Connect with us

македонија

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

објавено

на

myWorld International е компанијата која стои зад најуспешната лојална програма, и обезбедува бенефити за купувачите и трговските партнери во над 50 земји во светот. Ваквата глобална позиционираност,  myWorld ја постигнува со атрактивноста на бенефитите кои ги добиваат потрошувачите и трговците, постојаните иновации и нови технологии кои го прават купувањето вистинско задоволство. Дополнително, грижата за своите корисници како и огромниот избор на места за пазарење како локални така и онлајн, го наградуваат секој еден корисник на лојалната програма.

Како всушност функционира myWorld?

Корисниците на myWorld  кои можат да се регистрираат бесплатно и направат свој профил, при секое купување кај трговските партнери на myWorld добиваат бенефити во форма на Cashback (поврат на процент од сумата која ја плаќаат при купување директно на нивната сметка) како и Shopping Points (поени за купување), кои потоа можат да ги искористат за да добијат поголем Cashback, со специјалните Cashback Deals кои ги нудат трговските партнери ексклузивно за потрошувачите на myWorld.

Од друга страна, трговските партнери на myWorld добиваат нови лојални купувачи кои добиваат бенефити од услугите, ефикасно и напредно софтверско решение за лојална програма која самите може да ја уредуваат според сопствените потреби, поголема видливост на нивниот бренд и зголемен профит во нивните продажни места. Обновената програма за трговци се нарекува myWorld Partnership програма, која нуди повеќе функционалности. Трговецот добива препознатливост на својот бренд пред 300.000 регистрирани потрошувачи во Македонија и над 15 милиони во светот. Она што фасцинира кај оваа програма, е дека има над 15 милиони членови, кои своите бенефити може да ги користат во целиот свет, без разлика каде се регистрирани. Пример, доколку сте регистрирани во Македонија, Cashback и Shopping Points ќе добивате и кога пазарите во странство, односно во над 50+ држави и 150.000 трговски партнери. И сето тоа е целосно бесплатно за членовите во целиот свет. Се што треба за да се користат myWorld  бенефитите, е да се направи бесплатна регистрација и да се инсталира myWorld мобилната апликација достапна за Apple и Android.

За да обезбеди квалитетна услуга и врвно шопинг искуство на своите потрошувачи и партнери, myWorld се стреми да ги следи новите трендови и  постојано инвестира во иновации и нови технологии кои го прават купувањето вистинско задоволство. Како за илустрација, последна верзија на myWorld апликацијата нуди можност за директно скенирање на сметките  со што автоматски се добиваат Cashback и Shopping Points. Овој револуционерен пристап наречен Scan & Go  го прави целиот процес многу едноставен и ефикасен.

Најновата Scan & Go опција им овозможува на потрошувачите на myWorld да ги користат бенефитите со едноставно скенирање и поднесување на сметките со својот паметен телефон. Членовите на myWorld ги дели само еден клик до сите бенефити во 55 земји ширум светот. По скенирање на сметката, со помош на OCR софтвер се вчитуваат податоците за валидација. Доколку се исполнат условите за автоматско одобрување на трансакцијата, потрошувачот веднаш добива Shopping Points на својот профил, а Cashback-от го добива штом Трговецот ги подмири обврските за остварениот промет.

Бидејќи навиките на купувачите брзо се менуваат, и онлајн продавниците стануваат прв избор за многу купувачи, во портфолиото на myWorld партнери има над 15.000 онлајн продавници. Но она што е можеби поважно, myWorld има развиено свој Plug-in за интернет пребарувачите кој овозможува да ги добиете своите бенефити секогаш кога правите онлајн нарачка. Ако го резервирате своето следно патување со booking.com или travelWorld.com, или пак нарачувате нешто од eBay или Aliexpress, не грижете се, вашите бенефити автоматски ќе бидат прокнижени на вашиот кориснички профил со mWorld Plug-in.  ,,Групацијата myWorld слави веќе 12та година активно присуство на пазарот во Република Македонија. И веќе 12та година нашите регистрирани потрошувачи имаат повраток на средства при секое свое купување, а на нашите Трговски партнери им носиме нови лојални потрошувачи, а со тоа и нашата тенденција за зголемување на нивниот профит. Денес, myWorld Македонија бележи над 300.000 регистрирани потрошувачи кои своите предности можат да ги добијат кај преку 900 продажни места во земјата”- изјавија од компанијата.

Она што е важно да се напомене, myWorld неодамна ја доби престижната награда за најдобра лојална програма во САД за 2023 г. во избор на престижниот магазин Newsweek со традиција од 90 години.

Мисијата на бенефит програмата на myWorld, е на што повеќе потрошувачи да им донесе повраток на средства при своите секојдневни пазарувања, а на трговските партнери кои се дел од лојалната програма, зголемен профит и лојални клиенти.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал