Connect with us

технологии / компании

Иднината на вештачката е хибридната  интелигенција

Можен ли е соживот помеѓу луѓето и роботите?

објавено

на

Хибридната интелигенција е комбинација на човечката и вештачката интелигенција на машините, којашто го надградува наместо да го замени целосно човечкиот интелект. Улогата во којашто вештачката интелигенција би потфрлила, би требало да ја изврши хибридната. Барем така се надеваат инженерите, иноваторите, филозофите и социолозите коишто работат на нејзиниот развој.

Помирувањето меѓу луѓето и алгоритмите може да се воспостави со хибридна интелигенција преку оптимизирање на алгоритамската и човечката креативност или начинот на кој луѓето и вештачката интелигенција (AI) комуницираат. Научниците очекуваат нејзиниот потенцијал за примена и моќ значително да го променат светот каков што го знаеме денес, вклучувајќи ги дури и нивните кариери.

На пример, консултантската група McKinsey во методологијата QuantumBlack и агилните мултидисциплинарни тимови веќе ја користи комбинираната моќ на вештачката интелигенција и човечката креативност за истражување и анализа на податоци. Заклучокот би бил дека тој што прв ќе постигне рамнотежа помеѓу вештачката интелигенција и човечката креативност ќе има предност во однос на конкурентите, бидејќи хибридната интелигенција ќе ги унапреди деловните модели и иновациите. Поради оваа причина, хибридната интелигенција стана предмет на истражување на светските научни центри, а кон нив се приклучија и големи компании.

Спојување на најдоброто од двата света

Глобалната консултантска компанија специјализирана за иновации и инженеринг Capgemini Engineering, која работи во рамките на истоимената групација, започна истражувачки проект со Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) за развој на мисловно лидерство, средства и услуги за зајакнување на довербата во идните технологии и како технологијата може да помогне во решавањето на клучните предизвици на една поинтелигентна индустрија. По повод започнувањето на соработката помеѓу MIT и Capgemini Engineering, Вилијам Розе, извршен директор на компанијата и член на Извршниот одбор на Capgemini Group, изјави дека постигнувањето високо ниво на доверба во системите базирани на вештачка интелигенција е клучниот двигател за реализација на интелигентна индустрија. Меѓутоа, директорот на Центарот за хибридна интелигенција во Архус, Данска, Џејкоб Шерсон, смета  дека хибридната интелигенција засега е само „точка на хоризонтот“. Овој центар се занимава со интердисциплинарно истражување на дигитални интерфејси кои ја олеснуваат соработката помеѓу луѓето и алгоритмите.

„Хибридната интелигенција не е само преземање на тековните работни функции и потоа нивно надградување со вештачка интелигенција и правење на луѓето помалку потребни, туку се обидува да види како можеме повторно да го смислиме  начинот на кој луѓето и технологијата коегзистираат и што можат да прават заедно. Филозофски гледано,  се обидуваме да го споиме најдоброто од двата света, но се уште не успеавме“, вели  Шерсон.

Први чекори

Компаниите ширум светот веќе преземаат чекори кон иднината овозможена од вештачката интелигенција и некоја форма на хибридна интелигенција. Компанијата Stitch Fix со седиште во Сан Франциско, која е специјализирана за испраќање прилагодени пакети облека до клиентите, е еден од успешните примери за примена на хибридна интелигенција за комерцијални цели. Испраќа пет парчиња облека во секое пакување, а корисниците можат да изберат што сакаат и да ги вратат другите. Она што го прави Stitch Fix е многу ефикасно комбинирање на модел управуван од податоци со човечки пристап.

Според неговите тврдења, хибридната интелигенција треба да ја извршува улогата во која вештачката интелигенција не успеала. Имено, станува збор за тоа дека примената на вештачката интелигенција во компаниите е во голем број случаи неуспешна. Хибридната интелигенција треба да го поправи ова. Но, таква интелигенција едвај постои, иако од индустриска и корпоративна гледна точка постои ентузијазам и потреба итно да се започнат проекти поврзани со неа.

Имено, многу апликации не успеваат во реалниот свет. Иако вештачката интелигенција одлично ја врши својата работа во лабораторија, таа не се покажа како успешна како што се очекуваше, во корпоративните апликации. Дури 70 проценти од сите корпоративни проекти за вештачка интелигенција имаат мал учинок и на половина од високите менаџери во компаниите им е тешко да ја интегрираат вештачката интелигенција во деловните процеси и системи. Ова е проблемот што Шерсон и неговиот тим научници се обидуваат да го решат, но тој наведува неколку причини зошто ниту вештачката ниту хибридната интелигенција не го достигнале својот целосен потенцијал.

Некои од овие причини вклучуваат етички кодекс, кој сè уште се развива за да го поддржи создавањето на хибридни системи и недостатокот на заеднички јазик помеѓу корпорациите и научниците за податоци кои ја дизајнираат примената на вештачката интелигенција во корпоративните системи.

„Некои од проблемите што Центарот за хибридна интелигенција се обидува да ги реши се разбирањето на начинот на размислување, улогата на интуицијата, здравиот разум и креативноста и што значи сето тоа за оптимизирање на човечката интеракција со технологијата. Нашите научници истражуваат теми што го опфаќаат човечкото индивидуално и колективно однесување и оптимизација на машините и им поставуваат на луѓето специфични задачи кои компјутерите тешко ги решаваат. Потоа ги споредуваат човечките и алгоритамските решенија и создаваат синергија меѓу луѓето и вештачката интелигенција со оптимизирани игри кои вклучуваат директна интеракција помеѓу едната и другата страна“, објаснува Шерсон, посочувајќи дека ова се првите чекори на патот кон вистински хибридни интелигентни системи.

Секојдневно  компании низ светот започнуваат проекти поврзани со вештачката интелигенција, но дури 70 проценти од сите корпоративни проекти за вештачка интелигенција имаат мал ефект, а половина од високите менаџери во компаниите сметаат дека е тешко да ја интегрираат вештачката интелигенција во деловните процеси и системи. Работата, некои веруваат, може да се спаси со хибридна интелигенција. Едвај постои, но ветува дека ќе го направи животот поподнослив за луѓето и технологијата.

Револуционерен потенцијал

Веќе е кажано многу за тоа како вештачката интелигенција влијае или ќе влијае на бизнисите и кои работни места ќе исчезнат поради тоа, но сè уште нема одговор на прашањето како хибридната интелигенција ќе влијае, пред сè, на вработените во истражување и развој во компаниите, на експертите  со специфично знаење, но и на научници кои ја развиваат. Многумина од нив веќе се загрижени за тоа каков пресврт ќе предизвика оптимизацијата и примената на хибридната интелигенција во иднина и како тоа ќе се одрази на нивните работни места и кариери. Но Шерсон тврди дека, на среден рок, нема потреба да се плашиме бидејќи организациските промени се многу побавни и покомплицирани во реалното, корпоративно опкружување. Иако на крајот работните места засновани на знаење ќе бидат на некој начин 100 проценти погодени, само мал дел од нив ќе бидат заменети на среден рок.

Сепак, компаниите ширум светот веќе преземаат чекори кон иднината овозможена од вештачката интелигенција и некоја форма на хибридна интелигенција. Компанијата Stitch Fix, која е специјализирана за испраќање прилагодени пакети облека до клиентите, е еден од успешните примери за примена на хибридна интелигенција за комерцијални цели. Испраќа пет парчиња облека во секое пакување, а корисниците можат да изберат што сакаат и да ги вратат другите. Она што го прави Stitch Fix е многу ефикасно комбинирање на модел управуван од податоци со човечки пристап.

Потпирањето единствено на пристапот базиран на податоци би сугерирал дека компанијата треба да им испраќа на клиентите само црна долна облека и црни маици, на пример, бидејќи таа облека во просек е најверојатно да се задржи, но наместо тоа, комбинира пристап базиран на податоци со индивидуални стилисти кои избираат предмети и тие постепено учат да комуницираат со клиентите на лично ниво. Со овој персонализиран и специјализиран пристап, клиентот го добива најдоброто. Иако патот до создавање вистински хибридни интелигентни системи е предизвик, Шерсон верува дека постои револуционерен потенцијал за хибридна интелигенција доколку научниците можат да создадат системи изградени на моќта на луѓето и вештачката интелигенција и применливи во реалниот свет.

Зголемена продуктивност

Серискиот претприемач  Давор Руње, ко-основач на стартапот Airt Technologies, за хрватски Лидер Медиа тврди дека поради се’ што се случува во светот на новите технологии, нè очекуваат возбудливи времиња.

„Вештачката интелигенција се развива многу побрзо отколку што некој од експертите мислеше дека е реално пред само неколку години. Работите за кои што во 2020 се сметаше дека ќе се постигнат дури за десет години беа веќе завршени во 2022 година, но исто така многу работи за кои се веруваше дека се можни до 2030 година беа исто така готови  2022 година. Ова првенствено се однесува на големите јазични модели и генеративните модели воопшто. Денес се’ повеќе луѓе користат ChatGPT секој ден за пишување задачи, е-пошта, програми… Дизајнерите добија нова алатка која создава илустрации, фотографии, но и дизајн на веб-страници, визит-картички и се’ останато во неколку секунди. Ниту една од овие алатки не е на ниво да може целосно да ги замени луѓето, но може значително да ја зголеми нивната продуктивност. Така, програмерите проценуваат дека поради Copilot, кој самиот пишува делови од кодот, тие се и до пет пати попродуктивни, а истото ќе биде случај и со многу други занимања“, вели Руње.

Нова организација на општествата

Тој нагласува дека основното прашање е како оваа зголемена продуктивност ќе се одрази врз економијата, односно дали ќе има масовни отпуштања или оваа продуктивност само ќе резултира со создавање поголема додадена вредност. Според него, одговорот на тоа прашање не е едноставен, но ниту еднозначен, бидејќи зависи од професијата, како и од временската рамка во која ја набљудуваме оваа појава.

„Краткорочно автоматизацијата секако ќе го намали бројот на работни места бидејќи ќе може да се организираат постоечките процеси со помалку луѓе. Од друга страна, ќе се отворат многу нови работни места и ќе се отворат занимања кои претходно не постоеле. Едно такво занимање е т.н промпт-инженер, т.е. лице кое е специјализирано за креирање инструкции за генеративни модели. Краткорочно, се плашам дека автоматизацијата ќе ги елиминира постојните работни места побрзо отколку што ќе ги создадат новите занимања, а дополнителен проблем е што е тешко брзо да се преквалификуваат луѓето кои извршувале автоматизирани работи за нешто друго. Долгорочно, многумина веруваат дека потребата за човечка работна сила едноставно ќе се намали и дека ќе мора да го организираме општеството на поинаков начин за да функционираме во такви услови“, вели Руње и споменува едно од можните решенија за овие проблеми, а тоа е основен месечен приход што секој човек би го добил само затоа што постои.

Во некои земји веќе се спроведуваат пилот проекти поврзани со ова. Работата во тој случај, доколку машините би можеле да ги извршуваат речиси сите задачи добро како луѓето, но многу поевтино, би станала еден вид хоби.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал