Connect with us

свет

Илон Маск: Светот има поголем проблем од глобалното затоплување

објавено

на

Западните земји продолжуваат да се фокусираат на погрешни приоритети, смета ко-основачот на Tesla Inc., и најбогат човек на светот.

Ако постои една работа околу која фановите и критичарите на Илон Маск се согласуваат, тоа е фактот што милијардерот е поборник за зачувување на животната средина. Маск ја ко-основаше Tesla Inc., компанија чијашто цел е да помогне во изградба на одржлив свет.

„Tesla сака да го заштити животот на Земјата, SpaceX да го прошири животот надвор од планетава“, кажа серискиот претприемач околу мисијата на своите две најпознати компании на 15 јули годинава.

Tesla со развојот на електричните возила го трансформира автомобилскиот сектор, редуцирајќи ги емисиите на ЦО2 од најмногу користениот начин на превоз во северната хемисфера.

Откако настана спојувањето помеѓу Tesla и SolarCity, уште една компанија што Маск ја формираше, производителот на електрични возила, исто така произведува и соларни панели.

Во 2021 година, Маск ја укина опцијата Tesla автомобилите да се купуваат со биткоин, откако еколошки активисти му укажаа на фактот дека се трошат големи количества електрична енергија при трансакциите со криптовалути.

Но, најбогатиот човек на светот смета дека постои еден друг проблем за човештвото, дури и побитен од глобалното затоплување. Тоа е намалувањето на светската популација, феномен којшто особено ги погодува земјите од северната хемисфера и Кина.

„Колапсот на популацијата поради ниските стапки на наталитет е многу поголем ризик за цивилизацијата одошто глобалното затоплување“, Маск напиша на Твитер на 26 август. И за да покаже дека е сериозен, додаде: „Запомнете ги овие зборови“.

Тој објасни и дека се’ уште смета оти глобалното затоплување е клучен проблем за планетава, но дека треба да разговараме за приоритети. Во основа, треба да ги редефинираме приоритетите и на врвот на листата да биде прашањето на популацијата.

Ова не е првпат Маск да го изнесе јавно овој проблем. Тој и претходно алармираше за депопулацијата на Јапонија, Јужна Кореа, Италија, Кина и Хонгконг. Исто така предупреди и на падот на наталитетот во САД и на други места.

Според ООН, глобалната популација треба да стигне до 8 милијарди жители на 15 ноември 2022. Пикот од околу 10,4 милијарди луѓе ќе се случи за време на 2080-те, и потоа светската популација ќе остане на тоа ниво до кај 2100 година.

Но Обединетите нации исто така излегоа со податок дека стапката на раѓање во 2021 била 2,3 деца по жена, споредено со 5 во 1950, и ќе биде 2,1 во 2050. Аналитичарите од банката HSBC излегоа со извештај дека овој пад на популацијата ќе биде уште поголем, особено поради подоброто интегрирање на жените на пазарот на труд, поскапувањето на недвижнините и поквалитетниот пристап до контрацепциска заштита.

Трендот на стареењето на светската популација исто така ќе се интензивира, предупредува HSBC. Според нивната студија, кривата на стапката на раѓање ќе се вкрсти со кривата на стапката на смртност некаде помеѓу 2080 и 2090 година. Затоа според нивното сценарио светската популација ќе се преполови за 80 години и ќе изнесува околу 4 милијарди луѓе во 2100 година.

македонија14 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија2 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност