Connect with us

интервју

Зоран Лазoроски, ДБ Шенкер: Повеќе од две децении сме во служба на македонската економија

Зоран Лазoроски, генерален директор на ДБ Шенкер Македонија

објавено

на

„ДБ Шенкер отсекогаш играл важна улога во поддршката на домашната економија и истото ќе продолжи да го прави и во иднина поткрепувајќи ја индустријата. Плановите како и секогаш  се понатамошна експанзија, зголемување на нашата инфраструктура и локации низ земјата, како и имплементирање на нови дигитални решенија и платформи каде клиентите сами ќе можат, не само да ги следат своите пратки, туку и да добиваат цена на услугите и сами да букираат транспорт.“

ДБ Шенкер (DB Schenker) e мултинационална компанија за логистички услуги формирана пред 150 години во Виена од Готфрид Шенкер, а од 2002 во сопственост на германската државна железница Дојче Бан (Deutsche Bahn).
ДБ Шенкер е еден од водечките глобални играчи во океанскиот транспорт, авионскиот транспорт, договорната логистика и ред други услуги во логистичкиот бизнис, денес присутна во повеќе од  130 држави, со преку 85.000 вработени.

Компанијата е присутна и на македонскиот пазар повеќе од 20 години, а со директорот на ДБ Шенкер Македонија, г-дин Зоран Лазороски разговаравме за досегашните постигнувања на компанијата, нејзината позиција на пазарот, предизвиците што ги наметна пандемијата и актуелната економска криза во светот, како и околу плановите за идниот раст и развој на фирмата во земјава.

Прво, честитки за двата јубилеи на глобално и локално ниво, и за почеток, како е позиционирана ДБ Шенкер на македонскиот пазар на логистички услуги во моментов?

Големо задоволство е да се биде дел од една успешна приказна повеќе од 20 години и да се следи растот на компанијата во еден таков временски интервал. Од четири вработени кои започнавме во далечната 2001 година, денес ДБ Шенкер Македонија брои повеќе од 80 вработени, присутни сме на четири локации во државата (Главен терминал и дирекција во Илинден, дедициран логистички склад во Чојлија, канцеларија на Табановце и канцеларија во Струга).

Моментално располагаме со повеќе од 6000 м2 царински и нецарински складишен простор и ги нудиме сите услуги од широкото портфолио на ДБ Шенкер глобално. Како и нашиот основач Готфрид Шенкер пред 150 години, кој го иновирал концептот на збирен транспорт и консолидација, сметам дека и ние, можеби нескромно, сме направиле многу за развој на нашата индустрија во Македонија со тоа што први понудивме одредени услуги и продукти: од редовен збирен секојдневен транспорт, првиот збирен контејнер (ЛЦЛ) во Македонија, првата имплементација на договорна логистика, први понудивме логистички решенија за саеми и изложби и сл.

Денес, опслужуваме повеќе од 1.200 клиенти нудејќи најразлични услуги и комплетен сервис кој ги вклучува сите можни транспортни решенија, складирање, царинско застапување и сл. Делот од пазарот е тешко да се процени од причина што ние ги нудиме сите можни услуги, а одредени конкуренти се фокусирани само на одреден тип транспорти, но со голема сигурност можам да кажам дека во било кој сегмент на транспортните и логистички решенија сме или лидери или во топ 3 на македонскиот пазар зависно за кој тип на транспорт зборуваме.

Оваа 2022 година  и покрај сите предизвици и неочекувани ефекти од фактори вон наша контрола, ќе биде уште една успешна година за Шенкер, каде очекуваме речиси 15 милиони евра промет, со што ќе прикажеме раст од повеќе од 20% споредено со 2021, и ќе ги исполниме или надминеме очекувањата на нашиот принципал за годината.

Какви сè всушност услуги пружа ДБ Шенкер за своите клиенти и кои се најзастапените услуги на македонскиот пазар?

Нашата огромна глобална мрежа, достапноста до повеќе од 130 земји, 1850 канцеларии и 85.000 вработени е нашата најголема конкурентска предност. Горди сме да бидеме оne-stop-shop за сите потреби на нашите клиенти и во Македонија и глобално, давајќи им пристап до целата таа моќна глобална мрежа на ДБ Шенкер.

ДБ Шенкер е глобален интегриран логистички провајдер со комплетно портфолио на сите можни продукти во индустријата. Ние сме еден од водечките глобални играчи во океанскиот транспорт, авионскиот транспорт, договорната логистика, нудиме организација на логистика на саеми, изложби и селидби, а во копнениот транспорт, нашата мрежа во Европа е апсолутно број еден и по локации, мрежна сврзаност и покривање дури на најдалечните точки на целиот континент.

Македонија е поврзана со таа мрежа со секојдневно отпатување на збирен камион од ЕУ, без исклучок, од понеделник до петок. Сите тие услуги ги нудиме на нашите клиенти и во Македонија, а дополнително на тоа и складирање, договорна логистика, локално застапување во царинските постапки и директна достава до секоја точка во државата. Нашата огромна глобална мрежа, достапноста до повеќе од 130 земји, 1850 канцеларии и 85.000 вработени е нашата најголема конкурентска предност. Горди сме да бидеме оne-stop-shop за сите потреби на нашите клиенти и во Македонија и глобално, давајќи им пристап до целата таа моќна глобална мрежа на ДБ Шенкер.

Дали се чувствува намалување на обемот на трговија од страна на вашите клиенти во земјава, поради актуелната криза?

После евидентниот пад на глобалната економија во првата година на КОВИД кризата, на светско ниво забележавме голем скок на меѓународната размена, пред се’ како резултат на надоместување на периодот пред тоа, но и како резултат на желбата на многу компании да се снабдат со репроматеријали и производи, во случај на идни непредвидени нарушувања  на ланците на испорака.

Тоа предизвика еден економски залет во одреден краток период,  кој за жал повторно беше нарушен со почетокот на војната во Украина. Иако во моментов економската активност е се’ уште на едно прифатливо ниво и во Македонија и во околината, загрижувачки се сценаријата за рецесија во Западна Европа која нема како да не одмине и нас, знаејќи дека речиси целата македонска економија е директно зависна од размена со тие пазари. Кога на сето тоа ќе ја додадеме високата инфлација и зголемувањето на цената на речиси сите инпути на производство, во најмала рака треба да бидеме подготвени за економски предизвици во периодот кој следи.

Дали е нормализирана состојбата во глобалните логистички ланци која што беше силно нарушена со пандемијата или се’ уште постојат предизвици? (во Кина се уште има карантини и сл.) Како ДБ Шенкер се справуваше со целата таа ситуација?

Пред пандемијата од 2020, или поточно во последните 20-тина години, глобалните ланци на снабдување прераснаа во едни од најкомплексните форми на економска соработка на човечката цивилизација. Постојаната тенденција на подобрување на ефикасноста и рентабилноста на глобалното производство на технолошки продукти, доведе до извонредно комплексни решенија во ланците на снабдување со извонредно висока ефикасност и just in time испораки.

За жал, пандемијата покажа дека истите тие ланци и не се толку робусни како што се мислеше,  и непредвидливите и неочекувани прекини во процесот, доведоа до големи нарушувања на системот. Истовремено, дури и за најнеинформираните потрошувачи, стана јасно колку е важна улогата на транспортот и логистиката во снабдувањето дури и со најелементарните производи на кои бевме свикнале секогаш да се достапни.

Во целата таа криза, горди сме да кажеме дека ДБ Шенкер не престана да работи ниту еден ден, сите наши терминали во Европа работеа дури и во најстрогите карантини и успеавме да им помогнеме на нашите клиенти да си ја задржат динамиката на производство колку е можно повеќе.

Во 2021 година, со гордост ја промовираме кампањата #WeKeepEuropeMoving затоа што навистина и беше така. Дури и во неочекуваните карантини кои се’ уште ги гледаме во Кина, ДБ Шенкер беше еден од ретките логистички провајдери кои имаа дозвола да продолжат со работа и во услови на карантин. Предизвици повторно ќе има, живееме во т.н. VUCA свет (Vision, Understanding, Clarity, Agility: Визија, Разбирање, Јасност, Агилност, н.з.), но ние секогаш се адаптираме и наоѓаме решенија за нашите клиенти и нивниот бизнис.

Пандемијата, потоа војната во Украина и поскапувањето на горивата, сето тоа несомнено направи  големи нарушувања во светската трговија – колку се во просек поскапени логистичките услуги на глобално ниво во последниве три години  и кој сегмент претрпе најголем удар?

Тешко е да се процени колку се зголемени во просек логистичките услуги затоа што сепак зборуваме за едно комплексно портфолио од најразлични услуги чии цени се формираат низ различни доминантни фактори како што се: цената на чинење на оперативните активности, цената на трудот, трошоците на одржување на инфраструктурата и секако понудата и побарувачката на одредени услуги.

Се разбира дека сите транспортни услуги кои се базираат на цената на чинење на горивата имаа одредени нагорни корекции, но сепак екстремните варијации ги видовме најмногу во поморскиот и авионскиот транспорт чија цена се базира на понуда и побарувачка пред се’. Во поморскиот транспорт забележавме зголемувања без преседан од 300-400% како резултат на зголемена побарувачка и многу лимитирана понуда во одреден период како и многуте сериозни прекини на глобалните ланци на снабдување.

Важно е да се спомне дека таа тенденција веќе добива обратен правец и бележиме стабилизација и враќање кон понормални нивоа на цени во последните месеци. Услугите поврзани со договорна логистика и складирање исто така имаа одредени нагорни корекции предизвикани од зголемената цена на чинење на влезните фактори,  пред се’ енергетските расходи на инфраструктурата.

Ќе продолжиме да ја афирмираме нашата индустрија и пред се’ ДБ Шенкер, како многу атрактивна кариера за младите луѓе кои се’ повеќе осознаваат дека логистиката и транспортот, иако се понекогаш „зад сцената“, се исклучително важни за функционирање на светот како што го познаваме, и се интересно и возбудливо место за работа и професионален развој.

Какви се плановите за понатамошен раст и развој на ДБ Шенкер на македонскиот пазар?

Како и во изминатите 21 година, така и во иднина, нашата филозофија секогаш била дека ние сме во служба на македонската економија, на производителите и трговците и нивната врска со светот.

Низ многубројни разговори со сегашни и потенцијални инвеститори, останувам длабоко уверен дека нивната одлука да започнат бизнис во Македонија колку што зависи од условите кои ги добиваат од државата, од инфраструктурата, од достапноста на работна сила и сл., исто толку зависи и од логистичката поврзаност на земјата, присуството на големи глобални логистички провајдери и можноста за брзо поврзување со глобалната економија.

ДБ Шенкер отсекогаш играл важна улога во таа поддршка на економијата и истото ќе продолжи да го прави и во иднина поткрепувајќи ја индустријата. Плановите како и секогаш  се понатамошна експанзија, зголемување на нашата инфраструктура и локации низ земјата, како и имплементирање на нови дигитални решенија и платформи каде клиентите сами ќе можат, не само да ги следат своите пратки, туку и да добиваат цена на услугите и сами да букираат транспорт.

Како и секаде во светот, остануваме посветени на еколошката одржливост и уште повеќе ќе се фокусираме на предлагање зелени транспортни решенија за нашите клиенти. И конечно, и за мене многу важно, ќе продолжиме да ја афирмираме нашата индустрија и пред се’ ДБ Шенкер, како многу атрактивна кариера за младите луѓе кои се’ повеќе осознаваат дека логистиката и транспортот, иако се понекогаш „зад сцената“, се исклучително важни за функционирање на светот како што го познаваме, и се интересно и возбудливо место за работа и професионален развој.

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор