Connect with us

интервју

Игор Давков: Скопје Ист Гејт  е нов „град во градот“

Игор Давков, извршен директор на Скопје Ист Гејт

објавено

на

„Скопје Ист Гејт ја реализира визијата за модерно Скопје. Уникатниот Скопје Ист Гејт се гради на една скопска историја, култура, уметност и енергија и дава ветување за сите оние кои ќе живеат, работат, ќе уживаат во шопинг и ќе се забавуваат во новиот енергичен град во град наречен Скопје Ист Гејт.“

СКОПЈЕ ИСТ ГЕЈТ jа ревитализира перцепцијата на градот Скопје како метропола од светска призма – Ист Гејт Мол, Ист Гејт Ливинг и Ист Гејт Бизнис се три монументални проекти кои ќе остават временски печат и ќе ја трасираат иднината на еден нов и модерен град во Градот Скопје. Разговаравме со Игор Давков, извршен директор на Скопје Ист Гејт.

Што ќе значи за развојот и иднината на Скопје целиот комплекс Ист Гејт кога ќе биде целосно готов и функционален?

Скопје Ист Гејт ја реализира визијата за модерно Скопје. Уникатниот Скопје Ист Гејт се гради на една скопска историја, култура, уметност и енергија и дава ветување за сите оние кои ќе живеат, работат, ќе уживаат во шопинг и ќе се забавуваат во новиот енергичен град во град наречен Скопје Ист Гејт.

Скопје Ист Гејт е комплексен проект кој се развива последните четири години. Проектот инкорпорира трговски центар од последната генерација на трговски центри чија вкупна изградена површина изнесува 162.000м2. Ова го прави најголем и водечки трговски центар во регионот. Во 2021 година ја започнавме првата фаза од резиденцијалниот проект кој на Скопје ќе му донесе вкупно  1.600 станбени единици во наредните 5 години. До крајот на третиот квартал од следната година очекуваме да се комплетира првата фаза со 670 станбени единици. Веќе се прават подготовки за отпочнување на втората фаза која треба да започне следната година со изградба на две станбени згради. Во изминатата година работевме на планирање на сегментот на канцелариските згради и очекуваме наскоро да почнеме со проектирање на првата зграда со што и официјално ќе ја почнеме третата компонента на проектот. Се работи за вкупно пет бизнис центри со вкупна бруто изградена површина од приближно 100.000 м2, како и дополнувања од 25.000м2 зеленило и паркови, игралишта кој ќе бидат дел од станбениот проект. Во финалната фаза, Скопје Ист Гејт ќе го рефлектира модерно Скопје, ќе претставува модерен екосистем за една деловна заедница и напреден стил на живот.

Колкава ќе биде на крајот целокупната инвестиција во Ист Гејт Комплексот и на колку е проценета целата додадена вредност на економијата?

Целокупната инвестиција по денешни цени имајќи го предвид ефектот на инфлацијата е проценета на околу 500 милиони евра. Нето додадената вредност се проценува на 25-30% во зависност од сегментот. Градот Скопје и Општината Гази Баба само на основа на комуналии ќе инкасираат приближно 43 милиони евра. Се проценува дека бизнис сегментот и трговскиот центар ќе отвори приближно 10.000 нови вработувања.

По што ќе се издвојува станбениот и деловниот простор во Ист Гејт, во смисла на стандардите на домување и работење?

Со Ист Гејт Ливинг го враќаме она што значеше стандард на простор за живеење во градби со модерен стил на архитектура изведени по највисоки стандарди на изградба. Се обидуваме да внимаваме на секој детаљ од фазата на планирањето па се до изведбата. Проектот се гради со најдобрите материјали и стандарди за енергетска ефикасност. Цениме дека на потрошувачите им нудиме пред се функционален простор испланиран до најситниот детаљ. Бизнис зградите треба да го донесат првиот канцелариски парк во Скопје во кој идните закупци ќе можат да работат во простор дизајниран и изведен по последните стандарди за канцелариски простор. Очекуваме канцеларискиот парк да стане новиот центар на деловниот свет во Скопје. Веќе неколку компании покажаа интерес за проектот и очекуваме во текот на следната година да ја објавиме стратегијата за развој и на овој сегмент од проектот.  

Ја прославивте првата година од работењето на Ист Гејт Мол, па може ли да сумираме за читателите што значи тоа во бројки?

Ист Гејт Мол по само една година од работењето, е речиси целосно закупен. Центарот располага со над 250 продажни места и е место во државата во кое најголемите трговски марки и групации одлучија да ги лансираат своите најголеми формати на продавници, први продавници или имаа прво влегување на македонскиот пазар. Со  влегувањето  на H&M  во Ист Гејт Мол, центарот има целосна понуда на меѓународни брендови во сите сегменти на модата на едно  место. Покрај H&M, центарот е уникатен по тоа што во него свои продавници имаат сите модни брендови на Inditex и сите модни брендови на LPP. Форматот на продавниците, односно нивната големина исто така го издвојува Ист Гејт Мол од другите центри и дава можност на потрошувачите да уживаат во сосема различен избор на модни парчиња.

Центарот годината ќе ја заврши со реализиран промет на трговците од приближно 100 милиони евра и приближно 8 милиони посетители. Во услови на една исклучително тешка година полна со предизвици, како што беа ковид мерките во првиот квартал од годината, а подоцна и растечката инфлација и зголемените цени на енергенсите можеме да сумираме дека трговскиот центар успешно се позиционираше на пазарот, успеа да створи редовни посетители како нова урбана дестинација. Но не само тоа, центарот ја подигна конкуренцијата на пазарот на трговски центри во Скопје и наметна едно сосема поинакво пазарно опкружување кое согласно нашите проценки влијаеше на подигање на квалитетот на услугите кои трговските центри ги нудат за своите посетители но и за своите закупци..

Што значи една година работење од аспект на структура на посетителите  – домашни и странски? Дали сте задоволни од остварениот промет, земајќи ја предвид куповната моќ на пазарот и другите параметри –криза, инфлација, итн.?

Трговскиот центар во последните месеци генерира над 800.000 посетители месечно, од кои еден не така мал дел се од соседството. За време на викендите посетеноста е најголема и достига до 40.000 посетители. Еден значаен дел од нашите посетители се од внатрешноста на Македонија и од странство со што центарот се позиционира како регионална дестинација. Стапка на конверзија на посетителите во купувачи изнесува приближно 80%, а просечна фискална сметка од приближно 20 евра по потрошувач. Овие податоци само ја потврдуваат констатацијата дека се работи за трговски центар кој е дестинација за потрошувачите. Инфлацијата и намалената куповна моќ на потрошувачите секако влијаеше на нашите иницијални проекции како за посетеност, така и за реализиран промет. Се работи за многу краток период од само 14 месеци, сепак она што охрабрува е дека трговскиот центар секој месец има органски раст како во посетеноста така и во вкупниот промет на закупците. Очекуваме овие трендови да продолжат и следните две години кога трговскиот центар би требало да го достигне својот целосен потенцијал. 

Донесовте неколку брендови што не беа претходно на македонскиот пазар, го донесовте и долго очекуваниот H&M… Што може да очекуваат потрошувачите во 2023, ќе има ли некакви големи изненадувања?

Преговорите за шведскиот гигант траеја повеќе од 3 години. За Ист Гејт е гордост да каже дека успеа во привлекувањето на овој гигант да работи во нашата земја. Промените во миксот на закупци се сосема нормална работа во оваа индустрија. По изминувањето на првата година од работењето на центарот имаме појасна слика каков е перформансот на закупците, кои закупци работат во рамките на очекувањата, а кои не. За среќа овие вторите се релативно малку и се во рамките на она што се прифатени стандарди во оваа индустрија. Веќе отпочнавме со првите нацрти за можни промени во миксот на закупци, а во тек се преговори со неколку интернационални компании за влез на македонскиот пазар. Предизвикот да се биде прва локација во градот е голем, а ние како најголема дестинација секако сме прв таргет на интернационалните брендови за експанзија на македонскиот пазар.

Ист Гејт Мол стана препознатлив и по организацијата на разни настани што се поврзани и со општествената одговорност, како на пример промоцијата на електрични автомобили, итн. Каква е вашата стратегија во таа насока, што може да очекуваме во иднина?

Скопје Ист Гејт е компанија со висока свесност за животната средина и за унапредување на стандардите на живеењето, и тој контекст е правец кој ги трасира сите настани кои ги реализираме. Продолжуваме со настани кои носат радост и среќа за целото семејство, кои носат информации од светските трендови, едукација, наука, гастрономија, спорт. Ист Гејт Мол прв започна неколку иницијативи кои ќе станат традиција во градот: Колор Ран како трка и забава во боја за целото семејство, Месец на кул татковци, Денови на италијанска кујна, Денови на електромобили итн. Во следната 2023 година следат многу нови иницијативи од Ист Гејт Мол, за кои вреди да не следите на социјалните мрежи.

банки7 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет4 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

економија4 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет4 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки4 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад