Connect with us

банки

Имаме амбициозен план за поддршка на инвестициите во домашната економија

Разговаравме со менаџментот на УНИБанка

објавено

на

Крај на годината, вообичаено време кога сумираме што сме направиле во тековната, а какви планови имаме за следната. Со цел да дознаеме како во УНИБанка се справуваат со предизвиците на пандемичната „нова нормалност“ и што подготвуваат за периодот што следи, разговаравме со пет секторски директори – Виктор Филиповски – Дирекција корпоративно банкарство, Александар Маневски – Дирекција за стратешки клиенти, Катица Кузманоска – Дирекција банкарство за население, Александра Накова – Парнарџиева – Дирекција картично работење и Катерина Здравева – Дирекција маркетинг и реклама. 


Виктор Филиповски

ДИРЕКЦИЈА КОРПОРАТИВНО БАНКАРСТВО

Откако започна пандемијата пред речиси две години, за што најчесто бараа кредити компаниите?

Почетокот на пандемијата се карактеризираше со брз и силен импакт во сите сфери на деловното опкружување, што имплицираше делумен или целосен пад во активностите и обемот на работа на компаниите, затворање на некои од капацитетите и целосен  lock down во некои од дејностите.

Навремените мерки кои беа донесени од Народната Банка, со измените во Одлуката за кредитен ризик, придонесоа за успешно справување на Банката и клиентите со проблемите кои можеа да се појават во сервисирањето на обврските во текот на пандемијата.

Од почетокот на пандемијата до денес компаниите најчесто користеа краткорочни кредити за одржување на тековната ликвидност и краткорочни кредити за сезонски  набавки или зделки за познати купувачи. Најчесто овие кредити се пласираа на компании кои се занимаваа со земјоделие и производство на храна, но и на трговски компании чие што работење беше фокусирано во снабдувањето со неопходни заштитни средства и медикаменти за справување со пандемијата. 

Покрај средствата за ликвидност, во тој период значаен дел зазема и долгорочното проектното кредитирање, особено во градежниот бизнис каде сѐ уште постои голема побарувачка за станбен и деловен простор, инвестициски кредити во транспортниот бизнис и инвестициите во ФИНТЕК компаниите кои се занимаваат или се директна поддршка на е-бизнисот и интернет трговијата, кој оствари значителен деловен бум во овој период.

Значајно за овој период е да споменам дека УНИБанка е една од првите банки која склучи договор со кои ги поддржа компаниите кои имаат проекти за кои се одобрени грантови преку Фонд за иновации и технолошки развој на Владата на РСМ. Станува збор за компании кои веќе имаат склучено договор со Фондот за иновации и одобрен грант, со цел финансирање на дел од конкретниот проект до негова финална фаза. Структурата на користење на средствата и роковите се прилагодени согласно динамиката на финансирање на проектите помеѓу компанијата и Фондот  за иновации и технолошки развој на Владата на РСМ.

Колкав е порастот во користењето на електронското банкарство кај правните лица во периодот на пандемијата ?

Од почетокот на кризата значително е зголемено користењето на електронското банкарство на постоечките клиенти, зголемен е бројот на нови корисници на електронско и мобилно банкарство и бројот на негови активни корисници. Споредбено 2020 година со 2019 година бројот на клиенти корисници на електронско банкарство е пораснат за 54%, додека истиот во 2021 година споредено со 2019 година е удвоен, односно е пораснат за 98%, Во делот пак на УНИ Токен  корисници УНИБанка бележи  уште поголем раст и тоа 119% во 2020 година во однос на 2019 година, односно 270% во 2021 година споредено со 2019 година.  

Сметам дека растот во голема мера се должи и на фактот дека покрај стандардните услуги, УНИБанка поседува и напредни услуги кои ги нуди преку електронското и мобилното банкарство, како што се отворање на сметки, креирање на депозити, надополнување на депозитите во секое време, отворање на моментално многу актуелните е-пакет и е-пакет+, затварање на достасан долг по кредитна картичка, аплицирање за кредит и други  поволности.

Каква динамика на кредитирањето на бизнис секторот очекувате во 2022 година?

Според извори на Народната Банка на РСМ до крајот на 2021 година се очекува раст од 5,8% за разлика од минатата 2020 година кога е остварен раст од 4,7% на кредитната активност. Очекувањата за годината што следи се дека апетитот за кредити кај компаниите ќе биде значително поголем за разлика од претходниот период и кредитната активност би завршила со раст од 7-8% на крајот на годината.

Особено големо влијание врз побарувачката за кредити во следната година ќе има енергетската криза чиј ефект допрва се очекува да се почувствува. Во голема мерка очекувам дека компаниите ќе инвестираат во енергетски ефикасни проекти за подобрување на сопствената позиција за заштеда во трошоците на електрична енергија и со тоа директно ќе влијаат врз цената на чинење на сопствениот производ и конкурентноста на пазарот. Но, не помалку се очекуваат и инвестиции на компаниите за производство на зелена енергија од фотоволтаични  централи, каде што цената која се очекува да ја достигне електричната енергија во следниот период драстично го крати циклусот на поврат на инвестицијата.

Следствено на ова УНИБанка е спремна да ги поддржи инвестициите во домашната економија и е со амбициозен план за пораст на сопственото кредитно портфолио во следната година. За таа цел подготвени се сите ресурси на банката да дадат брз одговор на потребите на стопанството, особено во делот на зелените финансии. Во врска со ова би додал дека банката има пристап до сите кредитни линии и гарантни шеми кои постојат на пазарот како и сопствени продукти приспособени да ги задоволат различните потреби на клиентите независно од дејноста во која стопанисуваат.  


Александар Маневски

ДИРЕКЦИЈА  ЗА СТРАТЕШКИ КЛИЕНТИ

Што значи за една компанија да биде стратешки клиент на УНИБанка? Какви привилегии подразбира овој статус?

За една компанија да има статус на стратешки клиент во УНИБанка, потребно е истата да исполнува одредени финансиски параметри и да е активен корисник на услугите и производите во УНИБанка. За стратешките клиенти се грижи тим од искусни банкари – менаџери за стратешки клиенти, кои располагаат со високи познавања на сите банкарски продукти и на трендовите во реалниот бизнис сектор.

Преку професионална и непосредна комуникација со својот назначен менаџер – личен банкар, овие стратешки клиенти имаат пристап до сите банкарски продукти на Банката. Со стекнување на доверба кај овие клиенти, често се случува да користат наши финансиски совети, во носење на нивни секојдневни бизнис одлуки, независно дали станува збор за поставување на финансиска конструкција на долгорочна инвестиција, одржување на тековна ликвидност и рентабилност на компанијата или инвестирање на расположливи парични средства. Клиентите ја препознаваат оваа услуга како еден дополнителен бенефит и преку истата креираме една долгорочна партнерска, лојална и професионална релација. Во тој контекст ја промовиравме и услугата за персонализирана услуга МОЈ БАНКАР.

Во кој правец ќе еволуира услугата кон стратешките клиенти во т.н. „ново нормално“, односно пост-пандемичното време на дигитализација на сите процеси?

Освен забрзување на процесот на дигитализација и користење на дигитални канали на комуникација, „новото нормално“ време ја наметна и потребата за уште подинамично бизнис планирање и делување. Компаниите се соочуваат со ситуација кога во своите стратегии на делување и бизнис планови во предвид треба да земат повеќе фактори на влијание и брзо да носат и спроведуваат деловни одлуки.

Во вакви околности, изборот на правилна Банка, која ќе го следи клиентот во своето секојдневно работење е еден од клучните фактори за успешно работење на компанијата. На нас како Банка, дигитализацијата веќе подолго време ни е приоритетна ставка во стратегијата. Располагаме со модерно, сигурно и едноставно за користење електронско банкарство и Е-пакетот услуги за правни и физички лица, преку кои клиентите можат неколкукратно да ги намалат  банкарските провизии и трошоци. Но, како што споменав и погоре, ја препознаваме и потребата на клиентите за директна комуникација, финансиско советување и брзина во спроведување на нивните бизнис планови.

Продолжуваме да го усовршуваме и овој сегмент од нашата палета на услуги и да го оправдаме статусот на УНИБанка како Банка на клиентот.


Катица Кузманоска

ДИРЕКЦИЈА БАНКАРСТВО ЗА НАСЕЛЕНИЕ

Како влијаеше пандемијата врз кредитирањето на населението? Имаше ли промени во вообичаената структура на побарувачката за кредити?

Пандемијата наметна нови предизвици кои нé поттикнаа да размислуваме кон креирање на продукти кои го имаат инкорпорирано елементот на зголемена сигурност за граѓаните.

Развивме понуда на кредитни продукти поврзани со полиси за осигурување во соработка со Кроација осигурување.

Кај сите кредитни продукти на банката за физички лица постои опција за поврзување со животно осигурување. Животното осигурување вклучува и Ковид 19, покрај стандардните покритија, при немил настан поради незгода или болест. На клиентите им овозможуваме заштита на семејството од неизвесностите во периодот на отплата на кредитните обврски и осигурително покритие во случај на непосакуван настан.

Ануитетските кредити од овој тип се со пониска каматна стапка од редовните продукти, за дури 0,5пп кај потрошувачките кредити. Единствени на пазарот за сите наши кредитни картички и дозволени пречекорувања по дебитни картички овозможивме осигурително покритие за вредност 50.000 денари. Двете групи на корисници ќе добијат бесплатно ризико осигурување за првата година, односно трошокот ќе биде на товар на банката.

Во однос на структурата на побарувачката на кредити, доминантна е побарувачката пред сé на станбените кредити.  Пандемијата  влијаеше на потрошувачките навики на граѓаните. Порастот кај станбените кредити е повисок од порастот кај потрошувачките, што укажува дека се зголемува навиката за инвестирање во недвижности, што ние како банка го подржуваме со ниски каматни стапки и долги фиксни рокови. Нашата понуда е од 2,95 % фиксна камата за 10 години.  Овозможуваме и 100% финансирање за купување станбен простор при одредени услови.

Во услови на историски најниски каматни стапки, каква е динамиката на новите депозити?

И покрај ниските каматни стапки, граѓаните нé препознаваат како институција која нуди сигурност на нивните финансиски средства. Депозитната база на население е во континуиран раст што ја покажува довербата на клиентите и ја зацврстува позицијата на банката како „Банка на клиентот”.

Очекуваме трендот на пораст на депозитната база на население да продолжи и во 2022 година. Овој раст ќе го овозможиме со нашите депозитни продукти кои се флексибилни, со различни рокови и валути, дизајнирани за потребите на штедачите.

Сите депозитни продукти на УНИБанка се отворени, односно им нудат на клиентите можност за зголемување на основниот влог преку дополнителни вложувања се до истекот на рокот на депозитот.

Пандемијата исто така многу влијаеше на подигнување на свеста кај граѓаните за користење на дигиталните канали, како во делот на кредитите и депозитите, така и во услугите, а во насока на минимизирање на потребата за посета на експозитура.

Преку мобилно банкарство, како и преку WEB страната на Банката клиентот може да  аплицира за сите кредитни продукти.

Преку електронското банкарство може самостојно да отвори депозит и да го надополнува, како и трансакциска сметка.

Пакетот кој го нудиме е еден од најатрактивните продукти во банкарскиот сектор кој на клиентот му овозможува целосна слобода при располагање со сопствените средства. Неограничен број на трансакции, можност за користење на банкоматите на сите банки, одржување на сметка, смс известување за минимален месечен надоместок од само 99 денари.

Трендот на дигитализација ќе го продолжиме и во наредниот период и силно веруваме дека неговата едноставност, квалитетот на продуктите кои ги нудиме, како и сигурноста за клиентот се еден од факторите поради кои клиентите се одлучуваат и се повеќе ќе се одлучуваат за УНИ Банка како своја Банка.


Александра Накова Парнарџиева

ДИРЕКЦИЈА КАРТИЧНО РАБОТЕЊЕ

Се менуваат ли навиките на луѓето во поглед на користењето на картичките? Кои се најзначајните трендови во поглед на користењето картички што ги забележувате во УНИБанка?

Во текот на изминатите години сведоци сме на бројни промени во начинот на кој луѓето ги вршат плаќањата. Екосистемот на плаќањата рапидно се менува, методите и каналите на плаќање еволуираат и се појавуваат нови начини на плаќање. Развојот на технологијата, дигитализацијата, бројните придобивки од користење на платежни картички, придонесуваат луѓето многу почесто да користат платежни картички, со што бројот на трансакции со платежни картички е во постојан пораст. Дополнително, пандемијата поттикна бројни промени во навиките на луѓето во сите сфери на животот. Неизбежно се наметна и промена во трендовите и навиките на клиентите во користење на платежните картички. Како на ниво на банкарски сектор, така и во УНИБанка евидентен е висок раст на бројот на плаќања со картички во трговија (е-трговија и физички продажни места). Бројот на трансакции на физички продажни во 2021 година е за 52% повисок во однос на минатата година, додека пак бројот на плаќања со платежни картички во е-трговија, бележи раст од 30%. За плаќањата на физички продажни места карактеристичен е висок процент на бесконтакни плаќања, дури 92% од трансакциите клиентите на УНИБанка ги извршиле со користење на бесконтактната технологија. Понатаму, трансакциите во трговијата доминираат во однос на трансакциите извршени на банкомати, односно бројот на извршени трансакции во трговијата е за 4 пати поголем од бројот на трансакции извршени за подигнување на готовина на банкомати. Значајно е да се спомне и дека клиентите сѐ повеќе ги користат своите платежни картички за плаќање на режиските трошоци. Имено, оваа година плаќањата за режиски трошоци извршени со картички на УНИБанка се двојно зголемени во однос на минатата година. Сето ова е показател дека клиентите ги менуваат навиките и наместо готовина започнуваат да преферираат користење на дебитна или кредитна картичка за извршување на своите плаќања.

Какви новитети може да очекуваат клиентите во 2022 во поглед на картичните услуги?

Новите услуги и грижата за клиентите се во фокусот на работењето на УНИБанка и се основа на која ја градиме иднината на банката. Нашиот тим постојано работи и ги усовршува услугите кои ги нудиме на клиентите.

Во моментот интензивно работиме на модернизирање на АТМ мрежата на банката, преку која ќе понудиме на клиентите нови и модерни АТМ уреди, на кои покрај стандардната услуга подигнување на готовина, ќе можат да извршуваат и бројни други услуги како депонирање на средства на сметка (cash in), трансфер на средства, плаќање долг на картичка, плаќање на режиски трошоци, менувачко работење и слично.

Преземаме активности за модернизирање на мрежата на POS терминали и воведување на нова услуга со која трговците ќе можат да понудат на потрошувачите подигнување на готовина на продажно место со POS трансакција. Понатаму, планиран новитет е воведување на еден од најнапредните технолошки начини на плаќање – дигитализирање на платежните картички во мобилен паричник со кој нашите клиенти корисници на картички ќе можат брзо и безбедно да плаќаат на POS терминали во земјата и странство со своите мобилни телефони.

Планираме бројни производи и услуги кои ќе бидат по мерка на нашите клиенти, а кои се во насока овозможување на бројни бенефити за клиентите, полесен пристап до банкарските услуги, подобрување на корисничкото искуство и поедноставен начин за реализирање на нивните финансиски трансакции.


Катерина Здравева

ДИРЕКЦИЈА МАРКЕТИНГ И РЕКЛАМА

Каков ефект имаат дигитализацијата и пандемијата врз маркетинг стратегијата на УНИБанка?

Дигитализацијата на бизнисите рапидно се зголемува во последните неколку години и сега таа за многумина стана потреба, наместо опција.

Дигиталната трансформација е процес на постојана технолошка еволуција во УНИБанка.

Како што технологиите стануваат сè понапредни, тие едноставно даваат насока да дејствувате и да иновирате. До неодамна беше речиси невозможно да се добие кредит преку интернет или да се вршат трансакции само преку мобилни платформи.  Денес, трендот кон дигитализација се зголемува толку многу што се очекува дигиталното банкарство да стане секојдневие за населението.

Дигиталната технологија ги подобри нивоата на брзина, таа исто така поттикна онлајн поврзување и достапност. Како последица на тоа, дигиталниот маркетинг стана нов збор и ефективно ја трансформира маркетинг логиката и практиките на компаниите. Со други зборови, дигитализацијата го отвори патот за дигиталниот маркетинг да стане нова норма. Имплементацијата на дигитални технологии не само што го зголемува дигиталното присуство на компанијата туку и поттикна создавање на нови комуникациски канали.

Маркетинг стратегијата на УНИБанка во време на пандемија драстично се промени, поставувајќи невидени предизвици. Непредвидливата криза значеше дека банката треба да спроведе ефективни решенија кои обезбедуваат континуитет и ефикасност речиси преку ноќ.

Растечката употреба на дигиталните финансиски услуги ја претвори кризата во можност, па преку процес на стратешко маркетинг планирање – активностите се дизајнираа да поддржуваат интегрирани маркетинг комуникации на повеќе платформи со реципрочни комуникации – односно не само емитување информации, туку и разговори со клиентите.

Суштината на маркетингот е задоволување на крајните корисници. Па според тоа, и маркетинг целите на УНИБанка поаѓаат од потребите, желбите и навиките на потрошувачите.

Кои се најголемите предизвици за Вас како дирекција што треба да ја координира маркетинг комуникацијата на повеќе различни сектори во банката?

Во успешните бренд компании маркетингот е суштински дел од сложувалката која го прави бизнисот  успешен, таква е и нашата стратегија и истиот претставува голем предизвик за нас.

Маркетингот е  континуиран, последователен процес преку кој ние како дирекција секојдневно го планираме, истражуваме, спроведуваме, контролираме, а воедно ги оценуваме активностите дизајнирани да ги задоволат потребите и желбите на клиентите и да ги исполнат целите на организацијата.

Маркетингот на услуги и продукти кој нѐ поврзува и нѐ обединува во работата е концепт заснован на препознавање на уникатноста на сите услуги, тоа е гранка на маркетингот што конкретно се однесува на услужните индустрии. За да се обезбеди ефективен маркетинг на услуги, важен елемент е стратешки да се пристапи на процесот на планирање. Употребата на маркетинг систем  бара внимателно оценување на повеќе алтернативи, избор на вистинските активности за конкретни пазари, предвидување на предизвиците, прилагодување и мерење на успехот. Важно е сите овие компоненти да работат заедно во беспрекорен сет на пораки и активности познати како интегрирани маркетинг комуникации или IMC. Интегрираните маркетинг комуникации (IMC)  вклучуваат планирање и координирање на сите елементи на промотивниот микс (вклучувајќи ги онлајн и социјалните медиуми) за да бидат што е можно поконзистентни и меѓусебно поддржувачки. Овој пристап е многу супериорен во однос на користењето на секој елемент посебно и независно.

Предизвикот е јасен, способноста истовремено да настапувате заедно со вашите колеги или вработени во ефективна тимска работа е клучна за постигнување раст и успех во секој аспект.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал