Connect with us

банки

Зошто е важно да одберете банка која го слуша и разбира вашиот бизнис?

објавено

на

За секоја компанија, изборот на банка е една од најважните одлуки кои треба да се донесат за успешно развивање на бизнисот. Банката не е само место каде што ќе ги чувате вашите пари и ќе ги правите секојдневните транскации, туку и клучен партнер со чија поддршка вашиот бизнис ќе расте и ќе се развива.

Во светот на бизнисот, денес од непроценлива важност за секое претпијатие е да може да и’ верува на својата банка, која воедно за секој претпримач претставува столб на сигурност, не само поради финансиските услуги кои ги нуди, туку и поради своето искуство, знаење и доверливост. 

Малите и средни претпријатија се клучен фактор за економскиот развој и обезбедување на работни места во секоја економија. Но, за да успеат во својата дејност и да се развиваат, тие имаат потреба од финансиска и консултантска поддршка  од својата банка. Покрај финансирање на проектите, банката може значително да им помогне на претпријатијата да ги идентификуваат своите потреби и да развијат бизнис план, да ги едуцира како да ги подобрат процесите, да ги советува за идни инвестиции,  да ги оптимизираат своите трошоци и приходи, да ги искористат можностите за иновации и дигитализација. За малите и средни претпријатија е од клучно значење е да имаат банка од доверба која е тука за нив, која ги слуша и со која можат да градат долгорочна соработка.

Прашања кои секој сопственик на компанија треба да си ги постави пред да ја избере вистинската банка?

Секој сопственик на компанија пред да ја донесе конечната одлука за изборот на  банкарски партнер, потребно е да истражи и да обрне особено внимание на неколку важни сегменти на услуги кои ги нуди банката. Со тоа ќе добие одговори на важни прашања кои се однесуваат на опциите за финансирање, штедење, висина на каматните стапки, искуството на банката со мали и средни претпријатија, иновативни проекти кои ги финансирала банката, дигиталните можности, грижата за корисниците, како и репутацијата на самата банка и нејзиното искуство во работењето со компании од дадената индустрија.

Но, она што секој претприемач особено го интересира и што најмногу влијае врз одлуката за избор на банка, е колку таа ќе биде партнер од доверба, кој своето обемно искуство безрезервно ќе го споделува, и аргументирано во вистинските моменти ќе советува во поглед на сите сегашни и идни планови на компанијата.

Таков пример за доверба и успешност е долгорочната соработка на претпијатието Б2 Солушн со ПроКредит Банка. За оваа плодна соработка и сéвкупното искуство со ПроКредит Банка, главниот извршен директор и основач на Б2 Солушн Венцо Ѓоргиевски вели:

Во клучните фази на развој на нашата компанија, имавме потреба од партнер кој ќе ја разбере нашата визија и ќе не поддржи во нејзина реализација, како што искусен алпиниста ставен на Хималаите да го искачува Монт Еверест има потреба од кислород поради реткиот воздух на височините. Во тој период во нашата компанија се појави ПроКредит Банка кои ни ја донесоа неопходната боца на кислород –  тоа беше моментот кога понатаму можевме да направиме исчекор, затоа што ни се разјасни целата стратегија. На почетокот беа многу трпеливи, внимателно нé слушаа, нé разбраа и ги финансираа нашите проекти од минатото, за да можеме уште посигурно да чекориме напред. Тоа што за нас е особено важно е што ПроКредит ги одобрува добрите работи, а за оние работи кои што не се доволно квалитетни, нé советуваат да размислиме уште еднаш. Поради сите овие причини ПроКредит Банка е нашиот стабилен партнер кој што ни дава сигурност да грабиме кон напред.“

Довербата со банката како клучна компонента за успешност во работењето

Банките кои се фокусирани на одговорно работење и развој на економијата имаат систематизиран пристап во поддршка и развој на бизнисите кои претставуваат клучен двигател во општеството. Сопствениците на малите и средните претпријатија сметаат дека е особено важно да и веруваат на банката и нивните идеи и планови да бидат сослушувани од банката, а за возврат очекуваат аргументиран фидбек со совети за идни насоки во нивното работење.

Зад секој бизнис треба да стои банка која ќе претставува столб на сигурност и со своето севкупно искуство, знаење и квалитетна услуга ќе гради долгорочно партнерство кое ќе резултира со заеднички успех и развој на економијата.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал