Connect with us

македонија

Здравството и економијата најважни теми за македонските граѓани

Истражување: Влијанието на демографските фактори врз учеството во јавниот живот

објавено

на

Здравствената заштита (85%) и економско- социјалната стабилност (82%) се најважните теми од интерес на општата популација што живее во земјава, и преземањето специфични прагматични активности за подобрување на квалитетот на животот е клучна мотивација за луѓето да станат општествено и политички активни – ова го покажува сеопфатната анализа за „Влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите во Северна Македонија“.

Анализата покажува дека речиси 71% од испитаниците не се заинтересирани за поактивно граѓанско учество, а над 52% сметаат дека како граѓани не можат да имаат значително влијание во нивната општина. Речиси половина од општата популација (47%) е „многу“ или „донекаде заинтересирана“ за тековните општествено -политички случувања во земјата и светот, додека нешто повеќе од половина од граѓаните (53%) „воопшто не се“ или „не се многу заинтересирани“. Гледано според пол, мажите се повеќе општествено ангажирани (40%) отколку жените (26%).

Здравствената заштита (85%) и економско- социјалната стабилност (82%) се најважните теми од интерес на општата популација што живее во земјава, и преземањето специфични прагматични активности за подобрување на квалитетот на животот е клучна мотивација за луѓето да станат општествено и политички активни – ова го покажува сеопфатната анализа за „Влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите во Северна Македонија“.

Извештајот претставува дел од Проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Швајцарската амбасада/Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од ИФЕС и НМСМ.

Опсежното демографско истражување кое опфаќа квантитативна анкета лице в лице и квалитативно истражување беше спроведено од ТИМ во периодот од 30 јули до 31 август 2020 година на национален репрезентативен примерок од 1.497 граѓани. Анализирани се приоритетите на гласачите, ограничувањата и мотивацијата кај 13 различни демографски групи и профили на гласачи меѓу кои и специфични групи како млади, луѓе кои гласаат првпат, жени од рурални средини и лица со попреченост.

Анализата покажува дека речиси 71% од испитаниците не се заинтересирани за поактивно граѓанско учество, а над 52% сметаат дека како граѓани не можат да имаат значително влијание во нивната општина. Речиси половина од општата популација (47%) е „многу“ или „донекаде заинтересирана“ за тековните општествено -политички случувања во земјата и светот, додека нешто повеќе од половина од граѓаните (53%) „воопшто не се“ или „не се многу заинтересирани“. Гледано според пол, мажите се повеќе општествено ангажирани (40%) отколку жените (26%).

Телевизијата е сè уште главен извор за информации

Пандемијата со Ковид-19 котира највисоко меѓу општествено- политичките прашања од интерес на сите демографски групи, но во принцип граѓаните најмногу се засегнати за прашања кои влијаат врз квалитетот на животот и непосредната околина, како што се здравствената заштита, економската и социјалната стабилност, локалните проблеми, животната средина и образованието. 

Педесет и шест проценти (56%) од општата популација наведуваат дека гласаат редовно, 20% често, 12% понекогаш, 6% обично апстинираат и 4% редовно апстинираат од гласање. Кај сите демографски групи се забележува општа негативна перцепција за гласањето на избори кои за нив меѓу другото се синоним за „празни ветувања“, „лоши изборни кампањи“, „политички притисоци“ и “непотребно трошење пари“.

Истражувањето покажува и дека различни демографски групи сѐ повеќе се одлучуваат да не излезат на гласање поради незадоволство од политичките партии во земјата кои според нив не се заинтересирани да одговорат на потребите на граѓаните. Воздржувањето од гласање, според испитаниците, е начин на изразување разочараност и револт против политичките партии, како и казна за неостварените ветувања.

Сепак трите најважни фактори што позитивно влијаат на одзивот на испитаниците за гласање се: перцепцијата дека гласањето е граѓанско право и должност (56%); Изгледите за подобра иднина (42%); и Стравот дека гласот ќе им биде злоупотребен (29%). Според направеното истражување, граѓаните на кандидатските листи би сакале да видат повеќе познати лица, млади луѓе, претставници од нивната локална заедница и жени.

Телевизијата останува главен извор на информации за речиси половина од општата популација (49%), додека, пак, социјалните медиуми биле посочени од страна на 14% од популацијата. Понатаму следат веб- порталите со 13%, како и пријателите и семејството кои со 8% се посочуваат како главни извори на информации за граѓаните во врска со изборите.

Зошто се граѓаните слабо мотивирани за учество во општествено – политичкиот живот

Речиси една четвртина од општата популација (24%) се заинтересирани за поактивно граѓанско учество, додека 71% не се заинтересирани. Луѓето коишто живеат во рурални области (особено младите од рурални области), луѓето во оддалечените заедници и лицата со попреченост се најзаинтересирани за учество во граѓанскиот живот.

Треба да се напомене дека овие групи (особено лицата со попреченост) се помалку граѓански активни во споредба со општата популација,  најверојатно поради недостигот на пристап или можности за учество. Треба да се напомене дека веројатноста за поголемо граѓанско учество е помала во споредба со претходниот ангажман, бидејќи само 23% од општата популација покажуваат интерес да се ангажираат повеќе, во споредба со 33% кои претходно биле ангажирани.

Наодите покажуваат дека луѓето кои учествувале во граѓански иницијативи се разочарани од постигнатите резултати односно од неуспехот да предизвикаат промени. Фокус групите даваат длабинска анализа на причините за слабото граѓанско учество заедно со факторите што се специфични за различните демографски групи.

Заедничките фактори за сите демографски групи кои придонесуваат за слабото граѓанско учество можат да се сумираат во следново:

Свест

• Рамнодушност и пасивност.

• Недостаток на волја, истрајност и проактивност за решавање на проблемите.

• Недоволна мотивација да се истрае во иницијативите.

• Неподготвеност да се преземе одговорност

Фокусирање на остварување лични интереси

• Фокусирање на лични наместо на колективни интереси.

• Недоволно единство и колективно делување за постигнување на целите.

• Недоволна солидарност и отсуство на заеднички цели

Страв од етикетирање и одмазда

• Политичките партии сметаат дека граѓанските активности се политички маркетинг на противничките партии и истите редовно се означуваат како политизирани.

• Луѓето се плашат од последици заради граѓанската активност, односно се плашат да не го изгубат работното место доколку отворено изразат незадоволство.

Семејство, образование и социјален систем

• Образовен систем што не го стимулира граѓанското учество на учениците.

• Семеен систем што не ги учи децата на проактивно однесување.

• Социјален систем што не ја препознава, стимулира и наградува активноста на младите.

Институции
• Се смета дека институциите не одговараат на барањата на граѓаните.
• Вработените во јавните институции немаат компетентност, мотивација и желба за работа.
• Потребни се врски и контакти, а не заслуги за да се успее во работата.
• Институциите не се транспарентни, одговорни и отчетни.

Изразено партиско влијание и концентрација на моќта во политичките партии
• Силно политичко влијание во јавните институции и приватниот сектор.
• Изразена поделба меѓу граѓаните по политички линии.
• Дел од невладините организации се политизирани и пристрасни.

Разочарување и губење на вербата
• Преовладува мислење дека граѓанските иницијативи се неефикасни.
• Луѓето се разочарани и немаат доверба во државата и институциите.
• Граѓаните се чувствуваат беспомошни и немоќни.

Недоволна информираност
• Недоволна информираност каде да се обратат кога имаат проблем.

Половина од граѓаните не веруваат дека може да имаат некакво влијание

Вистинската одговорност на системот е клучниот фактор што придонесува општата популација да се вклучи повеќе во активности што можат да влијаат на промените во заедницата, согласно наведеното од 28% од испитаниците.

Другите мотивирачки фактори се поврзани со остварување лични или семејни интереси (14%), застапеност на нивните интереси (13%) и транспарентност и отчетност на институциите (12%). Овие фактори се изразени кај сите демографски групи.

Најважниот фактор поради кој граѓаните се активираат е ефикасноста на системот, согласно наведеното од младите, младите од рурални области, лицата што првпат гласаат, урбаното население, жените, жени од рурални области, руралното население, хронично невработените и другите етнички заедници.

Поголема поврзаност со заедницата (4%), зајакнување на демократијата (7%) и поголемо влијание во општеството (7%) се факторите што најмалку ги поттикнуваат граѓаните од сите демографски групи да учествуваат во јавниот живот. Некои групи, како на пример лицата со попреченост, многу сиромашните лица, лицата кои живеат во оддалечени заедници и Ромите, првенствено се вклучуваат во активности што можат да влијаат на промените во заедницата доколку за нив има лични или семејни придобивки.

Нешто над половина од општата популација (52%) не веруваат дека можат да имаат влијание како граѓани, додека повеќе од една четвртина (28%) смета дека можат да имаат значајно влијание во нивната општина. Повеќе жени (57%) отколку мажи (48%) веруваат дека не можат да имаат влијание како граѓани. Во однос на етничката припадност, испитаниците од другите етнички заедници (Турци, Роми, Срби, итн.) се поскептични во однос на влијанието што го имаат како граѓани (65%), во споредба со етничките Албанци (55%) и етничките Македонци (50%).

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал