Connect with us

македонија

Избрани најдобрите македонски е-трговци за 2021

објавено

на

Доделени првите македонски награди за е-трговија за 2021 година “Ecommerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Вчера, во Скопје Мериот Хотел се одржа свечена манифестација за доделување на првите македонски награди за е-трговија за 2021 година “Ecommerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата забавна програма составена од бројни домашни актери и уметници.

“Вечерва е посебна вечер за македонската е-трговија! Вечерва ќе го препознаеме трудот, успешната работа, и напорите за успешно менаџирање на онлајн продажба на најдобрите во македонската е-трговија. Идејата за ‘Ecommerce Awards’ постои уште од кога постои Aсоцијација за е-трговија. Во првата анализа на е-трговијата во 2018 токму една од препораките беше организирање на избор за најдобрите. Наградувањето и препознавањето е секогаш мотив за уште подобра работа. Не само што се стремиме да ги наградиме најдобрите за добрата работа туку се стремиме и да ги поттикнеме останатите да го унапредат своето работење, и да ја подигнеме свеста за потенцијалот на е-трговијата.” – посочи Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска во своето поздравно обраќање.

Инаку, натпреварот за првите награди за е-трговија “Ecommerce Awards” се организираше во неколку фази по внимателно дизајниран процес и методологија. Речиси 150 компании беа пријавени во 18 категории. Оние кои ги исполнуваа условите беа ставени на гласање од јавноста и во текот на јануари и февруари над 5.000 гласачи го дадоа својот глас за своите омилени е-трговци. По гласањето од јавноста се формираа ранг листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири комисијата која се состоеше од 11 членови. По обработката на гласовите од јавноста и стручната жири комисија согласно воспоставената методологија, при што гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири комисијата, беа формирани финалните ранг листи кои ги одредија победниците.

На првиот избор за најдобри е-трговци во Македонија за 2021 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 18 категории, поделени во три секции: “Најдобри е-продавници по сектори”, “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” и “Шампиони во е-трговија”, каде се додели и главната награда „Е-трговец на годината”.

Победниците се објавени утрово на страната на Ecommerce Awards https://ecommerceawards.mk/pobednici/, а во продолжение ја проследуваме листата со победниците.

Победници во секцијата “Најдобри е-продавници по сектори” се:

  • Маркетплејс платформа на годината – grouper.mk
  • Е-продавница за облека и обувки на годината  – fashiongroup.com.mk
  • Е-продавница за бела техника и електроника на годината – neptun.mk
  • Е-продавница за храна и пијалаци на годината – paket.mk
  • Е-продавница за туристички услуги на годината – grouper.mk
  • Е-продавница за модни додатоци, убавина и нега на годината – mytime.mk
  • Е-продавница за дом, мебел и градина на годината – smartliving.mk
  • E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината – svetotnabibi.mk
  • Е-продавница од областа на услужни дејности на годината – kliknijadi.mk

Добитници на награди во секцијата “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” се:

  • Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината – grouper.mk
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – paket.mk (прво место)
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – a1.mk (второ место)
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – grouper.mk (трето место)
  • Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – paket.mk (прво место)
  • Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – kliknijadi.mk (второ место)
  • Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – domato.mk (трето место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – grouper.mk (прво место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – fashiongroup.com.mk (второ место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – neptun.mk (трето место)
  • Најдобра веб страна за плаќање на сметки – a1.mk
  • Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината – Агенција за катастар на недвижности

Добитници на награди во секцијата “Шампиони во е-трговија” се:

  • Најдобра новоотворена е-продавница – domato.mk (прво место)
  • Најдобра новоотворена е-продавница – peko.com.mk (второ место)
  • Најдобра новоотворена е-продавница – medicushelp.mk (трето место)
  • Најпопуларна е-продавница – zegin.com.mk (прво место)
  • Најпопуларна е-продавница – paket.mk (второ место)
  • Најпопуларна е-продавница – grouper.mk (трето место)
  • Е-трговец на годината за 2021 година – grouper.mk (прво место)
  • Е-трговец на годината за 2021 година – paket.mk (второ место)
  • Е-трговец на годината за 2021 година – fashiongroup.com.mk (трето место)

Категоријата “Најпопуларна е-продавница” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од публиката.  

Првите македонски награди за е-трговија беа овозможени благодарение на поддршката од Mastercard како генерален партнер и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамки на Германското друштво за интернационална соработка GIZ, по нарачка на Германската влада. Златен партнер на Ecommerce Awards беше Iute Credit Macedonia, додека Ramstore, Serafimov Group и NLB Banka беа сребрени партнери. А1 Macedonia беше комуникациски партнер на оваа иницијатива.

Наградите во е-трговија имаат за цел да ги препознаат и награди најдобрите, да придонесат за промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна да придонесат и за зајакнување на конкурентноста и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење.

Сите информации за натпреварот може да се погледнат на официјалната веб страница : https://ecommerceawards.mk

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација