Connect with us

македонија

Извозот на сув цвет од канабис може да донесе 200 милиони евра девизен прилив догодина

Законски измени за откочување на бизнисот со канабис

објавено

на

Од извоз на сув цвет од канабис државата може да очекува инстант девизен прилив од најмалку 60 милиони евра, веднаш штом се усвојат законските измени со коишто ќе се овозможи продажба на залихите. Но, веќе следната година, се проценува дека пазарот на канабис од домашните компании ќе достигне вредност и до 200 милиони евра. Ова се проценките на дел од луѓето инволвирани во бизнисот со канабис во земјава, коишто велат дека законските измени се неминовни за да откочи и поттикне развојот на овој перспективен бизнис. Лиценци за одгледување на канабис за медицински цели имаат повеќе од 60 правни лица од земјава, а во процедура се уште дваесетина. Но ретко која од фирмите од добиениот сув цвет произведуваа масло од канабис како краен производ кој се користи за медицински потреби. Новите законски измени што ги предлага Владата овозможуваат извоз и на сув цвет како суровина, а компаниите ќе треба да уплатуваат во Буџетот по 10% од нивниот профит. Со новите измени се предвидува и формирање на Агенција за канабис со што се очекува подобра контрола на пазарот.

Од извоз на сув цвет од канабис државата може да очекува инстант девизен прилив од најмалку 60 милиони евра, веднаш штом се усвојат законските измени со коишто ќе се овозможи продажба на залихите. Но, веќе следната година, се проценува дека пазарот на канабис од домашните компании ќе достигне вредност и до 200 милиони евра. Ова се проценките на дел од луѓето инволвирани во бизнисот со канабис во земјава, коишто велат дека законските измени се неминовни за да откочи и поттикне развојот на овој перспективен бизнис.

„Со новите законски измени, бизнисот со канабис има голема перспектива во земјата. Со него се регулираат сите недоречености од претходно, се воспоставува солидна контрола преку ново тело и се дава можност компаниите да го прошират бизнисот, освен масло да извезуваат и сув цвет за којшто побарувачката е уште поголема. Оваа индустрија расте исклучително брзо во глобални рамки и тоа е шанса за македонските компании да се позиционираат на пазарот“, вели Златко Кесковски од компанијата НЈСК Холдинг која што прва доби лиценца за одгледување на канабис во земјава и очекува извоз од околу 67 милиони евра следната година.

Тој вели дека партнерите од странство, проценуваат дека само во Европа, пазарот ќе достигне дури и до седум милијарди евра годишно.

Костадин Дуковски, претседател на Здружението на одгледувачи МакКанабис, вели дека во зависност од начинот на култивација и третирањето пост бербата, начинот на сушење, ако е по ЏНП стандард, тогаш тој канабис може да се продава и по многу повисока цена.

„Ако соодветно го култивирате, тој може да има и цена од пет до десет евра од грам, затоа што претставува екстремно фармацевтски производ. Во дадени моменти ако имаме над 20 тони во залиха, но не сите се одгледувани така, по просек да речеме две-три евра од грам на целата количина, тогаш би имале 50 до 60 милиони од продажба на целата залиха“, вели Дуковски којшто е дел од работната група која работеше на новото законско решение.

„На овие законски измени коишто сега се предлог на Владата можам да кажам дека работиме околу две години за да го најдеме најсоодветното решение, со компаративна анализа за тоа како функционира системски во другите држави. Со самото формирање на Агенцијата за канабис, веќе се овозможува многу подзаконски акти да ги донесе самата Агенција, и со тоа ќе се овозможи полесно функционирање и надминување на сегашните недоречености“, истакна Дуковски.

И двајцата се согласни дека политиката не треба да има никакво влијание кога е во прашање бизнис, особено што оваа индустрија има голем потенцијал којшто е закочен од државата со несоодветна регулатива.

Повеќе од 60 правни лица имаат лиценци за одгледување канабис за медицински цели

Лиценци за одгледување на канабис за медицински цели имаат повеќе од 60 правни лица од земјава, а во процедура се уште дваесетина. Но ретко која од фирмите од добиениот сув цвет произведуваа масло од канабис, кое е крајниот производ кој се користи за медицински потреби. Затоа, фирмите за канабис само складираа сув цвет кој немаа каде да го продадат. Во неколку наврати се случија грабежи, а имаше и случај кога со помош на американската ДЕА беше откриено дека фарми за канабис продавале сув цвет на црниот пазар.

Инаку, Владата веќе го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и главната новина, во споредба со актуелното решение, е што им е дозволува на компаниите кои одгледуваа канабис за медицински потреби да го извезуваат и сувиот цвет, наместо само маслото добиено со екстракција.

„Со предлог на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели, така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко, притоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата“, соопштија од Владата.

Лиценци за одгледување на канабис за медицински цели имаат повеќе од 60 правни лица од земјава, а во процедура се уште дваесетина. Но ретко која од фирмите од добиениот сув цвет произведуваа масло од канабис, кое е крајниот производ кој се користи за медицински потреби. Затоа, фирмите за канабис само складираа сув цвет кој немаа каде да го продадат. Во неколку наврати се случија грабежи, а имаше и случај кога со помош на американската ДЕА беше откриено дека фарми за канабис продавале сув цвет на црниот пазар.

Ако се усвои Предлог-законот на Владата, бизнисот секако има поголеми шанси да биде успешен. За својата одлука, од Владата велат дека е во согласност со сите меѓународни регулативи за што предлог законот доби и европско знаменце и покрај најавите на опозицијата дека поради тоа ќе го блокира во Собранието.

„Во предлог-законот се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот парламент и на Европскиот совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции како што се Единствената конвенција за наркотични дроги на Обединетите нации од 1961 година со Протокол за дополнување од 1972; Конвенцијата за психотропни супстанции на Обединетите нации од 1971 година и Конвенција на Обединетите нации против недозволена трговија со опојни дроги и психотропни супстанции од 1988 година“, соопштија од Владата.

Една од новините во законот е и формирање на ново тело – Агенција за контрола.
Овој сегмент досега не беше до крај регулиран имајќи предвид дека станува збор за чувствителен сектор, а државата не успеваше да ја спроведува минимално пропишаната контрола. Имено, законот вели дека секоја компанија мора да биде предмет на контрола најмалку два пати годишно, но откривме дека голем дел од фирмите се контролираат само еднаш во годината. Компаниите во кои имаше грабежи биле контролирани помалку од законски предвиденото.

„Една од новините во предложените законски решенија, која произлегува од овие усогласувања, е формирање на Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели која работите од својата надлежност, ги врши врз основа на начелата на законитост, стручност, професионалност, одговорност, ефикасност и транспарентност“, соопштуваат од Владата.

Граѓаните да видат јавно добро

Уште една значајна новина во Предлог-законот за опојни дроги е обврската на компаниите со лиценци за одгледување канабис во медицински цели да уплатуваат средства во висина од 10% од нето добивката остварена во тековната година на соодветна сметка во Буџетот.
Парите собрани на оваа посебна сметка ќе бидат наменети за проекти од јавен интерес како што се поддршка на фондот за ретки болести, поддршка на фондот за медиуми, како и на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор, како и за поддршка на работата на ново предвидената Агенција.

„Се воведува нова давачка од дополнителни десет проценти од приходот од извезените количества – пари кои ќе одат во специјален фонд. Целта е граѓаните да видат јавно добро. Затоа ќе биде поддржан фондот за ретки болести, фондот за медиуми за продукција на содржини од јавен интерес, како и на програмските приоритети во спортот, културата и граѓанскиот сектор. Од специјалниот фонд ќе биде поддржана и работата на ново предвидената Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и за научни цели“, појаснија од Владата.
Сумирајќи ги сите новини во законот, Дуковски вели дека станува збор за повеќе бенефити и за компаниите во овој бизнис но и за државата.

„Придобивките се огромни затоа што ќе се оданочува овој производ, тоа значи дека директна фискална импликација ќе имаме сите. Тоа значи дека ние и тоа како ќе учествуваме во буџетот, можам да кажам дека ако сериозно ја развиеме оваа гранка, уделот може да биде дури и со една четвртина, затоа што реално пазарот има потреба од овој производ и има сериозна потрошувачка. А ние треба да достигнеме до тоа ниво каде што можеме доволно економски да ја развиеме индустријата и можам да кажам дека Македонија може да живее само од оваа гранка“, истакна Дуковски.

За потенцијалот на овој бизнис минатата година зборуваше и премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со инволвираноста на членови од неговото пошироко семејство во оваа индустрија, повикувајќи ги „сите инвеститори што имаат ресурси да вложат во оваа дејност зашто е профитабилна“. Тој истакна дека државата очекува отворање на нови работни места и најмалку 100 милиони евра девизен прилив.

Инаку првите измени на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со коишто се дозволи одгледување на канабис за медицински или научни цели и екстракција на масло од цветот од билката се донесени во март 2016 година.

Одгледувањето на канабис е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за одгледување на канабис издадено од Министерството за здравство, по претходно добиена согласност од Владата.

Компаниите се должни да имаат обезбедено соодветен простор, површини или земјиште за одгледување, за сушење и складирање. Просторот треба да биде атмосферски заштитен и ограден со ограда висока најмалку 4 метри, како и да има обезбеден 24 часовен видео надзор над целиот простор и физичко обезбедување, да има вработено најмалку четири лица од кои најмалку еден дипломиран фармацевт со најмалку три години работно искуство во областа на фармацијата и едно лице агроном – насока полјоделство со најмалку три години работно искуство во областа.

Еволуцијата на бизнисот со канабис

Индустрискиот коноп има богата историја, но неговиот современ економски потенцијал почнува глобално да се реализира одвај по 2010 година. Со години водечки производители на мултифункционалната култура се Канада и Кина. Од 1997 година наваму канадските фармери годишно одгледуваат на над 100 илјади хектари индустриски коноп, а државата субвенционира многубројни истражувања во однос на можностите на растението во сфери како козметиката, текстилот, производството на хартија и на мебел.

Постепено и Европската унија почнува да гледа на растението како на алтернатива за тутунот. Почнува и употребата на конопот во високо-технолошките индустрии со значително додадена вредност. Тоа подразбира производство на автомобилски делови, лекарства и еколошки соодветни градежни материјали. Во САД индустрискиот коноп спаѓаше во списокот на забранети наркотични средства од 1937 до 1997 година, кога претседателот Бил Клинтон го либерализира режимот кон растението.

Следните чекори напред се во однос на растението со психотропната супстанца ТХЦ (марихуаната). Во 2014 година во САД почна истражувањето на истото со научни цели. Постепено одделни сојузни држави почнаа да ја легализираат неговата употреба за медицински цели и за уживање. Различни анализи покажуваат дека пазарот со канабис во САД ќе скокне до 50 милијарди долари годишно веќе следната декада. Израел е класичен пример за држава со силна развојна дејност во однос на растението со оспорувана корисност, и компании оттаму работат на различни технолошки решенија поврзани одгледувањето и неговото истражување.
Околу десетина држави во Европа, исто така, излегуваат надвор од рамките на индустрискиот коноп и ја либерализираат политиката во однос на растението со висока содржина на ТХЦ. Примерите во Европа за напредок, како во однос на индустрискиот коноп, така и за психоактивниот, се повеќе.

Продажбите нa медицински канабис во Европа во следните пет години се очекува да достигнат седум милијарди евра, па оттука разбирлив е интересот на многу држави да ги либерализираат законите и да овозможат производство на оваа билка. Така неодамна, на долгиот список на земји што дозволија одгледување за медицински цели се приклучи и Грција. Голем дел од европските земји овозможија употреба на канабис но прилично конзервативно, односно за медицински цели и јавната поддршка за тоа е релативно повисока отколку за рекреативна употреба којашто почна да се либерализира во неколку американски држави и последно во Канада.

Иако се чини дека Македонија навреме и добро се позиционираше во трката за овој силно перспективен пазар, сепак, четири години откако е легализирано производството на канабис за медицинска употреба, само малку од компаниите коишто имаат добиено одобрение од Министерството за здравство, имаа почнато со производство на масло од оваа билка. Останатите кои што ја имаа засадено билката, имаат по неколку берби и неколку тони сув цвет на залиха, што се очекува да се извезе штом пратениците во Парламентот ги изгласаат најновите законски измени.

Личната употреба на канабис (да) не е кривично дело

Сегашните одредби од Кривичниот законик (КЗ) предвидуваат дека кривично дело е пуштањето во промет и продажбата на канабис и на другите опојни дроги, појаснуваат од Владата.

Меѓутоа, личната рекреативна употреба на канабисот и денес не е кривично дело, но праксата покажува дека на терен постојат нејаснотии или злоупотреби и имаме ситуации кога лица кои користат канабис за лична употреба се товарат за наводна намера за продажба, брифираат од Влада.

Од Владата очекуваат во измените на КЗ кои се во тек, експлицитно да се потврди со јасна формулација дека личната употреба не е кривично дело, односно дека во затвор не може да оди оној кој за лична рекреативна или медицинска употреба консумира канабис.
Ќе биде потребно и дефинирање на терминот лична употреба, за што се бараат правни и нормативни решенија.

свет38 минути ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија5 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија14 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија5 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

свет6 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис