Connect with us

коментари

Значењето на животната средина во ESG

Со АмЧам на тема…

објавено

на

Со зголемување на предизвиците поврзани со животната средина, се актуелизира и потребата за преземање на конкретни активности од сите општествени чинители. Оттука, ако факторите поврзани со климатските промени и управувањето со природните ресурси некогаш се сметаа за тривијални аспекти во корпоративното управување, денес, овие фактори имаат важна улога во процесите на донесување одлуки од страна на компаниите.

Автор на текстот е АмЧам Комитетот за ESG

ESG (Environmental, Social and Governance) известувањето претставува рамка за мерење на компонентата на одржливост, односно овозможува да се согледа како една компанија управува со своите активности поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето.

Овој нов и унапреден концепт, покрај прогресивноста што ја обезбедува во корпоративното управување, истовремено претставува и значаен предизвик којшто сериозно ја наметнува потребата од соодветно антиципирање на сите аспекти при негова имплементација. Оттука, и самиот пристап за претставување на ESG концептот мора да е внимателен и сеопфатен.

Во таа насока, неопходно е да се разграничи значењето и целта на секој од трите фундаменти врз основа на коишто се базира ESG, почнувајќи од првата буква од акронимот која што се однесува на Environmental, односно животната средина.

Делот за Environmental ја претставува стратегиската заложба на компанијата за зачувување на животната средина, односно за заштита на природата, намалување на негативните влијанија од климатските промени и одржливо користење на природните ресурси. Сепак, важно е да се потенцира дека иако активностите поврзани со животната средина имаат најголема практична примена, подеднакво важни се и општествените прашања (Social) и управувањето (Governance). Впрочем, ESG концептот е добар пример дека одржливоста опфаќа многу повеќе од само еколошките прашања.

Зошто прашањата поврзани со животната средина се дел од ESG?

Факторите поврзани со климатските промени и управување со природните ресурси имаат силно влијание врз моделирањето на општеството во коешто живееме денес бидејќи преку нив се обезбедува одржлив развој и иден просперитет. Состојбата на животната средина е тесно поврзана и со човековото здравје и благосостојба затоа што топлотните бранови, поплавите, деградацијата на плодното земјиште и губењето на биолошката разновидност се закани коишто веќе го доведуваат во прашање обезбедувањето на основните потреби, како чист воздух, вода, и храна. Дополнително, климатските ризици се закануваат да ја продлабочат нееднаквоста помеѓу социјалните класи, а со тоа и да го намалат економскиот глобален раст.

Со зголемување на предизвиците поврзани со животната средина, се актуелизира и потребата за преземање на конкретни активности од сите општествени чинители. Оттука, ако факторите поврзани со климатските промени и управувањето со природните ресурси некогаш се сметаа за тривијални аспекти во корпоративното управување, денес, овие фактори имаат важна улога во процесите на донесување одлуки од страна на компаниите.

Грижата за животната средина создава вредност за компаниите

Како резултат на актуелизирање на прашањата поврзани со животната средина, компаниите се соочуваат со предизвикот да мора да се прилагодуваат на новите барања што ги наметнуваат пазарите за редизајнирање на бизнис моделите. Градење на корпоративен имиџ на брендот заснован на воспоставување практики што овозможуваат грижа за животната средина се валоризира и препознава од сите засегнати страни.

Потрошувачите покажуваат силна тенденција да ја алоцираат својата куповна моќ кон еколошки одговорни компании. Овие компании имаат подобар пристап до капитал како резултат на поголемиот интерес од инвеститорите. Имајќи предвид дека зачувувањето на животната средина станува врвен приоритет во политичката агенда, креаторите на јавни политики се поотворени за соработка со компании коишто ги споделуваат овие вредности. Дополнително, во услови на континуирани и брзи промени на пазарот на трудот, овие компании имаат статус на посакуван работодавач затоа што имаат развиено корпоративна култура којашто се совпаѓа со вредностите на вработените.

Како и кои активности поврзани со животната средина се мерат?

Процесот за мерење на влијанието на корпоративните активности врз животната средина се состои од три фази. Се започнува со идентификување на активностите коишто имаат потенцијално дејство врз животната средина. Потоа, се дефинираат клучните индикатори и периодот на известување, и, како трета, финална фаза, е јасно делегирање на одговорностите на сите надлежни организациски единици.

Индикаторите коишто се однесуваат на животната средина, иако во голема мера зависат и од видот на индустријата, можат да се групираат во неколку категории:

Дел од индикаторите што се мерат во рамки на овие категории се количество потрошена електрична енергија, количина на користена/произведена електрична енергија од обновливи извори, количество на потрошена вода, количина на потрошена и рециклирана хартија, емисија на честитки во воздухот, емисија на стакленички гасови при службени патувања, количина на создаден отпад, стапка на рециклиран отпад, вкупна површина на користено земјиште, итн.

Преку овие индикатори се прикажуваат ефектите и влијанието на активностите на една компанијата врз животната средина, како од аспект на нејзините директни операции, така и низ синџирот на снабдување.

МН: Предизвици при имплементирање на ESG

Како и секој процес на следење на податоци и изготвување на извештај, така и овој, е комплексен и бара алокација на ресурси. Недоволно познавање на темата, вклучувајќи ја и ниската свесност за важноста и бенефитите на овој концепт е уште еден предизвик којшто заслужува особено внимание со цел да се креираат услови за негова имплементација. Компаниите сѐ уште не препознаваат дека доколку не ги интегрираат ESG практиките во своето работење нема да бидат во можност да соработуваат со други компании и корпорации, ќе се соочат со регулаторни ограничувања и санкции, но и со предизвици за зачувување на својот корпоративен имиџ. Процесот на имплементација на ESG концептот, дополнително го усложнува и тоа што сѐ уште не постојат општоприфатени и унифицирани правила за ESG известувањата во светски рамки, односно сѐ уште не е дефинирана сеопфатна и функционална рамка.

Овие предизвици може да се надминат преку конструктивно партнерство помеѓу креаторите на јавни политики и сите засегнати страни. Единствено на тој начин може да се обезбедат правилни стратешки насоки и стимулации, а потребите да се преточат во ефективни и практични решенија.

Корпоративни практики за подобрување на резултатите од активностите поврзани со животната средина

Дигитализација на процесите и користење на дигитални услуги, поставување на сончеви колектори, реконструкција на објекти заради обезбедување висока енергетска ефикасност се дел од практичните примери коишто се спроведуваат од страна на компаниите во насока на намалување на потрошувачката на електрична енергија. За намалување на емисиите на стакленички гасови сѐ повеќе компании се одлучуваат за набавка на електрични возила, како и организирање на акции за пошумување. Во насока на остварување на целите за одговорно користење на водата, се воспоставуваат системи за автоматска контрола на потрошувачката. Се спроведуваат иницијативи за намалување на електронскиот отпад, како и за реупотреба на стари електронски уреди. Се реализираат и активности за поддршка на бизнис идеи и концепти за справување со климатските промени преку организирање на работилници, менторство, но и финансиски средства за нивна реализација.

Ова се само мал дел на позитивни примери што ги спроведуваат компаниите коишто се дел од Комитетот за ESG основан во рамки на Американската стопанска комора во Северна Македонија.

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%