Connect with us

свет

Зошто Apple, Amazon, Facebook и останатите гиганти брзаат да развијат сопствени чипови?

Придвижувања во технолошкиот сектор

објавено

на

Apple, Amazon, Facebook, Tesla и Baidu пополека ги одбегнуваат веќе етаблираните производители на чипови и одредени аспекти од нивниот развој почнуваат да префрлаат кај себе, според компаниски соопштенија и медиумски стории што може да се прочитаат периодов. Моменталниот глобален недостиг на чипови е една од причините  зошто големите технолошки фирми размислуваат два пати пред да одлучат од каде ќе набавуваат чипови.

Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи зборува за третата генерација чипови за вештачка интелигенција.

Не задоволувајќи се со тоа да се потпираат на стандардните чипови за коишто во моментов во светот постои вистинска јагма поради недостигот на понуда, некои од најголемите светски технолошки компании се обидуваат да развиваат свои сопствени микропроцесори, пишува CNBC.

Apple. Amazon, Facebook, Tesla и Baidu пополека ги одбегнуваат веќе етаблираните производители на чипови и одредени аспекти од нивниот развој почнуваат да префрлаат кај себе, според компаниски соопштенија и медиумски стории што може да се прочитаат периодов.

„Се повеќе, овие компании сакаат специјално направени за нив чипови што ќе ги задоволат потребите на нивните апликации, одошто да ги користат истите генерички чипови како нивните конкуренти. Тоа им дава поголема контрола врз интеграцијата на софтверот и хардверот и истовремено прави да се разликуваат од конкуренцијата“, вели Суед Алам, шеф на глобалниот оддел за чипови во Accenture, огромна светска корпорација во областа на ИТ услугите.

Рас Шо, поранешен директор во британската компанија Dialog Semiconductor, вели дека т.н. custom – designed (направени по нарачка) чипови може да функционираат подобро и да бидат поевтина солуција на крајот.

„Овие специфично дизајнирани чипови може да помогнат при намалување на потрошувачката на енергија на уредите и продуктите од одредена технолошка компанија, без оглед дали се работи за смартфони или за клауд сервиси“, вели Шо.

Моменталниот глобален недостиг на чипови е уште една причина зошто големите технолошки фирми размислуваат два пати пред да одлучат од каде ќе набавуваат чипови, вели Глен O’ Донел, директор за развој во аналитичката фирма Forester.
„Пандемијата направи големи проблеми во синџирите на снабдување со чипови, што само ги забрзува напорите на технолошките гиганти да развијат свои чипови.“

Според него, многу од нив веќе се чувствуваат ограничени во своите иновациски напори поради заглавеноста во распоредите на производителите на чипови.

Од вештачка интелигенција до клауд сервиси

Во оваа фаза, никој од технолошките гиганти не настојува целиот развој на чиповите да го прави сам. За да се направи модерна фабрика за чипови, како онаа на TMSC во Тајван, треба околу 10 милијарди долари и потребни се неколку години.

Во последно време, не поминува месец без барем една голема технолошка компанија да не објави некој нов проект во врска со чипови.

Најеклатантниот пример можеби беше минатата година во ноември, кога Apple објави дека преминува од архитектурата х86 на Intel кон правење на сопствен М1 процесор, којшто сега работи во новите лаптопи iMac, како и таблетите iPad.

Нешто подоцна, Tesla објави дека развива свој “Dojo” чип со цел да ги испробува мрежите на вештачка интелигенција во своите податочни центри. Производителот на електрични возила во 2019 година почна да склопува автомобили со свои чипови за вештачка интелигенција што помогна во тоа софтверот во возилата да донесува одлуки како реакција на тоа што се случува при возењето.

Baidu, попозната како „кинескиот Google”, минатиот месец лансираше чип за вештачка интелигенција, дизајниран да им помогне на уредите да процесираат огромни количини на податоци и да се зголеми моќта на компјутерот. Baidu тврди дека “Kunlun 2” чипот може да се користи во области како што се автономно возење, и дека веќе е влезен во масовно производство.

Некои од технолошките гиганти избраа да држат одредени проекти за чипови под превезот на тајноста.

Google наводно се приближува кон лансирање на сопствени централни процесорски единици – CPU, за своите Chromebook лаптопи. Гигантот планира да ги користи овие CPU во Chromebook лаптопите и таблетите што работат на оперативниот систем Chrome од некаде 2023 година, според извештајот на Nikkei Asia објавен на 1 септември. Google се’ уште не одговорил на барањето на CNBC за коментар околу овие наводи.

Amazon, којшто оперира со најголемиот светски клауд сервис, развива свој мрежен чип за да ги напојува хардверските склопки што ги движат податоците низ мрежите. Ако ова делува, ќе ја намали зависноста на Amazon од производителот на чипови Broadcom. Amazon, којшто веќе дизајнира повеќе видови на други чипови, исто така не одговорил веднаш на барањата на CNBC за коментар.

Главниот научник на Facebook за вештачка интелигенција кажа за Bloomberg уште во 2019 година дека компанијата работи на нова класа на процесори што би можеле да функционираат „многу поразлично“ одошто повеќето постоечки дизајни на чипови.

Хардвер инженерите се сè помалку

Силиконската долина стави премногу акцент на софтверот изминативе неколку декади што доведе до тоа хардвер инженерите да се гледаат како своевиден анахронизам.

Во оваа фаза, никој од технолошките гиганти не настојува целиот развој на чиповите да го прави сам.

„Сè се врти околу дизајнот и перформансите на чипот“, вели Шо. „Во оваа фаза, не се работи за физичко производство, што е многу скапо.“

За да се направи модерна фабрика за чипови, како онаа на TMSC во Тајван, треба околу 10 милијарди долари и потребни се неколку години.

„Дури и Google и Apple се воздржуваат од градење на вакви фабрики. Тие попрво ќе се обратат до TSMC или дури до Intel за да им ги направат чиповите.“, вели О’Донел.

Тој додава дека има недостиг  на кадар во Силиконската долина со вештини потребни да се дизајнираат врвни процесори.

„Силиконската долина стави премногу акцент на софтверот изминативе неколку декади што доведе до тоа хардвер инженерите да се гледаат како своевиден анахронизам. Стана некако многу ‘некул’ да се работи хардвер. И покрај своето име, Силиконската долина сега вработува релативно малку вистински силициумски инженери. “

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка