Connect with us

магазин pdf

Зошто родовата еднаквост е битна за успех на бизнисот?

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

објавено

на

Бизнисите кои активно ја поддржуваат родовата еднаквост имаат тенденција да донесуваат подобри деловни одлуки – и на крајот да заработат повеќе пари. Истражувањата покажуваат дека инклузивните тимови донесуваат подобри деловни одлуки до 87% од времето и дека тимовите со помала разновидност имаат поголема веројатност да направат лоши избори за нивните компании.

Според Извештајот за глобалниот родов јаз  на Светскиот економски форум за 2020 година, светот  нема да види родова еднаквост уште 99,5 години. Извештајот, исто така, наведува дека родовата еднаквост може да има големо влијание врз тоа дали економијата или општеството ќе напредуваат.

Така е – родовиот јаз на една земја може да влијае на нејзината моќ и нејзиното влијание врз остатокот од светот.

Како општество, фрламе многу пари во ветер со тоа што дозволуваме родовиот јаз да продолжи. Всушност, извештајот на Глобалниот институт на McKinsey & Company покажа дека намалувањето на родовиот јаз може да додаде помеѓу 12 и 28 трилиони долари на глобалниот БДП.

Значи, како да го намалиме јазот и да почнеме да ги жнееме економските придобивки од родовата еднаквост? Кристина Каросела, консултант за родови прашања којашто пишува за Forbes вели дека прво треба да научиме како да ја препознаеме родовата нееднаквост.

Како изгледа родовата еднаквост?

Еднаква плата

Висината на платите не треба да се одредува врз основа на полот на лицето (или раса, возраст, верска припадност, сексуална ориентација итн.).

На почетокот на мојата корпоративна кариера, имав иста работа како тројца други мажи – и секој заработуваше повеќе од мене, вели Каросела.
„Кога разговарав за тоа со нашиот шеф, тој рече дека момците имаат сопруги и семејства за издржување и дека не ми требаат толку многу пари бидејќи сум сама без деца. За среќа, подоцна во истата компанија (со друг шеф), мојата плата се базираше на резултати, исто како и на петте други мажи кои беа на истата позиција.“

• Еднаков третман

 „Ова беше проблем со кој се соочив како единствена жена во извршниот тим составен од 14 лица,  пред повеќе години. Многу дискусии и одлуки се случуваа на теренот за голф или во машките тоалети за време на паузите за состаноци. Бев поканета да дојдам на теренот за голф – но само ако сум спремна  да ја возам количката и да ги послужувам мажите пиво. Бидејќи одбив да бидам нивен возач и келнерка, бев исклучена од тим-билдингот. (Би сакала да мислам дека овие сценарија не се случуваат повеќе, но веројатно се случуваат.)

• Еднаква застапеност во лидерските тимови, корпоративните одбори итн.
 
Во лидерските тимови треба подеднакво да се застапени и мажите и жените. Дали сте слушнале за феноменот на „скршеното скалило“? Студиите покажуваат дека жените не се унапредуваат на менаџерски позиции, што е првиот чекор кон највисоките раководни структури. Затоа, тие се заглавени на пониски позиции и спречени да напредуваат – веројатно поради пристрасни мислења и дискриминација кон жените во раководството.

• Еднаков пристап до обука и можности за градење кариера

„Во текот на мојата корпоративна кариера, програмите за менторство и напредување во кариерата обично не им беа нудени на жените. Мажите претпоставуваа дека работничките ќе работат само додека не добијат деца, или дека ќе ѝ дадат приоритет на работата на своите сопрузи и ќе ја напуштат својата работа доколку нивните сопрузи добијат преместување или најдат нова работа во друг град.

Како резултат на овие предрасуди, многу жени ги напуштија своите позиции за да прифатат такви кои подобро плаќаат и нудат повеќе можности за професионален развој.“

• Поволностите  од компанијата треба да ги одразуваат потребите на сите вработени, како и на нивните семејства

Нудењето флексибилност да работат од дома или да го приспособат распоредот за работа им помага на мажите и жените да се грижат за своите деца без да мора да ја жртвуваат својата кариера.

Обезбедувањето платен слободен ден наместо трошење денови од одмор е уште еден начин да им се даде на вработените можност да го користат слободното време за што и да им треба – без разлика дали се работи за прегледи на лекар, грижа за остарениот родител или само малку да се одморат.

Бизнисите посветени на родовата еднаквост привлекуваат и задржуваат подобри таленти

Бизнисите и останатите организации кои активно ја поддржуваат родовата еднаквост имаат тенденција да донесуваат подобри деловни одлуки – и на крајот да заработат повеќе пари. Истражувањата покажуваат дека инклузивните тимови донесуваат подобри деловни одлуки до 87% од времето и дека тимовите со помала разновидност имаат поголема веројатност да направат лоши избори за нивните компании.

Студијата на McKinsey & Company, која анализираше повеќе од 1.000 компании ширум светот, заклучи дека организациите со поголема разновидност меѓу нивните извршни тимови имаат тенденција да имаат и повисоки профити и долгорочна вредност.

Уште повеќе, компаниите со ниски стапки на родова и расна различност имаат 29% поголеми шанси да заработат помалку пари. Со други зборови, веројатно е штетно за крајниот резултат на компанијата ако нејзините лидерски тимови немаат разновидност.

Кога на жените им се дава пристап до можности за развој на кариерата, тие можат да имаат огромно влијание врз нивната компанија.

„Кога бев единствената жена од високиот менаџмент, имав овластување да покренувам иницијативи кои го започнаа процесот на правичност и ги поддржуваа жените и малцинствата низ организацијата, вклучувајќи програма за менторство и лидерски совет за различности. Две години подоцна, одделите  предводени од жени беа оние  со највисоко производство и со најниски стапки на заминување на вработените.“, вели Каросела за Forbes.

Бизнисите кои покажуваат посветеност кон родовата различност имаат тенденција да привлечат и задржат подобри таленти. Според McKinsey & Company, повеќе компании ја идентификувале родовата различност како главен приоритет. Сепак, тоа не секогаш се рефлектира во културата и политиките на компаниите – и тоа влијае на задоволството од работата на вработените и на тоа колку долго и мажите и жените сакаат да останат во компанијата.

Како компаниите можат да го надминат  родовиот јаз?

Организациите  можат да го затворат родовиот јаз со тоа што еднаквоста ќе стане стратешка цел, исто како и секоја друга деловна цел. Лидерите треба да создадат култура која поттикнува безбедна комуникација за да може искрено да се разговара за теми како нееднаквоста. Ова ќе го олесни идентификувањето и коригирањето на родовата нееднаквост низ целата организација. Управните одбори треба да ги претставуваат сите форми на различност. Понудите за плата треба да се засноваат на работата, а не на тоа  колку заработувале  на последната позиција; бидејќи жените обично се платени помалку од мажите, ова треба да помогне да се избалансираат претходните нееднаквости во платите.

Додека некои работи треба да се случат на ниво на јавна политика, организациите како Lean In, McKinsey и Paradigm for Parity наведоа конкретни активности што можете да ги преземете за да направите вистинска промена во вашата компанија.

Време е конечно да се затвори родовиот јаз и да се искористи потенцијалот што светот го занемарува со векови.

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки24 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас