Connect with us

регион

Зелената агенда „растури“ на локалните во Хрватска

Европско влијание на Балканот

објавено

на

Големо внимание во македонската јавност привлекоа хрватските локални избори, не само оти и ние сме на неколку месеци  од избор на нова локална власт, туку и поради фактот што хрватското политичко небо има нова ѕвезда –  кандидатот на коалицијата „Можеме“ Томислав Томашевиќ, кој стана градоначалник на главниот град, Загреб.

Изборот на Томашевиќ, кој е левичар и активен борец за животната средина и зелените политики, дава една нова слика за хрватската политика каде се очекува овие теми да бидат клучни во следните политички процеси, не само на локално ниво. Ако се има пак предвид дека на последните европски парламентарни избори, токму „зелените“ направија бум јасно е дека овие процеси во коишто темите поврзани со значењето на животната средина се наметнуваат како дел од клучните политики, полека се наметнуваат и кон Балканот.

Редакција Капитал

Xрватското политичко небо има нова ѕвезда –  кандидатот на коалицијата „Можеме“ Томислав Томашевиќ, кој стана градоначалник на главниот град, Загреб. Томашевиќ, левичар и борец за зелените политики, успеа да извлече голем број на Хрвати од своите домови за време на пандемија и да ја победи апатијата, што во неколку изборни циклуси беше една од главните карактеристики. Нешто повеќе од 47% од избирачите излегоа на гласање, што според аналитичарите покажува дека Загрепчани се решија темелно да го променат режимот на починатиот Милан Бандиќ.

Големо внимание во македонската јавност привлекоа хрватските локални избори, не само оти и ние сме на неполна година од избор на нова локална власт, туку и поради фактот што хрватското политичко небо има нова ѕвезда –  кандидатот на коалицијата „Можеме“ Томислав Томашевиќ, кој стана градоначалник на главниот град, Загреб.

Томашевиќ, левичар и борец за зелените политики, успеа да извлече голем број на Хрвати од своите домови за време на пандемија и да ја победи апатијата, што во неколку изборни циклуси беше една од главните карактеристики. Нешто повеќе од 47% од избирачите излегоа на гласање, што според аналитичарите покажува дека Загрепчани се решија темелно да го променат режимот на починатиот Милан Бандиќ. Тие веруваат дека ова може да го постигне токму Томислав Томашевиќ, кој беше апсолутен фаворит уште од почетокот – поддршката за него беше толку голема што во првите излезни анкети дури имаше двоумење дали воопшто ќе има потреба од втор круг.

Сепак на крајот Томашевиќ освои „само“ високи 45,15% од гласовите, а огромно разочарување доживеа досегашната заменичка на Бандиќ, Јелена Павичиќ Вукичевиќ.

Иако се очекуваше дека таа ќе успее барем да влезе во вториот круг, неа ја претрка „вечниот кандидат“ за разни функции, Мирослав Шкоро од Татковинското движење (12,1% наспроти 11,1%)

По објавувањето на резултатите Шкоро изјави дека успехот на Томашевиќ е „одење кон екстремно лево и тоа ќе биде запрено, со божја помош“, но за успех во вториот круг кој е за само две недели навистина би му била потребна натприродна моќ. Од друга страна Томашевиќ порача „ќе победиме, без да си ја продадеме душата“, што исто така може да биде избрзана порака, како што ценат некои.

За големи и длабоки промени во водењето на градот секако е потребна и целосна поддршка од Градското собрание, но таму платформата “Можеме!“ ќе мора да прави коалиција: тие освоија 40,83% од гласовите, по нив следи ХДЗ со 11,3%, Татковинското движење 10,59%, Партијата на работа и рамноправност, на Бандиќ освои 9,04%, СДП 8,88% и Мост 6,20%.

Слика за другите градови

И во другите градови низ Хрватска имаше изненадувања, но во основа при гласањето пресудни беа желба за поголема транспарентност, незадоволство од непотизам во политиката, корупција… Се чини дека главниот град на Хрватска ќе има можност да покаже дали воопшто може поинаку, што се разбира ќе биде и сигнал за следните парламентарни избори.

И во Сплит се случија промени. Како што пишува „Дојче Веле“ на Сплиќани очигледно им здодеал начинот на кој се раководи со градот, но тие не ја гледаат алтернативата во платформата „Можеме!“ туку во кандидатот на Центар, Ивица Пуљак кој освои 26,82% од гласовите. Но, нему се’ уште му претстои тешка битка со кандидатот на ХДЗ, Вик Мијановиќ кој освои 23,33% од гласовите.

Уште поголем проблем во Сплит ќе има во Градското собрание. Таму на прво место според освоените гласови е ХДЗ (23,27%) што е за 3% повеќе од Центар. Во сплитското собрание со сигурност влегуваат и ХГС на Жељко Керум (11,86%), СДП (9,76%) и Можеме! (9,54%), како и листата на Томислав Мамиќ (6,09%).

Додека и во Сплит на гласачките места излегоа околу 44% од гласачите, во Риека поголемиот дел решија да останат дома. Излезноста во овој град беше речиси 37% и покрај тоа што се избираше наследник на „вечниот“ градоначалник Војко Обреснел. Неговиот заменик и партиски колега од СДП, Марко Филиповиќ освои 30,25% од гласовите, но во вториот круг граѓаните ќе одлучуваат помеѓу него и кандидатот на група избирачи, Давор Штимац кој освои 16,1%.

Ќе биде шарено и во риечкото Градско собрание. СДП има освоено 28,5% од гласовите, ХДЗ 16,3%, ПГС 8,62%, Можеме! успеа да добие 7,64%, и последна е Акција на младите со 5,58%.

Исто како што во „Црвената Риека“ традиционално се води натпревар меѓу левото политичко крило, така во Осиек се води борба помеѓу кандидатите на десницата. Како и што се очекуваше Иван Радиќ од ХДЗ освои 38,69% од гласовите, но тој во вториот круг ќе мора да се натпреварува со бизнисменот и заеднички кандидат на Татковското движење и Мост, Бериша Млинаревиќ кој освои 19,63%.

Радиќ е уверен дека граѓаните во вториот круг ќе го изберат за градоначалник, исто како што и Иван Анушиќ е уверливо избран за жупан на таа жупанија веќе во првиот круг. Од друга страна Млинаревиќ очекува дека „ќе се победи злото кое му се случи на Осијек“ и празните ветувања кои ХДЗ со години му ги дава на овој пропаднат град.

И во другите градови низ Хрватска имаше изненадувања, но во основа при гласањето пресудни беа желба за поголема транспарентност, незадоволство од непотизам во политиката, корупција… Пред се’ се чини дека главниот град на Хрватска ќе има можност да покаже дали воопшто може поинаку, што се разбира ќе биде и сигнал за следните парламентарни избори.

Она што е интересно е што низ Европа во последните години се чувствува зелениот политички бран. На европските избори во Германија во 2019 според процентот на освоени гласови на прво место излезе Партијата на Зелените, со што на победи Демохристијанската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел ставајќи ја на втората позиција.

И на самите европски парламентарни избори голем подем остварија зелените и либералите со што се промени сликата за составот на Европскиот парламент. ЕПП и СД имаат вкупно 78 пратеници помалку во новиот состав на парламентот.

Зелените, остварија одлични резултати не само во Германија, туку и во Франција, Шведска и Финска, имаат 70 пратеници, дури 20 повеќе од претходно, додека Либералите освоија 101 место, што е исто огромен успех и зборува за типот на политики што се и допрва ќе стануваат актуелни на европско тло. Со резултатите од Хрватска се виде дека овој тренд дефинитивно се проширува и на Балканот.

Кој е Томислав Томашевиќ, новиот градоначалник на Загреб?

За разлика од романсираните биографии на политичарите коишто кариерите ги остварија во државни канцеларии и партиски хиерархии, Томашевиќ својата кариера ја градеше на улица, воден од идејата за подобро општество за сите.

Томашевиќ е млад политичар, попознат на пошироката јавност по неговиот активизам во областа на екологијата, отколку по неговиот политички ангажман.

Роден е на 13 јануари 1982 година во Загреб. Раното детство го поминал во областа Запруше во Нов Загреб, а потоа се преселил во Запрешиќ со неговата мајка Иванка, таткото Смилјан и братот Тихомир. Во основно училиште го добил прекарот Сенф, како што многумина го нарекуваат и денес. Кога имал 20 години, се вратил во Загреб. Живеел во Трње, во Доњи град и во Трешњевка.

Одел во гимназија во Загреб, а во 2000 година се запишал на Правниот факултет. Во третата година го напуштил Правниот факултет, па во 2006 година се запишал на Факултетот за политички науки, каде што ги завршил студиите по политички науки. Магистрирал во 2013 година на престижниот британски универзитет Кембриџ како корисник на стипендија,  на тема од областа на животната средина, општеството и развојот. Три години подоцна, тој се оженил со наставничката по јога Ива Мертиќ, со која и денес е во брак.

Како тинејџер се заинтересирал за активизам во животната средина и се приклучил на Здружението за зелена акција Подоцна тој ќе стане нејзин претседател (од 2006 до 2011 година). Тој се вклучил во голем број горливи проблеми во Загреб: од борбата против исклучувањето на фабриките во Каменско и изградбата на согорувач на отпад во Ресник,  до помагањето на жителите на улицата Купска по уривањето и спротивставување на приватизацијата на загрепската „Чистоќа“. Кулминација на активизмот на Томашевиќ беше борбата да се задржи улицата Варшавска во центарот на Загреб како пешачка зона, како и против фаворизираниот инвеститор Томислав Хорватинчиќ, што, се разбира, го протежираше Милан Бандиќ, пренесува Индекс.хр

Томашевиќ и група активисти беа меѓу првите кои се осмелија да му се спротивстават на Ивица Тодориќ, некогаш недопирливиот сопственик на концернот „Агрокор“. Едно утро во 2009 година, Томашевиќ и неговиот тим се појавија пред замокот Кулмерови двори и побараа да изнајмат соба. Имено, државата и градот Загреб му овозможија на Тодориќ да го реновира и да живее со своето семејство во тој историски објект, кој беше официјално регистриран како хотел. Се разбира, Томашевиќ не успеа да добие соба во дворецот, но со други активисти, како што е блискиот соработник на Теодор  Целакоски, тој укажа на привилегираната позиција на Тодориќ кога малкумина во Хрватска се осмелија да го сторат тоа.

Во 2017 година, Томашевиќ одлучи да се кандидира за градоначалник на Загреб на локалните избори. Тој ја предводеше коалицијата „Загреб е наш“ и освои четири места во градското собрание на Загреб. Томашевиќ беше меѓу избраните советници од коалицијата и беше гласен критичар на тогашниот градоначалник Милан Бандиќ.

Во февруари 2021 година, Томашевиќ ја објави својата кандидатура за градоначалник на Загреб на локалните избори. На парламентарните избори во 2020 година, тој беше избран за член на хрватскиот парламент на чело на коалицијата Зелена левица. Неговиот парламентарен мандат започнува на 22 јули. До крајот на јули, тој се приклучи на четири парламентарни комисии.

После изборите тој порача:

„Граѓаните на Загреб рекоа да се сменат, дека како град можеме, можеме да бидеме позелени, поправедни, потранспарентни, подобри“, рече Томашевиќ, кој освои убедливо најмногу гласови на изборите за градоначалник на Загреб и влегува во втор круг.

Тој истакна дека коалицијата направила чекор и половина од „ослободувањето на градот од корумпираниот октопод“ и посочи дека „потребен е само половина чекор за промена на моделот на управување со овој град“.

„Имаме голема предност во однос на противникот во второто коло, но нема релаксација. „Ни претстојат уште две недели борба и повторно ќе дадеме се од себе“, истакна Томашевиќ и ги повика граѓаните на Загреб за две недели да одат на вториот круг од изборите, пренесува Бета.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil