Connect with us

интервју

Ило Ристовски: Силниот бренд зад нас ни овозможува континуиран, стабилен и одржлив развој

Ило Ристовски, претседател на УО и генерален директор на Халк Осигурување

објавено

на

„Имајќи  предвид дека осигурителниот бизнис е комплексен, нашата стратегија е континуиран, стабилен и одржлив развој. Во периодот кој следи ќе продолжиме со поставување на клиентот, неговите барања и потреби во центарот на нашите деловни активности и ќе обезбедиме нови услуги со кои ќе ги надминеме очекувањата на клиентите. Сето ова ни овозможува многу синергиски можности со силниот бренд на Халк Банка и банкоосигурувањето е механизмот преку кој овие можности ќе ги реализираме.“

Разговаравме со г-дин Ило Ристовски, од неодамна претседател на Управниот одбор и генерален директор на Халк Осигурување АД Скопје,  компанија за неживотно осигурување присутна на македонскиот пазар од 2007 година и дел од Групацијата Халкбанк. Тој  ги споделува искуствата и резултатите за работењето во 2022 година, којашто беше исклучително тешка на економски план за сите, како и плановите за следната година.

Како го оценувате моменталното ниво на развој на македонскиот осигурителен пазар и позицијата на Халк осигурување во него?

Македонскиот осигурителен пазар се’ уште се класифицира во недоволно развиени осигурителни пазари, причини има многу и би се осврнал на неколку од нив кои според мое мислење имаат најголемо влијание на степенот на развој на осигурителниот пазар.

Осигурителната индустрија е  дел од економското опкружување во државата и сите трендови, проблеми и предизвици во македонската економија директно или индиректно се отсликуваат и во услужните дејности како што е осигурувањето. Подинамичен развој на македонската економија е еден главните предуслови за развој и на осигурителниот бизнис.

Недоволната осигурителна образуваност  и перципирањето на осигурувањето како непотребен трошок, се фактори кои исто така придонесуваат домашниот осигурителен пазар бавно да се развива. За жал,  конкурентноста во овој бизнис  од страна на клиентите се’ уште се  сфаќа само  како нудење на ниски премии за осигурување, додека  вистинската  конкурентност е, всушност, во нудење на одлични услуги, адекватно и навремено надоместување на настанатите штети што и е суштината на осигурителната дејност.    

Најважната стратешка, константна и долгорочна цел на Халк Осигурување е навремено и адекватно исплаќање на отштетните побарувања и надминување на очекувањата на нашите клиенти. На среден рок, а воедно и за 2023, имаме за цел зголемување на нашето пазарно учество, зајакнување на финансиската моќ на компанијата и профитабилно работење.

Халк Осигурување е осигурителна компанија која своето работење под брендот Халк го започна во 2019 година и е во 100% сопственост на реномираната Халк Банка Македонија. Ваквата сопственичка структура овозможува услови за нудење на широка палета на финансиски производи, синергиско работење на двете компании и нудење single piont финансиски услуги за клиентите преку банкоосигурувањето, продажен сегмент кој во последните години има голем раст и прераснува во еден од најважните продажни канали.

Можеме гордо да истакнеме дека согласно податоците за осигурителниот пазар за Q3 2022,  Халк Осигурување според полисираната премија е пазарен лидер во делот на банкоосигурувањето со пазарно учество од 28,34%. 

Меѓутоа, нашите активности во 2022 година не беа насочени само во делот на банкоосигурување туку во сите сегменти на осигурителното работење,  се’ со цел адекватна и навремена исплата на отштетни побарувања и подобрување на корисничкото искуство на нашите клиенти. Доколку се земат предвид сите микро и макро влијанија и околности,  за оваа година може да кажеме дека беше тешка за сите економски субјекти,  вклучувајќи ја и нашата компанија. Но, како што напоменав, со интензивни активности во сите сегменти и тимска работа успешно ќе ја завршиме 2022 година со цел многу поуспешно работење во 2023-та.

На позицијата генерален директор сте од неодамна, кои се вашите цели и стратешки определби за 2023 година, и генерално на среден рок?

Управниот одбор во Халк Осигурување се оформи пред два месеци кога и бев назначен на позицијата генерален директор, а во Управниот одбор покрај мене како претседател,  членови се и колегите Селин Шакарер и Игор Доневски.

Сакам да истакнам дека Управниот одбор е составен од професионалци со најмалку 20 годишно искуство во осигурителната дејност и имаме јасна визија, цели, планови и знаење за тоа во која насока треба да се движи и развива Халк Осигурување.  Како што и напоменав претходно една од стратешките цели е дополнителен развој на банкоосигурување во синергија со Халк Банка, продажен канал преку кој и клиентите на Халк Банка ќе може да ги добијат сите осигурителни производи и услуги на Халк осигурување.

Најважната стратешка, константна и долгорочна цел на Халк Осигурување е навремено и адекватно исплаќање на отштетните побарувања и надминување на очекувањата на нашите клиенти. На среден рок, а воедно и за 2023, имаме за цел зголемување на нашето пазарно учество, зајакнување на финансиската моќ на компанијата и профитабилно работење.

Истото ќе го постигнеме преку воведување на нови продукти и услуги, развој и проширување на нашата продажна мрежа, користење на современи информатички решенија, транспарентен и професионален однос кон клиентите и создавање на амбиент нашите вработени да се чувствуваат како дел од големото Халк семејство во кое се ценат и вреднуваат нивното знаење, залагање и придонес.

Нашите вработени се најважниот ресурс во нашата компанија и нашите вработени се тие кои се најзаслужни за подобрување на корисничките искуства на нашите клиенти.  

Управниот одбор во Халк Осигурување се оформи пред два месеци кога г-дин Ристовски беше назначен на позицијата генерален директор, а во Управниот одбор покрај него како претседател,  членови се и колегите Селин Шакарер и Игор Доневски. Ристовски истакнува дека Управниот одбор е составен од професионалци со најмалку 20 годишно искуство во осигурителната дејност коишто имаат јасна визија, цели, планови и знаење за тоа во која насока треба да се движи и развива Халк Осигурување.

За кои категории осигурување имаше најголема побарувачка годинава во Халк осигурување?

Со оглед на тоа што македонскиот осигурителен пазар не е доволно развиен, исто како и претходните години доминантен продукт од делот на неживотно осигурување е задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Меѓутоа, кај одредени незадолжителни осигурителни продукти граѓаните и компаниите го препознаа бенефитот од нив,  што резултираше и со зголемена побарувачка.

Тука, пред се’, мислам на приватното здравствено осигурување. Растот на осигурителниот пазар во земјава  во делот на неживотно осигурување заклучно со третиот квартал во 2022 изнесува 7,12%,  додека растот кај приватното здравствено осигурување за истиот период е преку 75%. Тоа значи дека  остварениот пазарен раст во голема мерка се должи на зголемувањето на продажбата на приватното здравствено осигурување.

Од останатите незадолжителни осигурувања позитивен тренд во 2022 година бележи и патничкото осигурување и истото се должи на релаксирање на условите за патување после две пандемиски години. Трендовите кај останатите незадолжителни осигурителни продукти се во рамки на очекувањата без некои значајни осцилации.

Можам да кажам дека овие пазарни трендови во 2022 година се отсликуваа и во Халк осигурување односно приватното здравствено осигурување беше најбараниот продукт. Покрај приватното здравствено осигурување зголемена побарувачка имаше и за сите осигурителни продукти кои што се продаваат преку каналот банкоосигурување.

Дали навиките и свесноста на граѓаните почна да се менува, па да се зголемува постепено уделот на имотните и другите типови незадолжително осигурување?

Морам да истакнам дека несреќни случаи во реалниот живот се случуваат и за жал тие се најсуровиот потсетник за потребата од осигурување. Навиките на граѓаните и свесноста за придобивките и бенефити од осигурувањето во секој случај се менуваат и подобруваат, но како што и напоменав не се единствениот и одлучувачки фактор при носење на одлуката за обезбедување на осигурително покритие.

Дејноста осигурување има и социјална димензија, имено кога клиентите претрпеле штета, во тие за нив тешки моменти наша обврска е да го надоместиме финансискиот дел од претрпената загуба, со што како дејност придонесуваме за подобрување и на квалитетот на животот на граѓаните.

Исто така, обврска на осигурителната индустрија и на нашата компанија е и финансиска едукација која ја спроведуваме на различни начини и преку која дополнително би се подигнала свесноста за осигурувањето. Во насока на подигање на свесноста на граѓаните придонесуваат и влијаат многу други социо – економски фактори, институции и случувања. 

Каква е ситуацијата кај здравственото осигурување, кое што станува се’ повеќе популарно кај населението?

Од здравствен аспект за жал имавме две тешки пандемиски години, коишто сите нас не’ потсетија на неприкосновеноста на нашето здравје и здравјето на нашите блиски,  со што  и се акцентираше потребата за поголема грижа за нашето здравје.

Приватното здравствено осигурување, како што спомнав,  во 2022 е продукт со најголем раст и очекувам овој тренд да продолжи најмалку и во наредната 2023 година.

Од страна на граѓаните овој продукт е препознаен и прифатен и преку овој продукт за граѓаните ги правиме подостапни услугите на приватните здравствени институции, со што во одредена мерка и се растоварува и државно финансираното здравство. Во таа насока за поздравување се и даночните олеснувања во случај кога премијата за осигурување за своите вработени ја плаќа работодавачот и таа мерка треба да остане во сила имајќи ги предвид погоре наведените сеопшти придобивки.

Овој осигурителен продукт е меѓу нашите приоритетни продукти и во таа насока веќе и подготвуваме  измени и подобрувања на постојниот  продукт,  којшто ќе почне да се продава од почеток на 2023 година со што ќе биде подостапен за поголема категорија на граѓани според нивни избор и потреби.   

Брендот Халк е уникатен на македонскиот пазар по тоа што Халк Банка е сопственик на осигурителната компанија Халк Осигурување,  што е една конкурентска предност која овозможува максимално користење на огромниот потенцијал на банкоосигурувањето како продажен канал. Сите активности и синергиски можности се во насока на обезбедување на  интегрирани финансиски услуги на задоволство на клиентите и понатамошно јакнење на брендот Халк.

Кои се новитетите што Халк осигурување ги спрема во понудата? Што ќе биде вашиот адут во 2023?

Имајќи  предвид дека осигурителниот бизнис е комплексен, нашата стратегија е континуиран, стабилен и одржлив развој и во таа насока не би истакнале еден адут,  туку може да зборуваме за збир на повеќе адути преку кои ќе ја реализираме нашата долгорочна визија.

За 2023 година подготвуваме  доста новитети од аспект на осигурителни продукти, што подразбира измена и модификација на постоечките најпродавани продукти со цел да бидат поатрактивни,  потранспарентни, појасни и подостапни за нашите клиенти.

Исто така, планираме и воведување на нови продукти со кои ќе го подигнеме и нивото на услуги кон нашите клиенти. Во делот на обработка на отштетни побарувања ќе ги подобриме нашите перформанси со цел Халк осигурување да биде препознаена од страна на клиентите како релевантна и стабилна осигурителна компанија.

Во 2023 ќе ја развиваме и продажната мрежа со подобрување на соработката со сите продажни канали со цел поголема достапност до клиентите и подобрување на услугите. Посебен акцент ќе ставиме на нашата интерна продажна мрежа која е главен столб на продажбата и истата  ќе ја прошириме и дополнително зајакнеме,  а истовремено континуирано ќе ја едуцираме.

Воведувањето на нови информатички решенија во 2023 ќе ни овозможи поголема оперативна способност, забрзување на сите процеси на работење и истовремено воведување на дигитални решенија со кои ќе ја доближиме компанијата до корисниците на нашите услуги.  Преку каналот банкоосигурување во 2023 почнуваме со продажба на нов продукт осигурување на кредитокорисниците со кој дел од ризиците за неисплата на кредит се осигуруваат.

Кои се најголемите предизвици со коишто се соочува осигурителниот сектор периодов?

Со оглед на динамичноста на времето во кое живееме и работиме секогаш пред нас се појавуваат нови и нови предизвици кои треба да се решаваат и истото се отсликува и во осигурителниот сектор.

Промените во регулативата, промените во технологиите, економските осцилации, пазарните трендови, менувањето на навиките и потребите на клиентите, како и приближувањето на Македонија до европските процеси и асоцијации се фактори кои иницираат промени, а со тоа и предизвици со кои се соочува осигурителната индустрија. Се разбира дека  за истите треба да се креираат и адекватни решенија.

Предизвици со кои осигурителната индустрија се соочува има многу и би набројал неколку од нив.

Растот на цените на енергенсите предизвика сеопфатен раст на сите цени и се наметнува неопходност од зголемување и на премиите. Кај автомобилската одговорност како доминантен производ на македонскиот пазар има многу предизвици кои што треба да се решаваат во периодот кој следи, како што се ниската премија, спојувањето на домашната автомобилска карта и зелениот картон, либерализацијата,  како и трошоците на работење кај овој осигурителен продукт.

Земјоделското осигурување е продукт на којшто Агенцијата за супервизија на осигурувањето, државата односно ресорното министерство и осигурителната индустрија заеднички работат и подготвуваат  ново решение.

Драстичното поскапување на здравствените услуги е голем предизвик за најбрзо растечката класа на осигурување – приватното здравствено осигурување. Профитабилноста на осигурителниот бизнис која споредена со други услуги од финансискиот сектор е драстично помала е исто така предизвик кој сериозно треба да се земе предвид од причина што скоро сите осигурителни компании се странски инвестиции и сосема оправдани се нивните очекувања за пристоен поврат на вложениот капитал.

Трошоците растат, колку тоа се рефлектира во цените на премиите? Постои ли некој системски или друг проблем што им ја отежнува работата на компаниите во неживотното осигурување?

Оваа година што завршува  е веќе трета година по ред во која се јавуваат тешкотии и турбуленции на глобално ниво кои на директен или индиректен начин се рефлектираат на македонската економија, а со тоа и на осигурителната дејност.

Поскапувањето на енергенсите во секој случај и директно и индиректно влијае на осигурителниот бизнис и повлекува верижна  реакција на зголемување на сите цени и зголемување на инфлацијата.

Би ги спомнал драстичните покачувања на цените на здравствените услуги, цените на автомобилите, цените на резервните автомобилски делови, цените на градежните материјали, цените на сите видови на услуги, односно имаме поскапување скоро на сите влезни параметри кои ја дефинираат висината на настанатите штети. Од сето ова заклучокот е дека во 2022 година имаме значителен пораст на износот на просечна штета скоро кај сите осигурителни класи.

Зголемувањето на цените на енергенсите, пред се’ неколкукратно повисоката цена на електрична енергија ги зголемува и трошоците на работењето и во осигурителната индустрија. 

Сето погоре наброено комбинирано со инфлациските движења влијае доста негативно на финансиското работење. Како компанија во делот на незадолжителните класи на осигурување воспоставуваме механизми преку кои висината на премијата ќе биде одредена преку објективни критериуми за оцена на преземениот ризик, што значи висината за секој поединечен клиент ќе биде различна. Кај некои од клиентите ќе има покачување на премијата, некои ќе ја задржат истата премија, а кај некои ќе има и намалување на премијата за осигурување. Во секој случај поради погоре наведените фактори на ниво на осигурителна индустрија извесен е порастот на просечната премија за осигурување. Од аспект на регулатива, веќе 14-та година осигурителниот пазар е добро регулиран што е предуслов и за јакнење на финансиската моќ на компаниите и  подобрување на задоволство на клиентите.

Кои се премисите по коишто се раководите во вашето менаџирање, односно основните вредности што сакате да ги пренесете кон вашиот тим и сите вработени?

Принципите според кои што раководам и менаџирам се базирани на почитување на систем на вредности без кои што е невозможно да се менаџира и компанијата успешно да работи, како на краток, така и на долг рок. Интегритетот, чесноста, искреноста, оптимизмот, компетентноста, упорноста, објективноста, одговорноста и храброста се само дел од вредностите според кои се раководам, како во приватниот живот така и во овие 27 години работење во осигурителниот бизнис.

Градење на тим и тимска работа за мене подразбира  дека тимот  не е само група на луѓе кои заедно работат, туку е група на луѓе кои меѓусебно си веруваат и може да се потпрат еден на друг. Претпочитам и практикувам култура на дискусија базирана на аргументи и факти и од тука произлегуваат најдобрите решенија. Во моето работење и  менаџирање секогаш почнувам од себе со практикување на погоре наведеното со давање на личен пример, што е најдобрата водилка за секој член на тимот. Давањето личен пример е ,всушност, највлијателниот критериум според кој членовите на тимот се раководат и работат.    

Колку е значајна за вашето работење синергијата со брендот Халк, односно поврзаноста со Халк банка како основач на Халк осигурување?

Присуството на Халк Банка АД Скопје е од особено значење за стабилноста и сигурноста кај клиентите на Халк Осигурување,  коишто  Халк Осигурување го перципираат како дел од банкарскиот бренд Халк.

Халк Банка во изминатите 11 години се етаблира и на пазарот е препознаена како една стабилна банкарска институција која е блиска до клиентите и услугите кои ги обезбедува се по мерка и во согласност со нивните потреби и барања.

Нашата стратегија во периодот кој следи е поставување на клиентот со неговите барања и потреби во центарот на нашите деловни активности и обезбедување на услуги со кои ќе ги надминеме очекувањата на клиентите. Сето ова ни овозможува многу синергиски можности со Банката и банкоосигурувањето е механизмот преку кој овие можности ќе ги реализираме.

Брендот Халк е уникатен на македонскиот пазар по тоа што Халк Банка е сопственик на осигурителната компанија Халк Осигурување,  што е една конкурентска предност која овозможува максимално користење на огромниот потенцијал на банкоосигурувањето како продажен канал.

Сите активности и синергиски можности се во насока на обезбедување на  интегрирани финансиски услуги на задоволство на клиентите и понатамошно јакнење на брендот Халк.

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки24 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас