Connect with us

македонија

Здружението СЕЕМТ ви нуди влез во светот на техничката анализа

Како да научите да го разбирате движењето на финансиските пазари

објавено

на

Здружението на финансиски техничари на југоисточна Европа – СЕЕМТ(South and Eastern Europe Market Technicians) коешто се формираше во Скопје минатата година ви нуди влез во светот на техничката анализа, односно подготовка за полагањето за стекнување на сертификатот CFTe.

Интересот за техничка анализа на глобално ниво  е во постојан пораст, а квалификацијата сертифициран финансиски техничар (CFTe) е меѓународно призната од работодавците, кои се повеќе запознаени со предметот и бараат одредено ниво на експертиза од нивните кандидати за работа. CFTe  развива сеопфатно знаење за техничката анализа и директно влијае на работата на портфолио менаџерите, менаџерите на хеџ фондовите, инвестициските советници, инвестициските аналитичари, раководителите на компаниите за истражување и инвестициски службеници.

Ознаката CFTe  – Сертифициран финансиски техничар е комплетен професионален курс со две нивоа: Ниво I и Ниво II. Ознаката CFTe го означува највисокото образование во рамките на дисциплината и е истакната ознака за практичарите на техничка анализа ширум светот. Техничката анализа обезбедува алатки како успешно да се движите низ јазот помеѓу вистинската вредност и пазарната цена низ сите класи на средства преку дисциплиниран, систематски пристап кон однесувањето на пазарот и законот за понуда и побарувачка.  Поседувањето на CFTe, исто така, покажува длабоко познавање и владеење за инвестицискиот ризик во управувањето со портфолија.

Подготовки за полагање и стекнување на сертификатот CFTe

Здружението на финансиски техничари на југоисточна Европа – СЕЕМТ(South and Eastern Europe Market Technicians) коешто се формираше во Скопје минатата година ви нуди влез во светот на техничката анализа, односно подготовка за полагањето за стекнување на сертификатот CFTe.

Снежана Поповска, претседателка на СЕЕМТ.

„Без разлика дали ова е вашиот прв вовед во техничка анализа, сакате да го освежите вашето постоечко знаење или можеби сте биле разочарани од минатото образовно искуство, нашиот Home study Course за подготовка на CFTe ќе ве нурне во одлична содржина, студии на случај, искуство во индустријата, и длабинско знаење кое тешко ќе се најде на друго место. Курсот иако е базиран на веб-локација, тој може целосно да се преземе и може да се користи онлајн или офлајн од компјутер, Mac, iPad или Android уреди.“, вели Снежана Поповска, претседателка на СЕЕМТ.

Курсот ги опфаќа наставните програми за испитите  CFTe 1 и 2, нуди 15 предметни наставни единици напишани специјално за него од водечки пазарни техничари. Секоја единица вклучува вежби за само-тестирање на напредокот. Дополнително, курсот нуди модул за подготовка за испитот и збир на трудови од  2-от дел на испит, како и додаток кој содржи совети за пишување извештај за техничка анализа.

Здружението СЕЕМТ – South and Eastern Europe Market Technicians,  е непрофитна организација која е посветена на промоција и разбирање на техничката анализа како исклучително важна инвестициска алатка.

Целта на Здружението е да го унапреди проучувањето и практичната примена на техничка анализа и да го поддржи професионалниот развој на нашите членови во регионот преку обезбедување на многу уникатни содржини во добро организирана структура.

Приклучување на глобалната мрежа на технички аналитичари

СЕЕМТ е членка на  Меѓународната федерација на технички аналитичари (IFTA). Меѓународната федерација на технички аналитичари е основана во 1986 година и е глобална организација на здруженија за техничка анализа на финансиските пазари.  

„Со изборот да научите со СЕЕМТ, вие се приклучувате на глобалната мрежа на технички аналитичари и го правите првиот чекор во промената на вашата иднина на подобро.

Нема предуслови за приклучување кон СЕЕМТ. Секој што има интерес за техничка анализа е добредојден да се придружи! Нашето членство е разновидно. Го опфаќа целиот спектар од студенти до пензионирани членови и од професионалци до инвеститори на мало.

Нашата примарна цел е да ја поттикнеме помладата генерација да го разгледа тргувањето како остварлива авенија за вработување и генерирање приход. Нашата иницијатива е насочена кон обезбедување сеопфатна поддршка за поединци во различни фази од нивното трговско патување.  “, објаснува Поповска.

Доколку сакате да дознаете повеќе за СЕЕМТ и да им се придружите, посетете ја нивната  веб-страница: <https://seemt.org/join/>.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?