Connect with us

свет

Златото на највисоки нивоа, јуанот го престигна еврото и стана втора главна трговска валута

Берзански стоки

објавено

на

Војната на Блискиот Исток ќе ги задржи цените на суровата нафта над 90 долари/барел. Цената на нафтата ќе биде клучна за борбата на централните банки против инфлацијата во наредните месеци.

Берзанските стоки реагираат на мешаните сигнали од околината во пресрет на многу значајна недела за пазарите на капитал и суровини. Во прашање се податоци поврзани со макроекономијата, но и со работењето на клучните големи компании. Затоа, не е изненадување што повеќето пазари оваа недела ќе се фокусираат на одлуката на ЕЦБ за понатамошната политика, проследена со податоците за БДП на САД, трендовите на инфлацијата и, конечно, извештаите за заработката од третиот квартал од компаниите.

Геополитичките тензии на Блискиот Исток, за жал, се во пораст, со зголемената вклученост на Кина, Иран, Египет, Либан и САД во конфликтот меѓу Израел и Хамас. Во моментов се зголемуваат ризиците израелско-палестинската војна да се прошири во порегионална војна. Овие случувања се очекува да ги задржат цените на суровата нафта над 90 долари/барел и да обезбедат поддршка на стоките, и генерално пазарите што се во корелацијасо суровата нафта воопшто.

Од друга страна, во Бразил се очекуваат неделава многу потребните дождови, што треба да ја подобри влажноста на почвата и да ги зголеми производствените изгледи додека влегуваат во клучниот период на садење соја, што ќе донесе олеснување за пазарот на земјоделски производи.

Континуиран раст на златото и нафтата

Златото и нафтата, термометрите на финансиската криза и војната на Блискиот Исток, продолжуваат да растат. Гледајќи ја само техничката анализа, двата производи сѐ уште укажуваат на можност за понатамошен раст на цените. Златото достигнува највисоко ниво на сите времиња во однос на неколку фиат валути, а централните банки акумулираат рекордни количини злато, па златните резерви на централните банки се најголеми уште  од  времето на Бретон Вудс.

Враќањето на „златниот стандард“, решението што многумина го посакуваат, можеби е добро, но кој го плаќа чудовишниот долг создаден во фиат валутите? На почетокот на новата недела, златото падна на околу 1.970 долари/t.oz, повлекувајќи се од највисоките пет месеци постигнати минатата недела.

Кинескиот БДП расте, а германскиот паѓа

Кинеската економија порасна побрзо од очекуваното во третиот квартал, додека потрошувачката и индустриската активност позитивно изненадија во септември. Неодамнешните политички мерки помагаат да се поддржи срамежливото закрепнување. Во К-3 БДП забележа годишен раст од 4,9 отсто наспроти очекувањата од 4,4 отсто. Индустриското производство забележа тренд на раст од 4,5 отсто, додека продажбата на мало бележи цикличен раст од 5,5 отсто, и двете над очекувањата.

Германија, од друга страна, најверојатно ќе влезе во втора рецесија во 2023 година, со пад на БДП за 0,2 отсто во третиот квартал и дополнителен пад од 0,1 отсто што се очекува до крајот на годината. Тоа се должи на слабеењето на состојбите во индустријата, забавувањето на извозната побарувачка и енергетската криза. Економијата би можела да се намали за 0,4 отсто во 2023 година и да закрепне само 0,5 отсто во 2024 година.

Клаудио Борио, раководител на монетарниот и економскиот оддел на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), рече дека на долг рок „траекториите на јавниот долг претставуваат најголема закана за макроекономската и финансиската стабилност“. БИС е централна банка на централните банки.

Стручњаците предупредуваат дека САД мора да ги контролираат трошоците за да го задржат доларот како светска резервна валута. Од 2008 година, САД повеќе не ја контролираат јавната потрошувачка. За само 15 години националниот долг порасна од 4 на 33 трилиони долари. Сепак, се чини дека најголемиот губитник во сите овие глобални превирања и геополитички шах во последните две-три години е Европа и еврото. Според извештајот, најчесто користени валути во меѓународната трговија преку системот SWIFT се американскиот долар (84,15 отсто), потоа кинескиот јуан (5,8 отсто) и дури потоа еврото (5,43 отсто). Ова е првпат јуанот да го надмине еврото и да стане втората главна трговска валута. Се повеќе земји се обидуваат да ја регулираат трговијата во локална валута.

И покрај неодамнешниот пад, цените на природниот гас во Европа сè уште се зголемени за околу 30 отсто од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, поради загриженоста за неговата можна ескалација и потенцијалното иранско учество.

Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред

Очекувано, цената на нафтата на светските берзи порасна минатата недела, втора недела по ред. Цената на нафтата брент порасна за 1,4 отсто, додека нафтата WTI поскапе за 1,2 отсто. Во текот на неделата, цените варираат во зависност од вестите за ситуацијата на Блискиот Исток. Кога веста укажа на ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, цената на нафтата порасна.

Извозот на сурова нафта на Саудиска Арабија падна на најниско ниво во последните 28 месеци во август, бидејќи најголемиот светски извозник на сурова нафта продолжи да го намалува производството за да го „стабилизира“ пазарот. Од друга страна, на цената на нафтата негативно влијаеше најавата дека САД ќе ги ублажат санкциите кон Венецуела и ќе овозможат враќање на нејзината нафта на светските пазари. Вашингтон издаде шестмесечна лиценца за трансакции со венецуелскиот енергетски сектор откако владата во Каракас и опозицијата се договорија за избори во 2024 година. Но, се верува дека на Венецуела ќе ѝ треба време да го зголеми производството, поради слабите инвестиции во овој сектор во последните години.

На почетокот на новата недела цената на нафтата од типот Брент е нешто под 92 долари/барел. Минатата година, САД продадоа повеќе од 40 отсто од своите стратешки резерви на нафта за да го запрат растот на цените на горивото, оставајќи ги залихите на најниско ниво од раните 1980-ти. Цената на нафтата ќе биде клучна за борбата на централните банки против инфлацијата во наредните месеци.

Цената на гасот падна, но сепак висока

Фјучерс цените на европскиот природен гас TTF паднаа за повеќе од 4 отсто до 49 евра/MWh на почетокот на новата недела поради благите временски прогнози и високите залихи на гас. Се очекува времето во Европа да остане благо до почетокот на ноември, а побарувачката за гас е помала од вообичаеното.

Понатаму, магацините во Германија, Франција и Италија се полни околу 98 отсто. Без разлика, ЕУ ја разгледува можноста за продолжување на плафонот на цената на гасот со цел да се избегне зимската енергетска криза и да се намали потенцијалниот негативен ефект од движењата на цените на енергијата врз европската економија.

Италијанската компанија Eni SpA потпиша 27-годишен договор за купување на ЛНГ од проектот со седиште во Катар. Ова следи по сличен договор склучен од Shell Plc за испораки на LNG во Холандија.

И покрај неодамнешниот пад, цените на природниот гас во Европа сè уште се зголемени за околу 30 отсто од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, поради загриженоста за неговата можна ескалација и потенцијалното иранско учество. Според новите податоци на ОПЕК, Иран има втори по големина докажани резерви на гас (зад Русија и пред Катар) и трет по големина докажани резерви на нафта во светот. Вкупниот износ на резерви на гас во светот во 2022 година е зголемен за 2,4 отсто во однос на претходната година.

Минатата недела, Европскиот парламент усвои резолуција за европската протеинска стратегија на пленарната седница во Стразбур. Само 29 отсто од високопротеинските суровини потребни за балансирање на исхраната на животните во ЕУ доаѓаат од земјите-членки, што ја прави Европа многу зависна од увозот на високопротеински растителни производи од трети земји. Парламентот повикува на поголема диверзификација на синџирите за снабдување со храна и добиточна храна и зголемување на производството во ЕУ со тоа што ќе дозволи да се одгледуваат прехранбени култури богати со протеини на земјиште кое е одвоено.

економија1 ден ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија1 недела ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%