Connect with us

свет

Зеленски ги изнесе условите за мир, Москва одговори дека Украина не сака да преговара

објавено

на

Зеленски  ја отфрли можноста за трет „Мински договор“, алудирајќи на два неуспешни договори за прекин на огнот меѓу Киев и Москва и за статусот на регионот Донбас.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео врска им порача на светските лидери собрани на самитот на Г-20 во Индонезија дека сега е време да се запре руската војна во неговата земја, според неговиот предложен мировен план.

„Убеден сум дека сега е моментот кога уништувачката војна на Русија мора и може да се запре“, рече Зеленски.

„Постои украинска формула за мир. Мир за Украина, Европа и светот. И има голем број решенија кои можат да се спроведат за навистина да се гарантира мирот.

Со учеството на самитот изнесов предлози за вакви одлуки – конкретни и искрени. Украина им нуди на водечките земји во светот да бидат ко-креатори на мирот со нас.

Значи, условите на Украина за мир се следниве:

1. Нуклеарна безбедност

2. Обезбедување на храна

3. Енергетска сигурност

4. Ослободување и враќање на затворениците и депортираните

5. Имплементација на Повелбата на ОН и враќање на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок

6. Повлекување на руските војници и прекин на борбите“, објави Зеленски на својот Фејсбук профил по неговиот говор.

Зеленски  ја отфрли можноста за трет „Мински договор“, алудирајќи на два неуспешни договори за прекин на огнот меѓу Киев и Москва и за статусот на регионот Донбас.

„Нема да дозволиме Русија да чека, да ги зајакне своите сили и потоа да започне нова серија на терор и глобална дестабилизација. Нема да има Минск 3 што Русија веднаш би го прекршила“, рече Зеленски.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков веднаш искоментира  дека изјавата на украинскиот претседател дека нема да има договор Минск 3 за запирање на борбите во Украина покажува дека Киев не е заинтересиран за мировни преговори со Москва, пренесе РИА Новости.

На прашањето дали оваа изјава на Зеленски потврдува дека Киев не е подготвен да преговара со Русија, Песков одговори: „Апсолутно“.

Германија и Франција посредуваа за два договори од Минск, потпишани во 2014 и 2015 година, за прекин на огнот во источна Украина меѓу Киев и проруските сепаратисти. Двете страни меѓусебно се обвинија за прекршување на тие договори.

Г20 ќе ја осуди војната во Украина, иако постојат и „различни гледишта“

Инаку, според документот од соопштението што Associated Press го доби на увид,  Г-20 ќе го осуди економското влијание на конфликтот во Украина и ќе повика на продолжување на договорот со Русија кој истекува во сабота, а којшто допушта извоз на украинско жито.

„Оваа година бевме сведоци и на тоа како војната во Украина имаше дополнително негативно влијание врз глобалната економија“, е една од речениците од соопштението за печатот, додека втората гласи: „мнозинството земји-членки најостро ја осудија војната во Украина“.  Тие истакнуваат дека војната „предизвикува огромно човечко страдање и ги влошува постоечките слабости во глобалната економија“. Во нацртот се забележува дека постојат „различни гледишта“ и дека „Г-20 не е форум за решавање на безбедносни прашања“, но се забележува дека безбедносните прашања може „да имаат значителни последици за глобалната економија“.

Документот, кој сè уште треба да биде одобрен од лидерите на Г-20 пред официјално да биде објавен на затворањето на самитот утре, предупредува дека „денешното  не смее да биде доба на војна“. Употребата или заканата од нуклеарно оружје се нарекува „недозволиво“.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал