Connect with us

економија

Иван Штериев објаснува зошто Берзата купи 10% од акциите на Депозитарот: Се отвораат бројни заеднички развојни можности и за двете институции

објавено

на

„Ова подразбира воспоставување на уште поблиски деловни и стратешки билатерални релации и реализација на дополнителни синергии, заеднички проекти и инвестиции во повеќе сегменти, со особен нагласок на ИТ аспектите и набавката и користењето на ИТ опремата“, објаснува директорот на Македонска берза.

Македонската берза неодамна се стекна со акции во Централниот депозитар со хартии од вредност, одлука, за којшто директорот на Берзата, Иван Штериев, објаснува дека е мотивирана од повеќе причини и е нешто што како појава постои на многу други пазари. Со оваа трансакција берзата засега се стекна со 10% од акциите на Депозитарот и самиот потег значи спроведување на претходна одлука на Одборот на директори на Берзата за стекнување на сопственички удел во оваа институција.

„Постојат бројни развојни можности и потенцијали во работењето и функционирањето на Берзата и Депозитарот во доменот на т.н. вертикална интеграција на овие две инфраструктурни пазарни институции. Ова подразбира воспоставување на уште поблиски деловни и стратешки билатерални релации и реализација на дополнителни синергии, заеднички проекти и инвестиции во повеќе сегменти, со особен нагласок на ИТ аспектите и набавката и користењето на ИТ опремата“, објаснува Штериев за Капитал.

Во моменталните услови, како што вели тој, ова сопственичко поврзување е уште пологично поради постоење на иста структура на доминантните акционери во двете организации. Тој додава, дека од аспект на Берзата, ова отвора можности во услови на ниски каматни стапки и одредени нормативни ограничувања за инвестирање на нејзините финансиски средства, тие ефикасно да се пласираат.

„Истовремено, уверени сме дека со овој деловен потег ќе се зголеми акционерската вредност на моменталните акционери во Берзата и ќе се зголеми специфичната тежина на Македонската берза во процесите на регионалните интеграции.“

Кога сме кај темата регионалните интеграции на пазарите на капитал, да потсетиме дека Загрепската берза веќе поседува удел во Македонската берза и минатата година се обиде да го зголеми позначајно, преку учество на јавната берзанска аукција, кога се продаваа 10% акции од Берзата што беа во сопственост на Еуростандард банка, која отиде во стечај. Меѓутоа, неуспешно, и како што вели Штериев, тоа го забави процесот на посериозно влегување на Загрепска берза во Македонска берза и сега таа поседува нешто над 7% од акциите.

„Уште еднаш се покажаа разликите помеѓу деловниот резон и начинот на вреднување на акциите од страна на локалните пазарни играчи наспроти странските инвеститори. Воедно, во овој конкретен случај странскиот инвеститор мораше сите постапки да ги прави најтранспарентно, со што веројатно привлече конкуренција којашто има сосема други приоритети што не се поврзани со развој на домашниот пазар на капитал.“, смета Штериев.

Тој потсетува, што е истакнато и во повеќе наврати досега, дека интегрирањето во некоја поголема берзанска групација е повеќегодишно настојување на Македонска берза како одговор на лимитираните автономни фактори за поекспанзивен развој и потребата од посеопфатен know-how  и бизнис вмрежување.

„Поради ова,  и нашите акционери одлучија во Одборот на директори да имаме и претставник на Загрепската берза. А, што се однесува до тековната соработка помеѓу нашите две берзи, таа е на завидно ниво во повеќе области, почнувајќи од проектите во рамките на СЕЕ ЛИНК, преку crowdfunding платформата Funderbeam, па се’ до заедничка понуда на едукациски обуки. Очекуваме поголема соработка на двете берзи и отворање на нови развојни проекти, чиешто интензивирање би било поврзано со евентуалното дополнително зголемување на сопственичкиот удел на Загрепската берза. “

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор