Connect with us

економија

Извозот од технолошките зони со пораст од 34% во јануари

објавено

на

Во зоните е регистриран и позитивен тренд во однос на нето извозот од +17,4%, односно поголема покриеност на увозот со извоз во однос претходната година. Во националната економија покриеноста на увозот со извозот е минус 24%.

Вкупниот извоз од технолошко развојно индустриските зони (ТИРЗ) во јануари 2021 е за речиси 34% зголемен во однос на јануари 2020, известуваат од Дирекцијата на ТИРЗ. Бројките покажуваат дека компаниите во зоните биле најмногу погодени од пандемијата, но имаат и најголем потенцијал за брзо закрепнување. Трендот на раст почнува од август, со зголемени активности и во однос на истиот период од претходната година при што врвот од 100% е достигнат во октомври. Компаниите – инвеститори во ТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 45% удел во целокупниот извоз или 2,6 милијарди евра за последната година.

И во однос на увозот во рамки на зоните е регистриран раст од над 62% во јануари 2021 година споредено со истиот период лани. Во зоните е регистриран и позитивен тренд во однос на нето извозот од +17,4%, односно поголема покриеност на увозот со извоз во однос претходната година. Во националната економија покриеноста на увозот со извозот е минус 24%.

Првиот месец од годинава ТИРЗ бележи благ тренд на пораст на вработени во зоните во кои во моментов работат над 14.000 лица. ТИРЗ развива нов сет мерки за поттикнување на компаниите предвреме да ги исполнуваат своите таргети за вработувања и преземени инвестиции.

„Овој нов квалитет во нашите односи, во односите на Владата со инвеститорите го гледаме и во тоа што ги поттикнуваме компаниите не само да ги исполнуваат своите инвестициски планови туку да одат и побрзо со исполнување на роковите и во однос на обем на инвестиција и во однос на работни места, па дополнително она што е исто така многу важно и во смисла на зголемување на платите. Конкретно компанијата Гентерм е еден од позитивните примери коишто минатата година го достигна предвидениот број на работни места од над 2000 луѓе кои инаку по договорот за државна помош требаше да го достигне во 2024 година. Меѓутоа компанијата не беше сама во тој проект. Државата, Дирекцијата, Владата застана позади тоа и исто така пред време, значи 4 години пред истекот на рокот си го исполни својот дел на обврската. Со тоа испраќаме јасна порака до инвеститорите дека да, сакаме да ги реализираат своите сопствени инвестициски планови и тоа да го направат побрзо и подинамично“, вели Јован  Деспотовски, директор на ДТИРЗ.

Истовремено кај инвеститорите има позитивни реакции и подготвеност заедно со ТИРЗ да работат на мерки и програми со кои ќе се поттикне и раст на платите преку зголемена продуктивност на трудот.

Инаку новиот концепт во работењето на ТИРЗ се базира на четири столба: привлекување странски инвестиции со поголем квалитет, отворање кон домашните инвеститори, нов систем на државна помош според потребите на потенцијалниот инвеститор дополнет со сет мерки за зголемување на плати и поголема продуктивност на трудот, како и нов концепт на “after care“ односно грижа за корисници.

економија2 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

банки3 дена ago

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

економија2 дена ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

македонија5 дена ago

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

економија3 дена ago

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

интервју21 час ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари21 час ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

економија21 час ago

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

економија21 час ago

Македонската економија на среден и долг рок (5)

економија21 час ago

Кои се најголемите ризици за финансиските компании