технологии / компании
Илон Маск: Дали небото е лимит за овој човек?

Натпросечно интелигентен воркохолик, којшто има изјавено дека „ако сакате да го менувате светот, не може да сторите многу со 8 часовно работно време“. Во паузите додека не се занимава со своите компании за електрични автомобили, соларни панели, батерии, вселенски летала, си игра со вредноста на биткоин, возејќи ја нагоре или надоле, во зависност од тоа како е расположен да твита дента.
Tesla Inc., каде што е основач и главен директор, стана највредната автомобилска компанија на берза, но она што фасцинира е што таа вреди повеќе од десетината автомобилски гиганти наредени од вториот надоле – сите заедно! Ова го направи најбогат човек на светот, но и обожуван од армија сопственици на акции од Tesla затоа што им донесе вистинско богатство – вредноста на акцијата порасна од 100 долари колку што изнесуваше пред пандемијата, на преку 1000 долари, за помалку од две години.
Но сето ова не го исполнува докрај. Тој сака да ја освојува вселената, да носи луѓе на Марс, за да ги спаси од Земјата, а и Земјата од нив. Ако Time не го избереше за Човек на годината, ние сигурно ќе си го прогласевме.