здравје
Зошто се Ковид бројките толку високи кога милиони луѓе се вакцинирани? Виновна е делта варијантата, велат експертите

Доминантната варијанта на делта ја намали ефикасноста на понудените вакцини, а некои нови студии покажуваат дека имунитетот обезбеден со вакцини се намалува со текот на времето.
Ако го погледне бројот на нови ковид случаи во САД, Британија и остатокот од светот, човек ќе помисли дека и покрај 18 месеци глобална здравствена криза и напредниот процес на вакцинација во многу земји, се’ уште се наоѓаме во истата лоша ситуација како и претходно.
Како што пишува CNBC, бројот на нови инфекции регистрирани дневно на американскиот Запад останува висок, па дури и потсетува на некои претходни пикови од пандемијата.
На пример, 7-дневниот просек на дневни случаи изнесува 153.246, што е пораст од 4,9% споредено со претходниот седмичен просек, и дури 123,6% повисок од вредноста пред една година, според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести – CDC.
Стапките на нови инфекции остануваат високи и во Велика Британија. Заклучно со 6 септември, седумдневниот просек на нови случаи беше речиси 39.000, а без малку 40.000 нови случаи беа регистрирани во средата.
Во земјите на ЕУ, во седумте дена до 5 септември, 405.774 нови случаи беа регистрирани, според Европскиот центар за контрола и превенција на болести – ECDC, со тоа што Ирска, Франција, Шведска, Португалија, Грција и Бугарија се меѓу земјите што пријавија највисоки бројки на новозаразени на 100.000 жители.
Големиот број случаи останува да се припише на ширењето на многу заразна варијанта на делта, која ги „узурпираше“ претходните варијанти кои и самите беа позаразни од оригиналниот вид на „Ковид-19“.
Како и да е, порастот на случаи е паралелен со напредокот на програмите за вакцинација на Запад со тоа што мнозинството возрасни во САД и Европа сега се целосно вакцинирани.
Во САД, 62,4% од сите луѓе над 12 години се целосно вакцинирани, покажуваат податоците на ЦДЦ, додека над 82% од постарите од 65 години се целосно заштитени. Во В. Британија 80,4% од населението над 16 години се целосно вакцинирани, а во ЕУ/ЕЕА, 70,4% од возрасните примиле две дози вакцина против коронавирус, покажуваат податоците на ЕЦДЦ.
Најважно, бројот на хоспитализации и смртни случаи паралелно со високиот број нови случаи остана помал (и за некои земји, многу помал) отколку во претходните точки на пандемијата кога стапките на вакцинација беа многу помали, што докажува дека вакцините против коронавирус што се користат на Запад драматично ја намалуваат шансата за тешка инфекција, хоспитализација и смрт.
Сепак, ниту една од вакцините што се користат во САД или Европа не е 100% ефикасна, што значи дека некои вакцинирани луѓе ќе добијат Ковид (т.н. „breakthrough cases“) и мал број од нив ќе се разболат. Доминантната варијанта на делта, исто така, ја намали ефикасноста на понудените вакцини, а некои нови студии покажуваат дека имунитетот обезбеден со вакцини се намалува со текот на времето.
Зошто има толкав број на нови случаи?
CNBC ги праша епидемиолозите од Британија зошто случаите остануваат толку високи со оглед на релативно високите стапки на вакцинација на Запад.
„Варијантата на делта е многу заразна и ова го објаснува континуираниот голем број случаи сега кога се мешаме многу послободно откако се ублажија повеќето ограничувања“, вели Ендрју Фридман, специјалист за заразни болести на Медицинскиот факултет во Кардиф.
„Оние што сега го заразуваат Ковид, се микс од невакцинирани, делумно вакцинирани и двојно вакцинирани луѓе. Голем дел од новозаразените е кај (невакцинирани) деца и адолесценти “, истакна тој.
„Знаеме дека вакцините се само делумно ефикасни во спречувањето на луѓето да ја фатат варијантата делта, но се многу поефикасни во заштитата од тешки болести, хоспитализација и смрт. Целосно вакцинираните лица главно добиваат само благи симптоми ако се заразат, иако мал дел од популацијата, особено постарите и поранливите луѓе, се’ уште добиваат потешка форма “.
Во В,. Британија , најновите податоци од студијата ZOE Covid, која ги следи симптомите и инфекциите на Ковид во заедницата користејќи ги податоците од околу милион луѓе секоја недела, проценуваат дека во целосно вакцинирана популација, во моментов има 17,674 нови дневни симптоматски случаи во земјата.
Во меѓувреме, новите случаи на „Ковид“ се највисоки кај оние на возраст од 0-18 и 18-35 години, од кои многумина се само делумно вакцинирани (две дози од вакцина се од витално значење за да се постигне максимална заштита), или невакцинирани.
Слични податоци се однесуваат на САД и остатокот од Европа во текот на минатиот месец: податоците од ЦДЦ покажуваат дека најголем број на случаи се пресметани кај адолесценти на возраст од 16-17 години (иако возрасните групи од 12-49 години забележале нагло зголемување на случаите ). Во ЕУ/ЕЕА, најголем број случаи има кај возраста од 25-49 години, следи групата од 15 – 24, како и зголемен број случаи кај деца, на возраст од 5-14 години.
Епидемиолозите и експертите за јавно здравје веќе подолго време го искажуваат ставот дека Ковид-19 е нешто на кое што ќе треба да се навикнеме, дека вирусот ќе стане ендемичен и сега не може да се искорени.
Спроведувањето на таканаречената стратегија „нула Ковид“ (со цел да се елиминираат сите случаи на Ковид) се гледа како безнадежна иницијатива од повеќето земји, иако Австралија и Нов Зеланд спроведоа таква стратегија. Австралија на крајот на август објави дека се откажува од таквата политика, сепак, со оглед на ширењето на многу заразната варијанта на делта. Нов Зеланд засега ја одржува својата стратегија.