Connect with us

економија

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

Македонските банки сѐ повеќе финансираат проекти со еколошка компонента

објавено

на

Според податоците на Народната банка, на крајот од 2023 година, банкарските побарувања врз основа на зелени кредити изнесуваат 19, 9 милијарди  денари или околу 325 милиони евра. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7,17 милијарди денари. Сепак, учеството на зелените кредити во вкупните кредити е сѐ уште на ниско ниво, од 4,5%.

Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за четвртиот квартал од 2023 година, каде што се забележува раст на квартално ниво од 5%, додека на годишна основа од 29,1%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога почнале да се прибираат податоците, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Станува збор за заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развивање нова еколошка технологија.

Според податоците на Народната банка, на крајот од 2023 година, банкарските побарувања врз основа на зелени кредити изнесуваат 19, 9 милијарди  денари или околу 325 милиони евра. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7, 17 милијарди денари. Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите земени од фирмите, додека најмногу зелени кредити давале големите банки. 

Расте и уделот на зелените во вкупните кредити, иако сѐ уште е на ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со 2023 година, учеството на зелените во вкупните кредити е зголемено од 2,2% на 4,5%.

Преглед на зелени показатели

Извор: НБРСМ

Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, централната банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки. Народната банка изработи Среднорочен план на активностите во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 − 2025 година, а неодамна заради подобрување на расположливоста на податоците за климатските промени објави и Преглед на зелените показатели коишто ќе помогнат во анализите за понатамошно носење политики.

„Прегледот содржи податоци и показатели коишто се групирани во три целини, и тоа: показатели за животната средина и енергетика, показатели за климатските ризици и показатели за зелените финансии. Изворот на податоците се различни институции и со овој преглед се прави обид да се соберат релевантните податоци од различни извори на едно место. Податоците и показателите од Прегледот имаат за цел да послужат како основа за подготовка на анализите поврзани со климатските промени, да придонесат за полесно следење на одржливоста на финансискиот систем и економијата и да помогнат во следењето на трендовите на „зелените“ пазари на капитал. Заедно со Прегледот, е објавен и Методолошки водич со појаснувања и дефиниции на показателите заради полесно разбирање и нивна правилна употреба.“, објаснуваат од Народната банка.

Достапноста на податоците ќе овозможи поблиско следење на климатските ризици и проширување на познавањата за нив. Во изработката на Прегледот особено беа корисни контактите на Народната банка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ со своите искуства на оваа тема.

Се гради и зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови.

Остварлива ли е Зелената агенда на ЕУ?

Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите земени од фирмите, додека најмногу зелени кредити давале големите банки. 

Инаку, кога сме кај остварување на зелените агенди, Европа ќе треба да инвестира 800 милијарди евра до 2030 година само во својата енергетска инфраструктура за да ги исполни климатските цели и да ја одржи својата индустрија конкурентна, се вели во новиот извештај објавен од Financial Times.

Тркалезната маса за европска индустрија, влијателна лоби група во Брисел, во извештајот вели дека целите на ЕУ за намалување и постигнување на нето нула емисии на CO₂ до 2050 година ќе бараат огромни инвестиции во електрични мрежи, складирање енергија и капацитети за зафаќање на јаглерод. Тие заклучија дека ќе бидат потребни околу 800 милијарди евра инвестиции за да се постигнат климатските цели поставени до 2030 година, додека вкупно ќе бидат потребни околу 2,5 илјади милијарди евра за ЕУ ​​да ја заврши зелената транзиција до 2050 година.

„Сè уште нема поттик за привлекување на толку потребните приватни инвестиции, затоа креаторите на политиката треба итно да го решат ова“, вели Димитри Папалексопулос, претседател на Комитетот на ЕРТ за енергетска транзиција и климатски промени.

Помеѓу 2010 и 2018 година, вкупните инвестиции во електроенергетските мрежи во земјите на ЕУ достигнале околу 32 милијарди евра. Доколку финансирањето продолжи со таа стапка до 2050 година, ќе има јаз од 60 проценти во однос на потребното, додаде Папалексопулос.

Големите инвестиции не може да се реализираат само од приватниот сектор

Ќе бидат потребни околу 800 милијарди евра инвестиции за да се постигнат климатските цели поставени до 2030 година, додека вкупно ќе бидат потребни околу 2,5 илјади милијарди евра за ЕУ ​​да ја заврши зелената транзиција до 2050 година, покажува најновиот извештај што го цитираше Financial Times.

Но, водечките индустриски тела изјавија за FT дека таквите големи инвестиции не можат да се одржат само од приватниот сектор, без владина поддршка.

„Бизнисите во ЕУ се уште се борат со последиците од најтешката економска криза од 2008 година наваму, поттикната од нестабилната побарувачка по пандемијата, бирократијата и енергетската криза предизвикана од руската агресија врз Украина, која ги поттикна цените на енергијата на рекордно високи нивоа“, вели  Марко Менсинк, директор на европското тело на хемиската индустрија Cefic.

„Не сакаме декарбонизација преку деиндустријализација, тоа е клучната точка“,  рече Менсинк, кој истакна дека европските индустриски капацитети се користат на „историски ниски нивоа“.

Но, државните благајни се исто така под притисок поради конкурентските приоритети за трошење, вклучително и одбраната и заживувањето на индустријата за оружје против безбедносните закани од Русија.

Самите институции на ЕУ процениле дека на блокот му се потребни стотици милијарди дополнителни инвестиции за исполнување на зелената агенда, од кои најголемиот дел треба да биде приватен капитал.

Во февруари, речиси 1.000 индустриски тела и компании на ЕУ потпишаа декларација во која се нагласува „итната потреба за јасност, предвидливост и доверба во Европа и нејзината индустриска политика“.

Исто така, се повикува Фондот на ЕУ за закрепнување по пандемијата од 800 милијарди евра да почне да работи за финансирање на енергетската инфраструктура, вклучително и зафаќање и складирање на јаглерод.

Кристијан Руби, генерален секретар на европското трговско тело на производители на електрична енергија Eurelectric, рече дека новите безбедносни предизвици со кои се соочи Европа, исто така, влијаат на набавката на материјали потребни за зелената транзиција. За некои компании кои сакаат да се електрифицираат, според Менсинк, мрежните оператори предупредија дека ќе бидат потребни 12 години за да се набави потребната количина бакарни жици. Сето тоа значи дека веќе доцниме и прашање е дали ќе може сите тие евра да се префрлат во дадените години за навистина да се реализира зелената транзиција.

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%