Connect with us

економија

Зошто нема IPO-a во Македонија: желби, очекувања и реалност

објавено

на

Македонска берза останува на своите заложби и понатаму да продолжи со промовирање на можностите кои ги нуди пазарот на хартии од вредност и едукација на сите учесници од стопанството, учениците, студентите и пошироката јавност и, секако, да е целосно подготвена да биде на услуга во моментот кога првите компании ќе одлучат да се трансформираат во акционерско друштво преку издавање на хартии од вредност, со што ќе отпочне една нова фаза во развојот.

Автор
Илчо Лазарески

Директор на Сектор за деловни операции
Македонска берза

Кон крајот на 2022 година, Македонска берза одржа тркалезна маса со наслов „Излегување на берза – Зошто никој не го крши мразот“, во рамки на која, пред отворањето на дискусија на наведената тема со внимателно одбраните учесници на панелот, беше извршена презентација на резултатите од анкетата за потенцијалот на македонскиот пазар на хартии од вредност (видувања на компаниите за трансформација во АД, IPO и берзанската котација), која за потребите на Берзата, ја спроведе агенцијата Стратум РиД. Иако наведената анкета Берзата ја нарача, пред се’, за сопствени потреби во насока на увид во моменталните состојби кај малите и средни компании, сепак беше одлучено резултатите од истата да и’ бидат презентирани на пошироката јавност, пред се’ од причина што се сметаше дека таквите збирни податоци покажуваат слика која може да е од голема важност особено за експертите од областа на пазарот на хартии од вредност и можат да покажат интересни податоци и показатели кои можат да им бидат од значење на повеќе чинители на пазарот.

Издавањето на нови хартии од вредност, било како иницијална јавна понуда или само јавна понуда (IPO или PO), а потоа и нивната котација на берза, е од големо значење за секој пазар на хартии од вредност. Ова пред се’ од причина што новите емисии, освен што се показател за развојот на одреден пазар, ја зголемуваат понудата на пазарот, даваат поширока лепеза на инструменти за инвестирање, го зајакнуваат моментот дека компаниите размислуваат за пазарот на капитал како еден од начините на финансирање (покрај сопствените средства и кредитирањето), овозможуваат дел од приватните компании да размислуваат капитално и информациски да се отворат за јавноста преку трансформација во акционерско друштво, но истовремено го зголемуваат и интересот на инвеститорите да ја гледаат берзата како едно од местата за вложување итн. Од наведеното е видливо големото значење на издавањето на нови емисии на хартии од вредност и зошто истото е постојана тема на пазарите на хартии од вредност, особено на малите берзи од регионот на Југоисточна Европа во изминатите децении, кадешто состојбите во овој поглед се идентични како во Македонија, односно има малку или воопшто нема IPO-а.

ЗОШТО Е ТОА ТАКА?

Причините, секако, се покомплексни, но со оглед на регионалноста на состојбите истите пред се’ произлегуваат од историски околности и развиеноста на пазарите. Оттаму и покрај обидите на регионалните берзи на разни начини да придонесат до развојот на примарниот пазар на хартии од вредност, отсуствува интересот на компаниите, кои сеуште ги преферираат другите начини на финансирање. Ова секако има врска и со системот на добро капитализирани класични банки, кои во секој момент се подготвени да ја финансираат секоја успешна компанија, а и недоволната развиеност на инвестициското банкарство кое би понудило побрзо и поефтино финансирање преку издавање на хартии од вредност. Секако, берзите постојано се трудат да бидат присутни и во секој момент да бидат подготвени да излезат во пресрет на компанија која би искажала интерес за емисија на хартии од вредност.

Од тие причини, Македонска берза во изминатите години, меѓу другото, постојано работеше на подигањето на свеста за можностите кои ги нуди финансирањето преку издавање на хартии од вредност и создаваше предуслови за што поедноставно извршување на истите. При тоа, во различни периоди, беа реализирани повеќе проекти од кои би ги навеле следните:

-Согласно податоците од Централниот регистар беа избрани 100 најсилни компании според промет и остварена добивка за неколку години и со нив беа реализирани директни состаноци и беа одржани групни работилници на кои се објаснуваа можностите за финансирање преку издавање на хартии од вредност, трансформација во акционерско друштво и котација на берза, како и најдобрите практики на корпоративно управување кај семејните друштва.

-Беше спроведен посебен проект Берзански инкубатор кој обезбедуваше целосно бесплатен стручен и финансиски консалтинг за трансформација на малите и средни компании во акционерски друштва, со целосно намалени трошоци од страна на сите институции на пазарот на хартии од вредност.

-Во посебен проект беа организирани специјални работилници за консултантите кои работат во директен контакт со малите и средни компании, со цел поблиско доближување на оваа проблематика и обид преку нив да се промовираат можностите кои ги нуди пазарот на хартии од вредност и да се допре до сопствениците и менаџментот на компаниите и од таа страна.

При тоа, со цел намалување на трошоците за IPO, во соработка со Комисијата за хартии од вредност во неколку наврати беше овозможено целосно укинување на надоместокот кој го наплаќаат институциите на пазарот на хартии од вредност за иницијални јавни понуди на хартии од вредност. Претходно, Македонска берза воведе посебен пазарен подсегмент „Котација на мали акционерски друштва“, каде што условите кои треба да ги исполни издавачот за котација на овој сегмент се далеку пониски за разлика од котацијата на другите подсегменти, а воедно и обврските за транспарентност беа прилагодени на капацитетите на друштвата. Воедно, Берзата е активно вклучена во проектот поврзан со crowdfunding платформата Funderbeam, која е платформа која е развиена во Естонија за финансирање на стартапи, но и на мали и средни претпријатија, односно подразбира нудење на прецизна структура со можности и за компаниите и за инвеститорите.

За жал, и покрај сите наведени активности изминатите години, не можеме да се пофалиме со успешно изведено IPO со кое некоја мала компанија би се трансформирала во АД и би изразила желба за котација на нејзините хартии од вредност на Берзата.

Овој вовед беше неопходен за да се објаснат причините поради кои Берзата реши да ја направи наведената анкета за потенцијалот на македонскиот пазар на хартии од вредност и за истата да ангажира стручна компанија за вакви активности. Идејата беше да се согледаат моменталните состојби, дали и што е сменето во однос на минатите години кога немаше ефекти од спроведените активности, како и да се увидат причините за тоа, но пред се’ податоците да бидат прибрани не од Берзата туку од независна стручна компанија, за да се добијат што повистински и непристрасни одговори.

За што подобро извршување на анкетата, беше избран репрезентативен примерок од 100 мали и средни компании, соодветно распределени од географски аспект, број на вработени, големина на капитал и правен облик. Прашањата беа поделени во неколку групи, при што може да се каже дека добиените одговори беа интересни и покажаа значителна конзистентност во ставовите.

ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО АД И ИЗДАВАЊЕ НА ЕМИСИИ НА ХВ

На прашањето „Дали менаџментот размислувал за трансформација на компанијата во АД?“ над 74% одговориле дека не размислувале, додека околу 26% размислувале за трансформација, додека на прашањето „Дали знаете за предности кои ги носи АД во однос на ДООЕЛ/ДОО?“, околу 58% одговориле дека тоа е можноста за полесно менување на сопственоста во иднина, 42% дека носи можност за нов и дополнителен пристап до капитал, 34% дека овозможува тековно пазарно вреднување на компанијата во иднина итн. Одговорите покажуваат дека постои соодветно познавање на предностите од трансформација во АД, но во овој момент многу мал дел од менаџерите размислуваат во таа насока.

На прашањето  Кои се причините поради кои не се одлучиле за трансформација во АД?“ , скоро 77% од испитаниците одговориле дека немале потреба од тоа, околу 55% не сакаат да го менуваат системот на управување, додека 36% не сакаат да дозволат туѓо учество во капиталот на компанијата. При тоа, само 13% одговориле дека се запознаени со предностите кои ги носи трансформацијата, а 42% дека се малку информирани. Овие одговори се прилично конзистентни со досегашните искуства кои ги има Берзата, односно дека сопствениците на малите друштва не сакаат да дозволат туѓ влез во капиталот и начинот на управување и одлучување во акционерско друштво го сметаат за посложен.

На прашањето „Од каде се информирате за финансиски можности за компаниите?“, 46% одговориле дека се информираат преку консултанти, додека 43% преку искуства од блиски, пријатели и роднини. Ова го потврдува искуството дека во Македонија најголем дел од информациите се пренесуваат преку неформални канали, со сите можности за половично и неточно информирање на овој начин. На прашањето „Дали сметате дека доколку би имале повеќе стручни информации, пристап до советување за можностите за финансирање на компаниите преку трансформација во АД би размислиле за трансформација“, над 2/3 од испитаниците одговориле дека не би се одлучиле, што ги потврдува констатациите од претходно дека негативните ставови кон трансформацијата во акционерско друштво во овој момент кај сопствениците и менаџерите на компаниите се доминантни.

……………………………………………………………………………………………………………………………………………

Целиот текст може да го прочитате на следниот линк:
https://mbmonitor.mse.mk/ipo-%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b6%d0%b5%d0%bb%d0%b1%d0%b8-%d0%be%d1%87%d0%b5%d0%ba%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0-%d0%b8-%d1%80%d0%b5%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%be/

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите