Connect with us

економија

Здружување на силите: А1 Македонија и Триглав нудат осигурување на домот со А1 Combo

објавено

на

Притоа, месечниот надомест за осигурувањето изнесува само 199 денари и ќе биде вклучен во сметката за користење на услугите од А1.

Сите А1 корисници на А1 Combo пакетот, од денеска можат да го осигураат својот дом со најдобрата понуда за комбинирано осигурување на домот и опремата за електронски комуникациски услуги, обезбедена од Триглав, достапна во салоните на А1 Македонија, соопштија денеска топ менаџерите на двете компании. 

Притоа, месечниот надомест за осигурувањето изнесува само 199 денари и ќе биде вклучен во сметката за користење на услугите од А1.

 “Особено сум горд што сме пионери на пазарот во воведувањето новитети за корисниците со што А1 Македонија прераснува во компанија каде освен дигитални решенија, корисниците имаат можност на едно место да обезбедат сеопфатни услуги за модерно и едноставно секојдневие. Со A1 Combo пакетот, покрај постојана поврзаност, неограничена комуникација и атрактивни телевизиски содржини, за прв пат корисниците можат да добијат услуга за осигурување на својот дом и и тоа по исклучително поволни услови на пазарот.” – изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

“Соработката со А1 Македонија за Триглав Осигурување претставува вистински чекор во правец на реализирање на зацртаните стратешки насоки и можност на клиентите да им понудиме релевантни решенија едноставно и брзо. Триглав Осигурување во континуитет е прв избор на осигурување на нашиот пазар затоа што инвестираме во квалитетот на корисничкото искуство и градиме однос на доверба и партнерство со нашите клиенти и соработници. Развиваме иновативни производи и градиме екосистеми на поврзани, услужно-ориентирани решенија и асистенции. Токму затоа, во нашиот фокус е градењето стратешки партнерства со реномирани компании како А1 Македонија, сѐ со цел на клиентите да им обезбедиме врвна услуга, што одговара на нивните потреби.” – изјави Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Комбинираното осигурување на дом од Триглав овозможува низа поволности за безгрижно живеење. Пакетот обезбедува покритие за станбениот објект и покуќнината, како и за готовина, хартии од вредност, скапоцености, лични исправи, документи и друго. Притоа, штити од пожар, излевање на вода од инсталации и други опасности во домот, од провална кражба и разбојништво, како и одговорност кон трети лица, односно штети предизвикани кај соседите. Ова осигурување обезбедува и асистенција за домот, услуга, која што на клиентите на Триглав им нуди помош и 24-часовна поддршка, кога таа им е најмногу потребна. Асистенцијата е достапна на бесплатниот телефонски број 0800 90 550.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал