на корпоративно управување и култура од страна на менаџментот на УНИБанка, кое дава можност и слобода понатаму сите структури во Банката да учествуваат во креирањето и исполнувањето на стратегиите.

Колку корона – кризата влијаеше на кредитната активност, и кон населението, но особено кон реалниот сектор? Колку се бизнисите во кондиција да земаат нови кредити и да ги отплаќаат старите?

Проблемите кои корона-кризата ги предизвика нанесоа и се уште нанесуваат штета на одредени дејности, како хотелиерство, услужни дејности, туризам, одредени производствени дејности, дел од транспортната  дејност, со што се предизвика и намалена економска активност на глобално ниво, а како последица на тоа и рецесија. Кредитната активност е тесно поврзана со потребите на субјектите (фирми и население), кои во овој период на криза во определен дел беа намалени, што е сосема нормално и очекувано.

Пандемијата и големиот број на неопходни здравствени мерки со кои се соочени економските субјекти, доведоа до намалување на нивните потреби за кредитирање. Редуцираната економска активност резултираше со намалена кредитна активност на Банката кон клиентите за околу 50% од функционирањето во нормални услови. За таа цел УНИБанка направи ребаланс на својот годишен буџет и истиот го адаптираше на новонастаната состојба. Во ребалансот на буџетот беше вклучена кредитната активност кон клиентите и бизнисите кои не беа погодени од кризата и кои останаа во добра кондиција при измирувањето на своите обврски кон Банката.

За останатите клиенти чие што функционирање беше погодено од здравствената криза (75% од населението и 50% од фирмите), беа применети мерките за грејс период и одложено плаќање на обврските кон Банката. По воведувањето на грејс периодот, Банката, на редовна основа прави анализи за финансиската состојба на клиентите кои користат грејс период, тековно ги следи проблемите со кои се соочуваат и во рамките на своите политики и можности бара издржана солуција за надминување на истите.      

Какви Ви се плановите за 2021 година? Каква економска година не очекува низ призмата на банкарите?

Движењето на економијата во 2021 година пред сè ќе зависи од состојбата со светската здравствена криза. Македонското стопанство, односно економската активност во Македонија во голем дел зависи од странските економски партнери и нивната активност.

Усвоениот буџет за работа за 2021 година е прилагоден на очекуваната  состојба со пандемијата, како во земјата, така и надвор од неа.

Буџетот предвидува раст на Банката преку:

  • континуирано и разумно зголемување на позициите во билансите кои носат стабилност и профитабилност,
  • поголема дисперзија на кредитното и депозитното портфолио на Банката,
  • зајакната контрола на квалитетот на кредитното портфолио и задржување на процентуалното учество на лошите, во вкупните пласмани,
  • континуирано ослободување од некаматоносната актива,
  • прудентен пристап во контролата, мерењето и управувањето со клучните ризици во работењето на Банката.

Што се однесува до очекувањата за економската 2021, истите се во рамките на надежта и желбата втората половина од годината економијата да почне постепено да заздравува. Првите резултати од тоа заздравување реално би се почуствувале во текот на 2022 година.

Концентрацијата во првата половина од 2021 година ќе биде насочена кон анализи и преземање на решенија за одржување и подобрување на квалитетот на портфолијата на Банката, како превентива и решавање на можните негативни ефекти од пандемијата и како продолжение на тековните активности кои се одвиваат во втората половина од 2020 година.

Очекуваме дека  2021 година ќе биде полна со предизвици.

Го имаме постоечкото КОВИД портфолио кое почнува да достасува за наплата од ноември 2020. Резултатите од наплатата се вистински предизвик за дополнителен ангажман на сите структури во изнаоѓање на најбезболни решенија за сите учесници и редовна наплата, која е еден од столбовите за одржување на континуирана ликвидност.

Работиме на надградување на постоечкото портфолио со ново, еднакво квалитетено и тоа во услови на забавена економска активност на стопанските субјекти. Ќе продолжиме да го одржуваме стабилното депозитно јадро и истото да го освежуваме со нови атрактивни продукти, како за населението, така и за стопанските субјекти.

Тука е и конкуренцијата која постојано ни дава дополнителни мотиви за фер натпревар на банкарскиот пазар, за кој од друга страна знаеме дека е мал и лимитиран како за постоечките, така и за новите бизниси.

Заради погоре споменатиот лимитиран пазар, стопанските субјекти треба да станат поконкурентни и поинтересни за странските пазари, да доставуваат до банкарскиот сектор издржани од секој аспект проекти, како банките би можеле да ги поддржат истите.

На крај би напоменал дека УНИБанка постојано ги усовршува и прилагодува системите на управување со ризиците, во правец на стабилно, континуирано и безбедно исполнување на зададените цели, при што грижата и разбирањето за потребите на клиентите и инвеститорите е на прво место.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

технологии / компании4 часа ago

Трендови на коишто треба да внимаваат огласувачите во 2022

македонија5 часа ago

Пет амбасадори на ЕУ земји дискутираа заедно со студентите на тема иднината на Европа – перспектива од земја кандидат

економија5 часа ago

ДДВ-то го наполни буџетот за четвртина повеќе од лани

македонија5 часа ago

Се менуваат алатките, не и новинарските вредности

економија5 часа ago

Просечната каматна стапка на кредити за компании се спушти до 3,55%, а за домаќинства до 5,23%

економија5 часа ago

И покрај моќните ефекти на пандемијата, побарувачката за кредити се врати

Business5 часа ago

Македонските угостители сакаат свој „биткоин“

start up5 часа ago

Топ 5 совети за успех на стартап бизниси

економија9 часа ago

Дигитализацијата бара нови вештини – неформалното образование станува сè поважно

економија18 часа ago

Развојната банка објави јавен повик за корисниците на ,,Ковид 3” кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

коментари1 ден ago

Благојче Котески: Совршена енергетска бура или дел од „новото нормално“???!!!

економија9 часа ago

Дигитализацијата бара нови вештини – неформалното образование станува сè поважно

македонија2 дена ago

Македонските угостители сакаат своја крипто валута

политика4 дена ago

Ковачевски: Не сум ничиј човек, туку човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ

технологии / компании2 дена ago

На „Стартапувај 3“ обезбедена најголема финансиска поддршка за стартапите во историјата на ФИТР

економија18 часа ago

Развојната банка објави јавен повик за корисниците на ,,Ковид 3” кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

економија4 дена ago

Пешев: Компаниите нема да издржат уште еден локдаун

економија3 дена ago

Просечната каматна стапка на кредити за компании се спушти до 3,55%, а за домаќинства до 5,23%

економија5 часа ago

ДДВ-то го наполни буџетот за четвртина повеќе од лани

македонија23 часа ago

Панел дискусија на УАКС: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан