Connect with us

менаџмент / маркетинг

Зошто има толку неспособни лидери?

Менаџмент и лидерство

објавено

на

Томас Чаморо – Премузик, професор по деловна психологија на универзитетот Колумбија во Њујорк и Универзитетскиот Колеџ Лондон (UCL), е особено заинтересиран за оваа тема и пред три години објави книга во која расправа околу тоа зошто има се’ повеќе неспособни и нестручни  луѓе на водечки позиции (Why do so many incompetent men become leaders?).

Можеби вашата проценка „од око“ е поинаква, но веројатно ќе ја поддржите претпоставката дека денес има се’ повеќе неспособни на лидерски позиции. Бидејќи ваквата проценка „од око“ е нешто што не може да се сфати сериозно бидејќи сепак е само претпоставка заснована на впечаток, би било добро да се повика науката и некои истражувања на помош.

Томас Чаморо – Премузик, професор по деловна психологија на универзитетот Колумбија во Њујорк и Универзитетскиот Колеџ Лондон (UCL), е особено заинтересиран за оваа тема и пред три години објави книга во која расправа околу тоа зошто има се’ повеќе неспособни и нестручни  луѓе на водечки позиции (Why do so many incompetent men become leaders?).

Значи, под претпоставка дека ова е точно, логично следуваат повеќе прашања:

-Како тоа неспособните  и нестручните доаѓаат  на раководни позиции? Кој ги ангажира  како такви?

-Зошто се ангажираат токму такви, неспособни? Како може неспособен да го „измами“ оној што вработува?

-Што е со последиците од овој избор за лидерските позиции?

-Како да се сменат сегашните критериуми и да се изберат способни лидери?

Неспособен лидер и „паѓање“ на шарм и харизма

Психологот Чаморо – Премузик изнесува  три основни причини за ваквата нестручност  во светот на лидерите.

Првата е повторно неспособноста, но на оној што проценува – дали нечиј сигурен настап е  одраз на самодовербата или на стручноста што се бара? Во нашата култура се проценува дека нечија самодоверба значи и талент за лидерска позиција, а  тоа објективно е далеку од вистината. Затоа што кога некој има самодоверба остава само впечаток дека е добар лидер, не значи дека е навистина добар, односно стручен.

Втора причина е „паѓањето“ на нечија харизма и шарм. И во овој случај поимите се мешаат – харизмата се меша со стручноста. Личноста која е харизматична е всушност забавна, пријатна, шармантна, има дарба за комуникација, но таа дарба не значи и дарба за лидерска позиција, ниту пак стручност за водење тим. Попрво би се рекло дека добриот лидер е поскромен во својот настап, но и тоа е за анализа.

Барање на квалитети

Третата причина за подемот на неспособните и нестручните  е во човечката природа која ги сака и цени луѓето кои се познати, кои имаат нарцисоидна црта во карактерот.

„Со децении наназад  ги почитуваме познатите луѓе затоа што се тие се почитуваат себеси и затоа што се познати“, пишува Чаморо – Премузик. Во основата на овој проблем се трендовите „да се сакаш себе си без разлика на сè“  или „ако мислиш дека си извонреден, извонреден си“, што доведува на лидерски позиции несоодветни личности, пред се’, а потоа и нестручни.

Решението за овој веќе хроничен проблем е да се бараат квалитети кај потенцијалните лидери, а не да се потпираме  на основните човечки чувства. „Ако сакаме лидери кои се способни и компетентни, треба да тргнеме од себе и нашата способност да оценуваме и избираме луѓе за лидерски позиции“, пишува бизнис психологот Томаш Чаморо – Премузик.

Четири карактеристики  на лошиот лидер

Лидерот  кој негува и поддржува доверба и заедништво во својот тим, истовремено почитувајќи ги индивидуалните капацитети, носи напредок на целиот тим. Во спротивно, недовербата, неефикасноста и неуспесите во секоја смисла се цената што мора да се плати. Екстремно скапо.

Решавање наместо делегирање

Како што напредуваат во компанијата, лидерите  генерално се наградуваат затоа што се одлични во решавањето на проблемите. Затоа, тие го задржуваат тој облик на однесување во текот на нивната кариера.

Ако лидерот се фаќа за секој проблем и сам го решава, тоа значи дека колегите во тимот нема да напредуваат, учат и „растат“.

Лидерите  ќе се ослободат од оваа  навика со тоа што ќе научат да кажат „не знам!“ и тоа не значи дека се слаби или ранливи, туку дека се одговорни. Во овој случај, тимот ќе бара решение.

Друг начин да се ослободите од оваа лоша навика  е отворено да му изјавите на тимот дека вие повеќе не сте некој што го решава проблемот, туку ќе ги  оценувате потенцијалните решенија на поединците во тимот.

Неподдржување на лоши вести

Лошите вести се дел од бизнисот. Ако има таква атмосфера во тимот дека лошите вести тешко или никако не се спомнуваат или се одложуваат и се стават под тепих, виновникот е лидерот.

Препорака за  менаџерите/лидерите  со оваа навика е да вежбаат  да реагираат на лоши вести вака: „Ви благодарам што ми кажавте, бидејќи сега имаме шанса да го поправиме тоа пред целата работа да се претвори во криза.“

Избегнување на сложени ситуации

„Комплексните  ситуации бараат многу разговори, дипломатија, латентни конфликти, а денес ова го има се’ повеќе.  Вистина е дека се губи многу време за избегнување на соочувањето  со мислења и ставови.

Како лидер мора  да одвоите време на крајот од состаноците за да признаете дека целата работа е полна со проблеми и да прашате што можете да направите како тим за да ги намалите ризиците. Прашајте го вашиот тим: „Каде се дупките? Што ќе кажат нашите клиенти?“  Така ќе иницирате набљудување на ваква сложена ситуација од други перспективи.

Нема повратни информации

Секој ја искусил важноста на повратните информации. Колку побрзо ги добиете, толку подобро. Секој експерт за тимска работа ќе ви каже дека е исто толку важно и кога барате и кога добивате повратни информации. Бизнис лидерите мора  да се навикнат на повратните информации и мислењата на колегите уште од почетокот. Така, тие  ќе стекнат  углед на некој кој со задоволство прима сугестии  и сака да ги слуша проценките  на другите.

економија3 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки21 час ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас