Connect with us

македонија

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

Регионот се бори против инфлација: бран поевтинувања во Хрватска, Србија, Македонија…

објавено

на

Високите цени на храната и најавите дека претстои „жешка“ есен со нови  поскапувања и покрај стабилизацијата на цените на светските берзи ја натераа Владата да донесе нови мерки за зауздување на цените на основните продукти во домашните маркети. Граѓаните се револтирани поради тоа што практично со секое ново влегување во продавница, гледаат повисоки цени. Трговците се правдаат дека од добавувачите добиваат повисоки цени, тие пак велат дека производството им поскапува поради поскапите инпути.

Бран на поевтинувања и на храната и другите основни производи се прошири низ регионов, а сега на ред дојдоа и цените во македонските маркети. Прво, во март во Црна Гора властите формираа „Антиинфлациска кошничка“ која вклучи 25 производи и ограничени цени. Трговците имаа избор дали да учествуваат во оваа акција, како и кои производи од кошничката ќе ги продаваат по ограничени цени. Моделот потоа го презеде хрватската влада, која исто така ги замрзна цените на триесетина прехранбени производи и артикли.

Но во Хрватска, властите побара од трговците и да ги вратат цените на ниво од 31 декември 2022 година. Во оваа земја од регионот која е и членка на ЕУ,   моменталната инфлација изнесува 7,8 проценти.  Во Србија, почнувајќи од 20 септември, 20 прехранбени продукти добија намалени цени. Тука мора да го спомнеме и циркусот што го приреди српскиот претседател Александар Вучиќ, којшто прво на прес конференција вадеше артикли од кошничка за да се пофали што сѐ поевтинило , а потоа го прифати предизвикот на главниот уредник на НИН заедно со двајца министри да појадуваат леб и евтина  и неквалитетна салама со мајонез, за први да ги дегустираат производите со намалени цени кои му ги нудат на народот. Потегот предизвика потсмев низ Србија и целиот регион, истакнувајќи го само лицемерието на функционерите коишто обично немаат допир со реалната ситуација на граѓаните и патетиката на Вучиќ по којашто е познат.

Трговците  реагираа дека маркетите немале доволно време за да се прилагодат на новите мерки. Но, премиерот Димитар Ковачевски вели дека имале доволно време да направат корекции на цените. „Кога се работи за зголемување на цените, тие може преку ноќ да се зголемат, така што истото тоа може да биде направено и за намалувањето на цените“, рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата. 

Трговците  немале време за корекции на цените

И во Македонија властите се придружија кон акцијата „леб и игри за народот“ којашто го зафати регионот. Најново е што се  проширува листата на производи со „гарантирана цена“ во македонските маркети. Од четвртокот (27.09)  по намалени цени (треба да) се продаваат и пијалаците, а се намалува и маржата за овошјето и зеленчукот. На новата листа на производи кои ќе се продаваат по пониска цена се најдоа и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Кај некои производи, намалувањето ќе биде од 10 до 30 проценти.

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе нова одлука со која поевтинуваат светлото пиво и лагер пивото, газираните и негазираните пијалаци, со исклучок на енергетските пијалаци, минералната газирана и негазирана природна вода. За 10 проценти ќе се намали цената на овие производи по која што се продавале на 19 септември. Акцијата „Гарантирана цена“ за сите овие производи ќе важи до 30 ноември.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во вторникот (26.09) информираше дека е донесена нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи.

„Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување“, рече Ковачевски.

Трговците  реагираа дека маркетите немале доволно време за да се прилагодат на новите мерки. Но, Ковачевски вели дека имале доволно време да направат корекции на цените. 

„Кога се работи за зголемување на цените, тие може преку ноќ да се зголемат, така што истото тоа може да биде направено и за намалувањето на цените“, рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата. 

Владата претходно објави листа на околу 500 производи во 25 категории, за коишто маркетите беа обврзани да ја намалат цената за најмалку 10 проценти. За оние коишто не ја почитуваат мерката се предвидени казни, но и затворање на маркетите. Некои од трговците веќе ги почувствуваа санкциите.  

Министерот за економија Крешник Бектеши ги обелодени имињата на маркетите кои деновиве во скопскиот регион беа затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат затоа што не ја почитувале новата одлука на Владата за поевтинување на производите и за гарантираната цена. Тој ги обвини медиумите дека намерно не ги споменуваат маркетите со име затоа што, како што рече, „најверојатно ви ургираат поради рекламите“. Според него, станува збор за маркети од синџирите „Веро“ и „Вива фреш“.

Бизнис заедницата со негодување реагираше на казните од страна на Инспекторатот којшто затвори некои синџири маркети, тврдејќи дека “мерките се престроги, драконски и непотребни и предизвикуваат штети“. „Затворањето на продавниците треба да биде последното нешто кон коешто ќе прибегнат институциите“, рече извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев. Според него, затворањето никому не носи бенефит, особено не сега, кога се намалени цените.

Казни за непослушните

Бизнис заедницата со негодување реагираше на овие казни од страна на Инспекторатот, тврдејќи дека “мерките се престроги, драконски и непотребни и предизвикуваат штети“.

„Затворањето на продавниците треба да биде последното нешто кон коешто ќе прибегнат институциите“, рече извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, коментирајќи го затворањето на неколку синџири маркети во Скопје и Струга. Според него, затворањето никому не носи бенефит, особено не сега, кога се намалени цените.

„Учествував на двата состанока во Министерството и со големите синџири супермаркети и со дистрибутерите. Искажана беше подготвеност да се поддржи иницијативата за намалување за десет отсто на таа класа производи која беше важна за Министерството. Мислам дека никој тоа не го направил намерно и не треба да се злоупотреби. Иако се зборува за 24 класи артикли, цената требаше да им се смени на 1 200. Мерката е драконска, непотребна и предизвикува штети, а дека Министерството има можност да ги затвора објектите, веројатно има. Тоа треба да биде последната мерка кон која Министерството треба да прибегне“, изјави Пешев.

Министерот Бектеши на ова коментираше дека одлуката и најавата за намалување на цените  не се направени преку ноќ.

„Прво имаа рок од речиси 10 дена да ги направат тие измени. Имавме директни состаноци и со големите синџири супермаркети, добавувачите и производителите и тоа една недела пред да се донесе мерката на владина седница и другиот ден да биде во функција“, рече тој. Додаде и дека како министерство имаат одлична соработка со Стопанската комора, но според него оттаму има контрадикторни изјави.

„Го слушнав претседателот на Комората,  Бранко Азески, кој во телевизиско гостување рече дека во државата треба да постапуваат сите инспекции согласно законските одредби. И ние го почитуваме тоа што е како порака од првиот човек на Стопанската комора и му ја исполнивме желбата и така ќе биде и во делот на затворањето, но и во делот на забрана за вршење на дејноста на одредени компании кои би можеле да работат спротивно на законските одредби“, рече Бектеши.

Бран на поевтинувања на основни артикли го зафати регионов, откако прво во март, Црна Гора формираше „Антиинфлациска кошничка“ која вклучи 25 производи и ограничени цени. Моделот потоа го презеде хрватската влада, која исто така ги замрзна цените на триесетина прехранбени производи и артикли. Во Србија, почнувајќи од 20 септември, 20 прехранбени продукти добија намалени цени. Тука мора да го спомнеме и циркусот што го приреди српскиот претседател Александар Вучиќ, којшто прво на прес конференција вадеше артикли од кошничка за да се пофали што сѐ поевтинило , а потоа го прифати предизвикот на главниот уредник на НИН заедно со двајца министри да појадуваат леб и евтина  и неквалитетна салама со мајонез, за први да ги дегустираат производите со намалени цени кои му ги нудат на народот.

Кој е крив за високите цени?

Високите цени на храната и најавите дека претстои „жешка“ есен со нови  поскапувања и покрај стабилизацијата на цените на светските берзи ја натераа Владата да донесе нови мерки за зауздување на цените на основните продукти во домашните маркети. Граѓаните се револтирани поради тоа што практично со секое ново влегување во продавница, гледаат повисоки цени.  

Според Државниот завод за статистика за три години  цените на храната и безалкохолни пијалаци пораснале за без малку 50 проценти. Но,  не заостануваат и другите сфери. Цените во транспортот пораснале за 38 проценти, во домувањето, вода, електрика, гас и други горива 32,3 проценти, мебелот, покуќнина и одржување на покуќнина 27,4 проценти, ресторани и хотели 41,5 проценти, алкохолни пијалаци и цигари 22,7 рекреација и култура 17,8 и останати стоки и услуги 23,5 проценти. Вкупниот пораст на цените изнесува 33 проценти.

Потрошувачите  гневот за овие поскапувања и опаднатиот животен стандард  го насочуваат кон трговците, коишто во нивните очи ловат во матно и ја искористуваат секоја прилика за повисока заработка.

Владата најави анализа на состојбата и испитување на можноста за неконкурентно однесување на компаниите и на трговците. Бизнисот, пак, се правда дека новите цени се резултат на порамнувањето и на повисоките цени на репроматеријалите од увоз.

Периодов и од Владата дадоа некакви сигнали дека ќе се позанимаваат со трговци што се залетале малку со поскапувањата, не реагираат никако на новите пониски цени на светскиот пазар, или пак пројавуваат било какво анти – пазарно однесување.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за овие работи разговараше и со претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Владо Наумовски.

На состанокот зборувале  за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.

Битиќи истакна дека Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните.

Економисти велат дека брзото покачување на цените кога суровините и другите трошоци во светот растат и бавната реакција кога светските цени паѓаат е резултат на нарушениот пазарен систем во земјава и обидот на дел од бизнисите да профитираат во таа „матна вода“. Дел од вината за состојбата, според нив, лежи и во мерките кои ги презеде владата за зауздување на цените, со што се нарушија пазарните законитости што пак отвора место за манипулации на трговците. Тие очекуваат добра анализа на состојбите од страна на владата и засилени контролни мерки. 

Маркетите брзо ги креваат цените, а бавно или ич не ги намалуваат

Со бавната реакција на домашните производители и трговци на промените на светските пазари деновиве се позанимава и Институтот за економски политики Finance Think. Нивната анализа потврдува дека бизнисите брзо реагираат кога треба да ги зголемат цените, а бавно или воопшто не реагираат кога цените паѓаат.

„Анализата на трансмисијата од месец во месец укажа дека кога глобалните цени растеа, тие се пренесуваа и од производителите и од трговците, но со многу позасилен интензитет од трговците. Кога глобалните цени опаѓаат, преносот врз македонските цени беше главно оневозможен и од производителите и од трговците, со тоа што повторно улогата на трговците во отпорот цените да се намалуваат беше значајно поголема“, заклучуваат од Институтот.

Оттаму сметаат дека линеарните мерки кои ги презема владата можат да влијаат на бавната реакција на бизнисите во однос на намалување на цените.

„Антикризните мерки што беа воведени во 2022 година помогнаа да се ублажат притисоците врз цените на храната, а преку директни трансфери се понуди и доходна поддршка. Линеарните мерки, како што се намалување на повластена стапка на ДДВ, замрзнување на цените и трговските маржи, како и ослободување од царински давачки, можат да влијаат врз намалување на ефектот на трансмисија на цените на храната. Според ММФ, потребно е да се овозможи соодветна сигнализација на потрошувачите и производителите, со оглед на тоа што ограничената трансмисија може да нанесе поголем притисок врз помалку развиените економии со ограничени фискални капацитети. Во таа насока, фискалната политика треба постепено да ја намали поддршката за линеарни мерки, и подобро да ги таргетира сите преостанати мерки со цел да дозволи домашните цени да ги одразуваат ценовните сигнали“, се вели во анализата.

Трговецот заработува повеќе и при непроменета маржа, а покачена набавна цена. Но…

Капитал зборуваше со сопственик на еден од поголемите синџири на маркети во земјава, којшто сакаше да остане анонимен. Го прашавме зошто цените во Македонија се толку високи, за некои производи повисоки дури и од земјите во Западна Европа, коишто  успеаја стапките на инфлација да ги скротат на пониско ниво од она во македонската економија.

Неговиот одговор беше дека работите не се толку едноставни, затоа што она што го гледаме како крајна цена на полиците во маркетите, има свој бекграунд, односно цената што ја наплаќаат прво производителите, потоа дистрибутерите, и на крајот доаѓа маржата на трговците.

„Нам постојано ни доаѓаат нови цени од дистрибутерите, коишто пак добиваат повисоки цени од производителите, чиешто објаснување е дека им се драстично поскапени суровините и репроматеријалите. Јас како трговец не можам да правам што сакам со цените, затоа што ќе останам без добавувачи, а себеси свесно ќе се одведам во загуба“, вели нашиот соговорник.

За волја на вистината, во приказната со високите лански и овогодишни поскапувања на артиклите, не се ниту трговците сосема невини.

Дали можеа да покажат општествена одговорност со намалување на нивните маргини за некој промил? Да, можеа! Затоа што, ако набавната цена на нешто се зголеми за 40 проценти за две години, трговецот профитира за исто толку без да ја промени стапката на маржа во меѓувреме.

Како? Доколку неговата маржа е пет отсто, по купопродажна цена од 100 денари на пример, трговецот ќе определи малопродажна цена од 105 денари. Доколку набавната цена стане 140 денари, со непроменета стапка на маржа, малопродажната цена ќе биде 147 денари. Во првиот случај, маржата на трговецот ќе биде пет денари, во вториот случај седум денари. Значи, заработката на трговецот, со непроменети трошоци за продажба, се зголемила исто така за 40%.

Но, работите ни тука не се баш така едноставни. Кога добавувачот ја кренал цената за 40%, за што има повеќе или помалку оправдување во растот на трошоците за производство, дал свој придонес во растот на инфлацијата. Инфлацијата ги погодува и вработените во маркетите, коишто, замислете, затоа очекуваат и повисоки плати. Ако трговецот ја намали својата маржа, од поголемите плати нема да биде ништо, нема да има од што да ги финансира, како што нема да има од што да финансира ниту отворање на нов маркет или реновирање на постоечките, а реновирањето исто така поради инфлацијата баеги е поскапено.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи