Connect with us

менаџмент / маркетинг

Зошто улогата на директорите одговорни за стратегија е сѐ поважна во компаниите

Лидери на промените

објавено

на

И додека организациите се борат со долготрајните ефекти на геополитичките тензии и економските несигурности, мултифункционалната експертиза на овие директори (Chief Strategy Officer – CSO) и нивното размислување насочено кон  стратешки раст и развој се покажаа како непроценливи за нивните организации.

Во свет дефиниран со постојани промени, улогата на директорите одговорни  за стратегија (анг. Chief Strategy Officer – CSO) е сè поважна. И додека организациите се борат со долготрајните ефекти на геополитичките тензии и економските несигурности, мултифункционалната експертиза на овие директори и нивното размислување насочено кон  стратешки раст и развој се покажаа како непроценливи за нивните организации.

Со цел да се разбере еволуцијата на улогата на CSO во согласност со барањата на окружувањето, Deloitte спроведе  анкета меѓу 117 директори одговорни за стратегија во дваесет земји, која потоа беше дополнета со интервјуа со многу од нив. Наодите фрлаат светлина врз еволуцијата и модернизацијата на функцијата на CSO, како и активните чекори што тие ги преземаат за да одговорат на променливите потреби на пазарот.

Забрзано формирање на тимови

Најпрво, забележливо е дека одделот за стратегија и улогата на CSO се модернизираат и развиваат во согласност со променливата средина. Организациите ѝ посветуваат сè повеќе ресурси и луѓе на функцијата на стратегијата, со што се одразува нејзината зголемена важност во управувањето со трансформацијата на компанијата.

Имено, формализирањето на стратешката функција со посветен директор и вработени станува сè помасовно, придружено со проширување на улогата на оваа функција. Дури 74 проценти од испитаниците одговориле дека нивните организации го решаваат концептот на стратегија користејќи формална корпоративна функција со посветено раководство и персонал – тоа е зголемување за 12 процентни поени во споредба со 2021 година.

Понатаму, одделенијата за стратегии (на оние компании што ги имаат) исто така пораснаа, при што 35 проценти од анкетираните организации имаат повеќе од десет посветени вработени во тој оддел, што е зголемување за шест процентни поени во споредба со 2021 година. Затоа, може да се заклучи дека инвестициите на  компаниите во капацитетите и можностите на CSO и нивните тимови e во корелација со пазарната неизвесност, односно со растот на интензитетот и зачестеноста на пазарните осцилации.

Понатаму, контурите на одделот за модерна стратегија станаа појасни отколку во изминатите години, а организациите кои допрва треба да ја формализираат функцијата ќе имаат корист од активно воспоставување формална функција за стратегија.

Формализирањето на стратешката функција со посветен директор и вработени станува сè помасовно, придружено со проширување на улогата на оваа функција. Дури 74 проценти од испитаниците одговориле дека нивните организации го решаваат концептот на стратегија користејќи формална корпоративна функција со посветено раководство и персонал – тоа е зголемување за 12 процентни поени во споредба со 2021 година.

Гледање во иднината

Анкетата исто така покажува дека функциите на одделенијата за стратегии и улогата на CSO претрпуваат големи промени. Директорите за стратегија  играат клучна улога во поттикнувањето на организацискиот раст, градењето на издржливост и зголемувањето на профитабилноста. Имено, иако сите членови на менаџментот на компанијата имаат стратешка одговорност во рамките на нивните домени, тие најчесто го фокусираат најголемиот дел од своето време на секојдневните обврски за водење бизнис или функција. Областа на CSO, од друга страна, е севкупната стратегија на компанијата. CSO имаат движечка улога во предвидувањето на иднината и мобилизирањето на организацијата да одговори на предизвиците.

Основната задача на CSO е да поттикнат повторно разгледување на долгогодишните стојалишта, т.н. корпоративни догми и да ги поттикнат колегите менаџери да размислуваат за пазарната средина на поинаков начин. Со цел да се постигне ова, тие мора да изградат доверба и репутација преку познавање на индустријата и компанијата и способноста за донесување одлуки во често оспоруваните стратешки избори. Затоа, добар  CSO  мора да има визија и да ги знае алатките и методологиите за моделирање на стратегии. Треба да знае и како да воспостави добри односи со менаџерскиот тим и да бидете добар модератор на работилници за brainstorming – креативни состаноци за заедничко барање и разгледување на идеи и креативна дискусија.

Врзивно ткиво во рамки на организацијата

Како што организациите се прилагодуваат на променливата средина, нивните стратешки функции стануваат поформализирани, поголеми и поагилни. Имено, термините „пресек“ и „конектор“ ја резимираат улогата на CSO, покажувајќи дека овие директори мора да иницираат и да ги модерираат клучните дискусии и соработки во и надвор од нивните организации. На внатрешен план, CSO ја прошируваат својата функција така што работат на ниво на седиште (централа на компанијата), но и на ниво на деловни единици со цел да се зајакне врската помеѓу корпоративната стратегија и работењето.

Традиционалните централизирани оперативни модели се заменуваат со децентрализирани модели кои им овозможуваат на CSO ефективно да ги балансираат нивните улоги. Со вклучување на стратешката функција во деловните единици, тие можат да ја транспонираат стратегијата во операциите и на тој начин да ја зголемат вредноста на целата организација. Нивната улога во поврзувањето на централата и деловните единици ги намалува ризиците од имплементацијата, односно можноста стратегиите да завршат само во некоја фиока,  наместо да станат опиплива и активна иницијатива.

Оваа кохезивна улога, исто така, им овозможува да одржуваат силна внатрешна мрежа на контакти и соработка низ целата организација, што им помага да го следат внатрешното функционирање на организациите и поголема вклученост на вработените на сите организациски нивоа во усвојувањето на стратегии и спроведувањето на стратешките иницијативи.

Директорите за стратегија  играат клучна улога во поттикнувањето на организацискиот раст, градењето на издржливост и зголемувањето на профитабилноста. CSO имаат движечка улога во предвидувањето на иднината и мобилизирањето на организацијата да одговори на предизвиците.

Активно ја поврзуваат компанијата со надворешните елементи

Интервјуата на Deloitte  со ЦСО  ја потврдуваат практиката на транзиција кон нов, федеративен  модел на функционирање. Еден од нив сликовито истакнал: „Имаме оддел за стратегија што повеќе делува како повратна спрега со оперативата, наместо како функција која ги спушта императивите од горе надолу; ние интегрираме тимови кои ја ‘слушаат и чувствуваат’ организацијата за да можеме подобро да ја обликуваме корпоративната стратегија. Ова помага да се поврзе процесот на дефинирање на стратегијата и нејзината имплементација.“

Исто така, покрај внатрешното поврзување, CSO  активно ја поврзуваат компанијата со надворешни елементи. Тие преземаат активна улога во претставувањето на нивните организации во економскиот екосистем (преку различни претставнички тела, здруженија, партнерства итн.) бидејќи ја препознаваат силната корелација помеѓу трендовите на пазарот и резултатите на нивната сопствена организација. Имено, во деловните екосистеми, границите меѓу конкурентите и партнерите се намалуваат, а учесниците на тој екосистем еволуираат заедно за да создаваат, прошируваат и служат на пазарите на начини кои ги надминуваат можностите на поединечните организации.

Во истражувањата што ги спровеле од Deloitte, забележале и постоење на различни приоритети на CSO во успешни и помалку успешни кампањи кога станува збор за нивниот фокус и оперативен ангажман – тоа е сосема нормално ако се земат предвид приоритетите што им се наметнуваат на компаниите на различни нивоа на финансиски успех и во фазите на деловната зрелост .

Теми во фокусот на директорите за стратегија

Имено, од истражувањето забележливо е дека CSO на стабилни и успешни организации даваат приоритет на теми ориентирани кон иднината, додека оние во помалку успешните компании се фокусираат на преструктуирање и пренасочување на нивните компании. Финансиската стабилност и деловниот успех на компаниите им овозможуваат на нивните CSO да дадат приоритет на интегрирањето на искуството на клиентите или “зелените” и општествено одговорни практики во стратегијата на нивната организација. CSO на помалку успешните компании пак, го насочуваат својот фокус навнатре за да пронајдат нови можности за раст преку нови бизнис идеи и иновации, додека истовремено „ја доведуваат в ред својата куќа“.

Разликите се видливи и во тоа што CSO на поуспешните компании поминуваат повеќе време во улога на советници кои помагаат во обликувањето на стратегијата и како менаџери на специјални проекти/иницијативи со големо влијание, додека во помалку успешните компании тие се концентрираат на улогата на „инженер“, односно лицето одговорно за дизајнирање и управување со процесот на стратешко планирање. Причината можеби е тоа што приоритет на помалку успешните организации е брзо менување на насоката на перформансите што слабеат, поради што е попотребно CSO  да бидат попрагматични и пооперативни за да поттикнат промени и да имаат поголема контрола врз спроведувањето на стратегијата.

Кон одржлив успех

Без оглед на разликите, кај двете групи директори за стратегии (во поуспешни и помалку успешни организации) се забележува интерес за инвестирање на сопствените ресурси во идентификување области на иден раст со цел подобро да ја подготват својата организација за следниот период. Додека одржувањето на деловната стабилност е клучно за оперативната ефикасност и доверливост, инвестирањето во иновации и истражување е клучно за долгорочниот раст на компанијата. Затоа, истражувањето покажува дека CSO имаат тенденција да пренасочуваат дел од своите ресурси во признати области за раст во иднина.

Улогата на CSO  претрпува големи промени како одговор на брзо менување на околината. Се чини дека многу организации инвестираат во функцијата (одделот) за стратегија и кон нив ги прилагодуваат моделите на дејствување во корпоративната структура. Имено, адаптацијата на улогата на CSO и нејзините тимови е водена од потребата за навигација пред новите предизвици, искористување на можностите на пазарот и водење на организациите кон одржлив успех. Директорите одговорни за стратегија денес имаат влијателно место во управните одбори, но за да ја задржат таа позиција, тие мора постојано да ја развиваат својата улога – да се прилагодуваат со исто темпо или чекор понапред од  светот што динамично се менува.

економија14 часа ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија7 дена ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија7 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија7 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија7 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија7 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%