Connect with us

менаџмент / маркетинг

Илон Маск покренува своја AI платформа што ја нарече ‘TruthGPT’

Откако предупреди за опасност по човештвото

објавено

на

Овој нов потег на Маск дојде откако тој и група експерти за вештачка интелигенција потпишаа писмо  во кое повикуваат  на шестмесечна пауза во развојот на моќните GPT-4 системи на OpenAI, тврдејќи дека тие потенцијално претставуваат голем безбедносен ризик. Иако и самиот призна дека предоцна го започнал развојот, верува дека ќе успее да создаде „трета опција“ која ќе им конкурира на Google и Microsoft.

Сеприсутниот Илон Маск деновиве објави дека лансира платформа за вештачка интелигенција наречена „TruthGPT“ за да се натпреварува со Microsoft и Google на тоа подрачје. Тој, исто така, си зеде слобода па ја критикуваше неговата, всушност, поранешна компанија OpenAI (Маск е еден од ко-основачите) која сега е во партнерство со Microsoft и која стои зад ChatGPT за „обучување на вештачката интелигенција да лаже“ и дека OpenAI сега станала „затворен извор (како спротивност на замислата за т.н. open source концепт, н.з.) и профитна организација тесно поврзана со Microsoft“.

Но, тој не застана тука. На мета се најде  и Лери Пејџ, ко-основачот на Google, кого го обвини дека не ги сфаќа сериозно безбедносните прашања со вештачката интелигенција.

AI што ќе ја бара вистината и ќе се труди да ја разбере природата на универзумот

„Ќе лансирам нешто што ќе го наречам ‘TruthGPT’, односно вештачка интелигенција која се труди колку што е можно повеќе да ја бара вистината и да ја разбере природата на универзумот “, рече Маск во интервју со новинарот на Fox News Такер Карлсон (сега веќе поранешен, н.з.).

„Мислам дека тоа би можело да биде најдобриот пат до безбедноста – во смисла дека вештачката интелигенција која се грижи за разбирање на универзумот веројатно нема да ги уништи луѓето бидејќи ние сме интересен дел од универзумот“,  додаде Маск.

Иако и самиот призна дека предоцна го започнал развојот, верува дека ќе успее да создаде „трета опција“ која ќе им конкурира на Google и Microsoft. А дека е сериозен, тој покажа со ангажирањето  истражувачи за вештачка интелигенција од Google и други компании и стартапи за вештачка интелигенција за да му се придружат во соборувањето на гигантите Microsoft и Google. Исто така, минатиот месец Маск регистрираше компанија наречена X.AI Corp, со седиште во Невада. Компанијата го наведе Маск како единствен директор, а Џеред Бирчал, главен  директор на семејната канцеларија на Маск, како секретар на новата компанија.

‘TruthGPT’ ќе биде вештачка интелигенција која се труди колку што е можно повеќе да ја бара вистината и да ја разбере природата на универзумот, рече Маск.  Според него тоа е  најдобриот пат до безбедноста – во смисла дека вештачката интелигенција која се грижи за разбирање на универзумот веројатно нема да ги уништи луѓето бидејќи ние сме интересен дел од универзумот.

Опасност од ништување на цивилизацијата

Овој нов потег на Маск дојде откако тој и група експерти за вештачка интелигенција потпишаа писмо  во кое повикуваат  на шестмесечна пауза во развојот на моќните GPT-4 системи на OpenAI, тврдејќи дека тие потенцијално претставуваат голем безбедносен ризик. Маск ги повтори своите предупредувања за вештачката интелигенција за време на интервјуто со Карлсон, велејќи дека „вештачката интелигенција е поопасна од, на пример, погрешен дизајн на авион или одржување на производството или лошо производство на автомобили“ и дека има потенцијал да „ ја уништи цивилизацијата“.

Како пример, тој го наведе фактот дека екстремно развиената вештачка интелигенција може да пишува неверојатно добро и може да има потенцијал да манипулира со јавното мислење, рече шефот на Tesla, SpaceX и Twitter.

Маск беше ко-основач на OpenAI во 2015 година, но се повлече од раководните тела во 2018 година. Една година подоцна, тој рече дека го напуштил OpenAI затоа што сакал да се фокусира на Tesla и SpaceX и затоа што „Тесла се натпреваруваше за некои од истите луѓе како OpenAI и дека тој не се согласува со некои од работите што тимот на OpenAI сакаше да ги направи“.

Што се однесува до OpenAI, Microsoft  најави дополнителни инвестиции од повеќе милијарди долари на почетокот на годината, интензивирајќи ја конкуренцијата со Google и поттикнувајќи ја трката за привлекување средства за вештачка интелигенција во Силиконската долина.

македонија6 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија