Connect with us

македонија

Зелена иднина за секое дете

СОС Детско село – ДОНАЦИИ за одржлив приход

објавено

на

Д-р Игор Тулевски е врвен македонски кардиолог којшто преку 30 години живее и работи во Холандија. Покрај неговата хумана професионална определба, д-р Тулевски повеќе години е редовен донатор на СОС Детско село. Неговата донација од фотоволтаични панели за потребите на СОС Детско село во Скопје е пример за одржлива инвестиција и ќе донесе троен ефект: заштита на животната околина, креирање одржлив приход и поддршка на ранливата група деца и млади.

-Колку долго сте донатор и зошто се решивте да донирате?

Др. Игор Тулевски
„Јас сум благодарен за честа да бидам донатор на СОС Детско село и се надевам дека во иднина ќе има нови идеи кои ќе ја поддржат нивната работа и ќе помогнат да се одржува оваа кауза.“

Тулевски: Би сакал да истакнам дека чувството  / потребата да чинам добро дело е тесно врзана со мојата хумана професија и со областа каде работам – медицината, каде што секоја моја активност резултира со некој вид на помош или решавање на проблем. Така што спонтано со тек на време, ми се наметна потребата да покрај секојдневната помош што ја пружам на моите пациенти да почнам да помагам и на друг начин  – преку донирање и хуманитарни активности што ќе резултирааат во предизвикување на одредена промена – to make a difference.

Како кардиолог имав често барања за донации и секој пат давав одредени суми на повеќе различни места но со тој пристап немав чувство дека правам конкретен импакт, односно дека оставам печат на одредена организација.

Токму поради оваа причина, решив сите мои напори и делувања на ова поле да бидат насочени на едно место – односно да донирам за една кауза, бидејќи сметам дека ако донирам на повеќе места ќе се постигне помал ефект или импакт. Воедно би сакал да истакнам дека ми е важно да сум поврзан со каузата за која донирам и дека тоа дополнително ме исполнува и додава вредност на моите донаторски активности.

Холандија е Ваша втора татковина. Зошто сепак се решивте да донирате во Македонија?

Тулевски: Јас живеам и работам повеќе од 30 години во Холандија и често пати сум бил на настани или сум добивал барања за собирање и донирање средства од различни институции во Холандија, но јас донесов одлука дека ќе донирам за една фокусирана цел и тоа во Македонија. Македонија е моја татковина и сметам дека најмногу ми дала во почетокот на мојот развој за да можам да го продолжам мојот професионален развој во Холандија.

Зошто СОС Детско село?

Тулевски: Секое општество може да се оцени по тоа како ги чува луѓето а посебно децата кои имаат предивици за обичен и нормален живот. Во Македонија децата без родителска грижа имаат потреба за поддршка која е многу важна за сите нас бидејќи нашите деца се нашата иднина. Во одреден период добив можност за посета на СОС Детско село во Скопје и се стекнав со многу позитивен впечаток каде што децата  имаат можност да ги уживаат придобивките на живот во семејна средина. Генерално многу позитивен впечаток што ми ја потврди и зацврсти мојата одлука за идно донирање во СОС Детско село и да оставам печат во животот и иднината на овие деца. 

Вашата најнова донација во СОС Детско село е со повеќекратен импакт. Може ли да ни споделите повеќе информации?

Тулевски: Со тек на годините на моето донирање, ми се наметна сознанието дека донирањето на одреден износ средства претставува еден момент во времето, односно дека нема димензија на  одржливост. Токму поради тоа дојдов на идеја и предложив на раководството на СОС Детско село да реализираме концепт за донации кои ќе генерираат нови приходи  (одржлив приход) кои би се инвестирале во иднината на овие деца. По разгледување на повеќе можни проекти заеднички дојдовме до концепт на креаирање заштеди кои би имале импакт во две области – поддршка на децата без родителска грижа и импакт на заштита на животната околина. Поточно зборуваме за инвестиција во фотоволтаички панели кои би се инсталирале на објектите за згрижување на деца и млади и на тој начин ќе креираме чиста енергија преку обновливи извори, при што би се креирале заштеди во трошоците за загревање / струја  и тие средства понатаму би се користеле за поддршка на децата и младите.  

На овој начин сметам дека на децата им се помага со генерирањеа на постојан приход а воедно и ја штедиме природата и допринесуваме за чиста иднина.

Силвија Брајовиќ, СОС Детско село
„Наша е привилегијата што др.Игор Тулевски ја препозна важноста на нашата работа и длабоко верува и е поврзан со нашата кауза. Покрај неговата долгогодишна поддршка благодарни  сме што тој делува како амбасадор со цел да се зголеми нашата донаторска мрежа  и тоа го прави на еден континуиран одржлив начин.“

СОС Детско село е организација која дава поддршка на згрижувачки семејства и деца без родители. Како се случи поврзување на вашата работа со грижата за животната средина?

Брајовиќ: Како дел од интернационална организација ние ги следиме сите актуелни трендови во општественото живеење и делување на глобално ниво. Она што е карактеристично за последните години е брзиот раст и зголемениот фокус на климатските промени  и животната средина. Овие области стануваат неизоставен дел од делувањето на секој чинител во едно општество, без разлика дали е компанија или организација или индивидуалец.

Во контекст на улогата на невладините организации во едно општество тука би сакала да се надоврзам дека нивното делување за јавна добробит  неизоставно треба го вклучува овој сегемент,  и граѓанските организации можат и треба да бидат позитивен пример во областа на зачувување на животната средина без разлика во која област од општествено добро делуваат.

Невладините организации се повеќе мора да ги истакнуваат своите зелени политики – да покажат на јавноста, на партнерите и на донаторите како тие ја играат својата улога во заштитата на планетата. Кога дојде предлогот на Др. Игор Тулевски за донација во областа на животната средина што како ефект има поддршка на нашата кауза веднаш го препознавме како нов иновативен пристап кој има импакт на повеќе полиња. TRIPLE WIN, заштита на животната околина, креирање одржлив приход и поддршка на ранливата група деца и млади.

Кои се вашите идни планови за интегрирање на стратегија за Зачувување на животната средина (Environmental sustainability)  во вашите активности?

Брајовиќ: Според многу анализи децата и младите се диспропорционално погодени од климатската криза и тие  немаат споредливи финансиски средства, социјални услуги и други ресурси за да се справат со ефектите од климатската криза.

Имплементацијата на еколошката одржливост и климатските активности во нашето делување се издига на суштинско ниво. Иницијално она што може релативно брзо да го реализираме е да спроведеме активности со цел  декарбонизација и минимизирање на штетните влијанија врз животната средина. На пример  – да склучуваме партнерства со добавувачи кои веќе интергрирале стандарди за заштита на животната средина во своето работење и секако фокус на минимизирање на отпадот и негово рециклирање.

Добар пример за ова е проектот  со Др. Игор Тулевски и инсталација на фотоволтаици што води кон намалување на емисиите на штетните супстанции за околината.

Ова се почетни пионерски чекори на нашата организација кои ќе најдат високо место во нашите идни стратегии и треба да претставуваат дел од нашата “лиценца за работа”.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години