Connect with us

менаџмент / маркетинг

Зошто предолгото работење од дома може да е штетно за вашата кариера?

објавено

на

Со толку многу погодности во работењето од дома, би можеле лесно да си речете дека така можете да работите засекогаш. На крајот на краиштата, технологијата ни овозможува да останеме поврзани, да комуницираме и соработуваме на секое можно ниво. Но, внимавајте што посакувате. Сето ова има и своја помалку сјајна страна, и можете многу работи да пропуштите, како и да го ограничите својот раст во кариерата, како што вели Forbes.

Редакција Капитал

Има толку многу работи што ви се допаѓаат во врска со работењето од дома – избегнување на сообраќајните метежи, удобните влечки и уживањето со вашето куче покрај нозете. Со толку многу погодности во работењето од дома, би можеле лесно да си речете дека така можете да работите засекогаш. На крајот на краиштата, технологијата ни овозможува да останеме поврзани, да комуницираме и соработуваме на секое можно ниво.

Но внимавајте што посакувате. Сето ова има и своја помалку сјајна страна, и можете многу работи да пропуштите, како и да го ограничите својот раст во кариерата, како што вели Forbes.

Ако нешто е сигурно, ќе се соочите со социјална изолација. Една глобална студија на Универзитетот Колумбија од Њујорк опфатила искуства на преку 226 илјади луѓе од Северна Америка, Европа и Азија. Истражувањето пронашло инциденца на депресија и анксиозност во сите региони. Ова е поврзано со нарушувањето на врските и дистанцирањето што сите моравме да го искусиме во пандемијата. Работното место е средина каде што може да се поврземе и да уживаме во врските со колегите, па прилично е тешко да се биде надвор од сето тоа.

А, има и многу други причини зашто работењето од дома може и да не е најидеално за успешна кариера или за вашето задоволство и исполнетост.

Колеги

Кога ќе ги прашаат луѓето зошто остануваат во една компанија, тие често велат дека тоа е поради колегите. Оние со коишто работиме се важен дел од нашето вреднување на работната средина. Сите имаме корист од досетките, хуморот од нашите колеги, шефови, итн., и иако вие може да одржувате релации и на далечина, сепак тие не може да се длабоки и блиски како кога сте заедно на работа.

Исто така и бројот на вашите конекции ќе се намали. Колку и да може да запознавате луѓе онлајн, не е исто како кога ќе се поврзете со нив неформално. Ја пропуштате можноста да испиете кафе заедно или да налетате на некого со кого сте работеле порано и сл. Вашиот социјален капитал – вашата мрежа на конекции – е како банкарско салдо. Можеби сте имале здраво салдо пред пандемијата, но има шанси дека сте „повлекувале пари“ додека сте биле надвор  и сега треба пак лице-в-лице да вложите депозити.

Учење и стимулација

Веројатно ќе ви стане и малку здодевно дома. Може да ручате, да вежбате, да купувате онлајн и да работите. Но, само затоа што можете, не мора да значи дека и треба тоа да правите. Одењето на работа ви дава повеќе стимулација и разновидност во текот на денот. Се возите или пешачите, се среќавате со колеги, имате пауза заедно, имате состаноци со различни оддели, и мноштво други интеракции. Иако ова може да изгледа сосема вообичаено, тоа сепак ви овозможува повеќе различност и стимулација одошто работа од истата соба пред истиот монитор секој ден.

Шансите да учите исто така се зголемени кога сте со други луѓе. Може да чуете различни дискусии, или за тоа како се решава некој проблем, на пример. Или пак да дознаете од некој колега за интересниот курс на којшто оди, којшто ќе му помогне да напредне во кариерата.

Ефективност

Има многу работи што може да ги правите од дома и веројатно покажувате добри перформанси. Но, важно е да сте искрени со себе околу работата што и не може баш идеално да се заврши од дома. Според некои студии, работите што се покомплексни или бараат брзина, решавање проблем или соработка, може  да бидат завршени помалку ефективно одошто кога сте во живо со колегите. Кога компаниите пружаат нови можности, тие обично бараат луѓе што имаат особено добри перформанси, и ќе имате конкуренција во колеги што веројатно одлично работат – па затоа размислете добро каде може да се покажете во најдобро светло. Ова ќе биде важно за развојот на вашата кариера.

Граници

Друг бенефит од одењето на работа е што ќе излезете од дома и ќе ја поставите полесно границата помеѓу работата и приватниот живот. Многумина имаат кажано дека работејќи од дома тоа е потешко да се постигне. Лаптопот постојано ви е вклучен, постојано некои нотификации стигаат и сл., па може да почувствувате дека немате јасна поделеност помеѓу работата и животот. Ова може да доведе до чувство на претрупаност со работа, па дури и со т.н. burnout синдром. Одењето повторно во канцеларија можеби нема задолжително да ви ја овозможи оваа сепарација, но секако ќе ја помогне и ќе стави одредена дистанца (буквална и фигуративна) помеѓу вас и вашата работа.

Видливост

Ако не сте во канцеларија, за жал не сте во видно поле и не сте им на ум на другите. Луѓето едноставно се фокусираат на она што им е буквално пред очи и иако е можно да развиете способност да мислите и на она што е помалку видливо, за тоа треба повеќе напор.

За жал, тоа е точно, доколку сте надвор од канцеларија, може да не ве предвидат за некој нов значаен проект или некоја нова прилика. Иако работењето од дома за време на пандемијата стана насекаде прифатливо, сепак оние што работат така може да не бидат сметани за подеднакво посветени како нивните колеги што се во канцеларија. Или лидерот што формира тим за нова задача, да не помисли на вас само затоа што не сте му биле „на радарот“.

Цел

Една од работите што ни дава чувство на значајност е кога работиме нешто што има смисла, цел,  и можно е да не се чувствувате доволно поврзани или значајни за компанијата, доколку не сте во канцеларија. Има нешто моќно во тоа да се појавите заедно со другите на исто место и да завршите добра работа. Така е полесно да се види како вашето залагање придонесува за работата на останатите и на крајот за задоволството на клиентите.

Вие може да почувствувате нешто од ова и кога работите од далечина, но веројатноста е дека тоа чувство нема да биде баш извонредно. Ќе ви фали пошироката смисла на целисходност  и поврзаност кон она што е вистински важно, доколку сте постојано дома.

Резиме

Работењето во канцеларија не е совршено, се разбира. Но, не е ниту работењето од дома. Најидеално е веројатно да ги имате и двете како опција – и да може да изберете колку е идеално за вас да работите на двата начина.
Ќе сакате да направите избор за тоа каде работите и колку работите со тоа што ќе имате обѕири кон вашиот тим и компанијата. Флексибилноста на работа е извонредно нешто, но настојувајте да постигнете најдобар можен баланс. Верувајте, не би сакале еден ден да станете од вашиот компјутер дома и да сфатите колку многу сте пропуштиле во смисла на врски, учење, задоволство или развој во кариерата.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал