Connect with us

свет

Зошто бродови со втечнет гас чекаат пред бреговите на Европа?

Бизнис и политика

објавено

на

Западноевропските земји побрзаа изминативе месеци да ги наполнат своите складишта за гас со потребните количини за да се помине зимата. Набавуваа втечнет природен гас што се носи со бродови и потоа се претвора во гасна состојба. Во моментов  капацитетите се околу 95% исполнети, а есенва е прилично топла, што значи гасот не се троши како што е вообичаено. Тоа остава големи количини на понуда на ЛНГ се уште да пловат пред европските брегови.

Европа се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас што се испорачува преку цевководи и се сврте кон увоз на втечнет гас. Бродовите се пред брегот на Стариот континент, но и пазарот има своја логика, објаснуваат аналитичарите за Би-Би-Си.

Западот воведе опсежни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, а Москва одговори со декрет за плаќања во рубљи и намалени испораки во текот на летото.

По проблемот со поправката на турбината, испораките на руски гас преку гасоводот Северен тек 1 на долг рок  ги докусурија  експлозиите во Балтичкото Море, кои европските земји ги припишуваат на саботажа. Русија не е вклучена во истрагата, а виновникот се уште не е познат.

Цените на гасот нагло пораснаа, а Европа го засили увозот на втечнет гас за да обезбеди снабдување во текот на зимата. Бродовите со ЛНГ се веќе пред европските брегови, но товарот се уште не е истоварен.

„Бројот на бродови пред пристаништата се зголемува последниве 5-6 недели, би рекол“,  вели за Би-Би-Си Аугустин Прате од Kayrros, кој ги следи со своите колеги користејќи сигнали за автоматско идентификација (AIS).

„Јасно е како ден дека тоа е голема приказна“, смета Прате.

Па, зошто тогаш бродовите натоварени со втечнен природен гас (LNG) моментално стојат покрај брегот на Европа?

Европа ги наполни складиштата со гас и пред планираниот рок

Аналитичарот на Wood Mackenzie, Фрејзер Карсон, изброи 268 од нив во водите ширум светот во октомври, што е многу над годишниот просек од 241 брод.

Според првичната цел, до 1 ноември нивото на гас во магацините во ЕУ требаше да биде 80 проценти. Целта беше исполнета и надмината далеку пред планираниот рок и последните податоци покажуваат дека капацитетите за складирање се исполнети 95 проценти. Увезениот ЛНГ одигра клучна улога во постигнувањето на оваа цел во Европа.

Од оние кои моментално се на море, 51 брод се во близина на европските брегови. Европските земји купуваа многу гас во текот на летото за да ги наполнат своите складишта и да обезбедат покриеност на зимската побарувачка, објаснува Карсон.

Според првичната цел, до 1 ноември нивото на гас во магацините во ЕУ требаше да биде 80 проценти. Целта беше исполнета и надмината далеку пред планираниот рок и последните податоци покажуваат дека капацитетите за складирање се исполнети 95 проценти.

Увезениот ЛНГ одигра клучна улога во постигнувањето на оваа цел во Европа.

Но, бидејќи ЛНГ продолжува да пристигнува, побарувачката за капацитети за претворање на течноста во гас останува висока. Нема многу од нив во Европа, делумно затоа што континентот долго време се потпира на гас што доаѓа преку гасоводи од Русија.

Затоа бродовите стојат во ред пред терминалите за гасификација. Германија и Холандија инвестираа во нови капацитети и се очекува дел од нив да започнат со работа за неколку месеци.

Поголема заработка

Истовремено, Европа во моментов троши помалку гас од просекот поради невообичаено високите температури за октомври.

Додадено на ова е пониското ниво на индустриски активности кои се потпираат на гас, забележува ко-основачот на Kayrros, Антоан Халф.

„Производството на цемент и челик во Европа е многу драматично намалено“,  објаснува Халф за Би-Би-Си.

Во таква ситуација, цената на течниот гас во терминските договори со подолги рокови на испорака е повисока отколку кај договорите со рокови за испорака веќе во ноември.

„Може да добиете повисока цена за испорака во јануари отколку во ноември“, вели тој.

Дури и да доцни испораката за само еден месец, до декември, тоа може да значи и до неколку десетици милиони долари повеќе профит по пратка, објаснува уредничката на специјализираното издание Lloyd’s List Мишел Визе Бокман.

Иако купувачите во другите делови на светот би можеле да преземат дел од товарот, Европа може да има корист од прекумерната понуда со ЛНГ што буквално плови пред нејзините брегови.

Добро е што бродовите чекаат затоа што рационално сакате да имате гас на дофат ако ви треба, објаснуваат некои аналитичари.

Единствениот проблем е што во прашање се огромни суми. Поради трескавичната побарувачка за гас, некои земји веќе платија баснословни  суми за да го добијат.

Па така, Германија  потрошила речиси 50 милијарди евра за увоз на гас од јануари до август, според пресметките на  Reuters. Во истиот период лани нејзиниот увоз чинел 17,1 милијарди евра.

Така функционира пазарот, вели Бокман, додавајќи дека европските земји „се во најдобра позиција во која можат да бидат, со оглед на геополитичката ситуација“.

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација