Connect with us

економија

Извозните компании како мотор на растот: кои се нивните предности и слабости

Како до пост – ковид развој?

објавено

на

Извозно ориентираните компании имаат потенцијал да бидат мотор на развојот во периодот што следува по пандемијата на Ковид -19, да инвестираат во технологија, а околу 60% од нив имаат план да го направат тоа, покажува студијата што  ја направи  истражувачкиот институт Finance Think од Скопје во изминатите неколку месеци. Според анализата,  извозно ориентираните компании имаат можности да инвестираат и неодамнешното намалување на царините за клучните инпути ќе влијае на зголемување на инвестициите до 25%, како и за зголемување на производството и на конкурентноста. По повод студијата, а со цел да се дискутира јавно околу тоа кои сектори всушност би биле мотори на растот на пост – ковид економијата на Македонија, деновиве Finance Think организираше и дебата со наслов “Економијата на крстопат“, каде што учествуваа претставници од Владата и од бизнис секторот. 

Наодите од студијата, изработена со поддршка на британската амбасада во земјава, покажуваат дека извозот бележи голем раст последнава декада, во просек по 10% годишно и го максимизира своето учество во БДП, коешто според последните проценки е околу 62%. И домашните, а особено странските инвеститори во технолошките зони придонесуваат кон секторска диверзификација на извозот.

Извозно ориентираните компании имаат потенцијал да бидат мотор на развојот во периодот што следува по пандемијата на Ковид -19, да инвестираат во технологија, а околу 60% од нив имаат план да го направат тоа, покажува студијата што  ја направи  истражувачкиот институт Finance Think од Скопје во изминатите неколку месеци. Како што вели Благица Петрески, извршна директорка на Finance Think, извозно ориентираните компании имаат можности да инвестираат и според анализата неодамнешното намалување на царините за клучните инпути ќе влијае на зголемување на инвестициите до 25%, како и за зголемување на производството и на конкурентноста.

По повод студијата, а со цел да се дискутира јавно околу тоа кои сектори всушност би биле мотори на растот на пост – ковид економијата на Македонија, деновиве Finance Think организираше и дебата со наслов “Економијата на крстопат“, каде што учествуваа претставници од Владата и од бизнис секторот. 

Наодите од студијата, изработена со поддршка на британската амбасада во земјава, покажуваат дека извозот бележи голем  раст последнава декада, во просек по 10% годишно и го максимизира своето учество во БДП, коешто според последните проценки е околу 62%. И домашните, а особено странските инвеститори во технолошките зони придонесуваат кон секторска диверзификација на извозот.

Што покажала анкетата на примерок од неколку десетици извозни компании, домашни и со странски капитал? Прво, никој не останал имун на корона – кризата, сите извозници се значајно погодени. Второ, пост ковид очекувањата се помали во однос на предпандемискиот период. Трето, нема очекувања за поинтензивно забрзување на вработеноста и подигнување на платите. Четврто, погоден е растот на инвестициите, но нема забрзување во задолжувањето, од една страна, поради искористувањето на помошта од државата, од друга страна поради потпирањето на сопствени извори и одложување на инвестициите, со цел да се амортизира ударот од кризата.

Исто така, анализата покажува дека има разлика помеѓу т.н. есенцијални извозници, односно фирми во секторите суштински за борба против кризата – храна, фармација, итн. – и несуштински сектори, коишто се многу полошо погодени од намалените нарачки. Очекувањата се дека во пост ковид периодот големите извозници со технолошки понапредно производство, ќе имаат побрз пораст на инвестициите, профитабилноста и вработувањата.

Клучни предизвици за извозниците и препораки за нивно надминување

Во својата анализа, Finance Think идентификува пет мерки и каков ефект тие би имале во пост  – ковид заздравувањето.

„Прво, пронаоѓаме во синџирот на набавки дека извозниците со поголемо ниво на залихи биле позначајно погодени од оние што се повеќе изложени кон увоз од ЕУ. Постои ограничен потенцијал за привлекување нови производни линии во земјава од страна на странските компании. За да ја направиме земјата поатрактивна ќе мора да се коригираат одредени увозни давачки. Исто така, сите извозници имаат потенцијал да го зголемат производството и инвестициите следниот период. Потребно е усогласување на царинските стапки согласно ЕУ на клучните компоненти како инпути во производството. Намалување или ослободување од увозни давачки при набавка на нови машини и изградба на капацитети. На прашањето, каков ефект би имале овие мерки врз нив, извозниците во нашата анкета велат дека во просек двете мерки треба да придонесат за 20% зголемување на инвестициите и 10% зголемување на производството.“, објасни Бојан Србиноски, економски аналитичар во Finance Think.

Во поглед на побарувачката, анализата покажала дека оние што извезуваат надвор од ЕУ биле позначајно погодени, но за сите извозници е шокот на побарувачката најголем проблем. Finance Think предлага субвенционирање на експанзија кон нови пазари или алтернативна мерка, освојување на нови пазари преку економска дипломатија.

Исто така, забележано е дека менаџирањето со човечките ресурси било проблем и пред реадаптација  на производството, дека постои недостиг на квалификуван кадар, особено високо квалификуван кадар, и има голема склоност на извозниците да учествуваат во процесите на дуалното образование. Finance Think предлага креирање на човечки капитал преку субвенционирање на тренинг и едукација и соодветен модел на дуално образование.

Последната мерка ја таргетира технологијата и пристапот до финансии, и тука тие што се високо трудоинтензивни биле повеќе погодени, но од друга страна, без разлика дали се помалку или повеќе трудоинтезивни компании, сите имаат изразена тенденција да инвестираат во технологија.

Во поглед на пристапот до финансии, има извозници коишто се повеќе ограничени во тој поглед, но и тие што се презадолжени во иднина може да имаат побавен раст. Како соодветна мерка, од институтот предлагаат долгорочни кредитирања по поволни услови за извозниците, насочени кон технологија.

Finance Think пред неколку дена организираше дебата со наслов “Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид – 19 “, каде што учествуваа претставници од Владата и од бизнис секторот.

Извозниците се поранливи во кризата, но и побрзо закрепнуваат

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на дебатата истакна дека за жал, требало да се случи ковид – кризата па сите да почнеме гласно да размислуваме дали ќе создаваме економија заснована на евтина работна сила, значи трудоинтензивна, или базирана на висока технологија, дигитализација и зголемена продуктивност.

„Мило ми е што денес презентираната студија покажа која е разликата помеѓу извозно ориентираните компании и оние насочени на домашниот пазар. Но клучното е што нашите домашни компании тешко стануваат дел од синџирот на набавки на странските инвеститори извозници. Дали синџирот ќе го креираш така да бидеш веднаш дел од глобалниот вредносен синџир, или прво да бидеш дел од домашниот, па регионалниот, па глобалниот вредносен синџир. Јас уште на последниот самит од Берлинскиот процес, на моите колеги од регионот, им фрлив ракавица што се вели, прашувајќи дали треба да продолжиме како земји од Западен Балкан да си конкурираме едни на други, или да бидеме конкурентни на европска и светска сцена како регион. Затоа што само така ќе им дадеме шанса на помалите економии полесно да се движат во глобалниот вредносен синџир“, истакна Битиќи.

Тој додаде и дека иако е полесно да си ранлив кога си дел од глобалните вредносни синџири, што го покажа ковид – кризата, сепак извозно ориентираните и полесно закрепнуваат.

„Во моментов нам ни се случува да имаме четири иницијативи од странски компании, коишто се нови најавени инвестиции сега од месец јануари наваму, што сакаат да ги супституираат нивните капацитети во Кина и далечните пазари, со капацитети во земјава, а тоа се нови производни линии. Тоа укажува дека ние како мала земја имаме секако потенцијал, но ако расчистиме со едно: да креираме предвидливи политики, предвидливо окружување, да слушаме кои се потребите на инвеститорите и заедно да го градиме патот за напред“.

Дали глобалните играчи може фабриките од Кина да ги преместат овде?

Виктор Мизо, директор на фабриката за автомобилски компоненти и делови Костал Македонија, инвестиција на германскиот гигант Костал во Охрид, рече дека компаниите од овој сектор, коишто се патем најбројните меѓу странските инвестиции во технолошките зони, но и надвор од нив, проблемите од ковид – кризата почнале да ги чувствуваат и пред сите други сектори. Компонентите за нивните производи во голем дел доаѓаат од Кина и тие веќе во јануари и февруари лани почнале да чувствуваат недостиг на некои инпути.

„Да останеше кризата само во Кина, ќе се најдеа алтернативни решенија, но пандемијата се рашири во светот и знаеме што се случи во март, април и мај. Но, не е само Кина проблем, претходно беа поплавите во Тајланд, уште порано и катастрофата во јапонска Фукушима, региони каде што се произведуваат многу специфични производи што се користат во целиот глобален синџир на производителите на автомобили. И поради овие тешкотии, целиот сектор размислува на кој начин да направи преместување на капацитетите, еден т.н, nearshoring, односно поблиску до крајните корисници на тие инпути. Но, не е многу лесно на компанија која долги години работела во Азија да се пресели овде.“, вели Мизо.

Какво е неговото објаснување за овој феномен. Имено, Мизо вели дека поголемиот дел од компаниите во секторот автомобилски компоненти и делови во земјава се од трудоинтензивен карактер, затоа што во почетниот период на привлекување странски директни инвестиции, овој тип компании ни биле неопходни на економијата, и ние не сме ниту први, ни последни во светот што сме го направиле тоа.

„Но ние сме едвај два милиони луѓе, и реалноста е дека, иако во овој сектор сега работат околу 30.000 луѓе, фактот што се доминантно трудоинтензивни значи дека вработуваат по 1.200, 1.500, 2.000 и повеќе вработени и најголем дел се лоцирани надвор од Скопје, затоа што потребниот вид на работна сила бил лоциран таму, односно Штип, Кавадарци, Велес, итн. И сега не може да очекувате покрај компании со 2.000-3.000 вработени и повеќе,  некоја слична фабрика да се лоцира до нив – малку е веројатно. Самите тие компании не сакаат да си конкурираат меѓусебно. Е сега, кај технолошки напредните, компании што се обично со помалку од 1.000 вработени, капитално интензивни, со инвестиција од најмалку 20-30 милиони евра за почеток, тука основата е квалитет, знаење, а не квантитет. Проблемот кај нас е што ни фалат луѓе коишто би можеле со релативно мала обука да ги вградиме во производниот процес. Напротив, ние извозниците со технолошки понапредно производство често трошиме и повеќе од шест месеци, можеби и една година, за да можеме луѓето да ги обучиме за работа со таа напредна технологија што ја имаме. Што треба да се направи? Едукација, едукација, едукација. Дали ќе го викаме дуално или некакво друго образование, ние мора како општество, се разбира помогнато и од нас како компании, да форсираме техничко образование кај младите, да им објасниме дека инженер е убава професија, дека работа во фабрика со висока технологија не е нешто неугледно, напротив, многу атрактивно според начинот на работа, условите, менаџмент принципите, односно, многу пософистицирано од она како некој замислува фабрика од 50-те години.“, објасни Мизо, којшто е и претседател на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство.

Горан Антевски, сопственик и директор на домашната компанија Раде Кончар ТЕП, инаку извозно насочена, рече дека во последниот период доста вложувале во производство за надворешните пазари, но пандемијата ги намалила нарачките,  и ги натерала да се свртат кон домашниот пазар. „Работевме за странските инвеститори изминатиов период, затоа што тешко беше да се прави извоз, а сакавме да ги задржиме вработените и обемот на производство. Не работевме како добавувачи за нивното производство, туку за потребите на нивните проекти, нови капацитети во зоните, коишто бараа да се постават електротехничките системи што ние ги произведуваме. Инвестиравме многу во инженерскиот кадар, така што во овој момент работиме повеќе и на давање услуги, што е добро за нас како компанија. Сите се соочуваме со тој проблем да немаме доволно стручен кадар, затоа што со години се форсираше образување кадри за администрација, а никој не вложуваше во машинство, електротехника  и сл. Сега многу вложуваме и во центар за роботика, каде што не очекуваме дека ќе си ги вратиме парите за година или две, но на среден и долг рок со таа роботика и нашата експертиза, да имаме што да понудиме на странските инвеститори што доаѓаат во земјава“, рече Антевски.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија1 ден ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија5 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија5 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки6 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци