Connect with us

свет

Инвестирањето без фундаментална анализа е како да возите автомобил со врзани очи

Инвеститорите се грабаат кој да стане акционер во брзо растечки компании со розови процени.

објавено

на

Инвеститорите се грабаат кој да стане акционер во брзо растечки компании со розови процени. Јазот помеѓу принципите за тоа како функционирале пазарите во минатото и како тие функционираат денес, никогаш не бил толку голем. „Во такво опкружување, корисноста на анализите е релативно намалена, бидејќи приказната е многу помоќна од голите бројки. Во моментов пазарот главно наградува добра приказна, а бројките не се толку важни. Како и секогаш, овој пристап ќе се удри како бумеранг и многу ‘добри’ приказни ќе испаднат празни ветувања, така што во продолжуваме да веруваме дека инвестирањето без фундаментална анализа е како да се вози автомобил со врзани очи. Многу опасен пристап кој може да доведе до несреќа.“, велат аналитичарите на Генерали.

На почетокот на октомври се предизвика метеж кога американскиот претседател Доналд Трамп се зарази со корона вирусот, а истиот се прошири и на некои други членови на американската администрација. Инфекцијата во Белата куќа беше само прашање на време поради односот кон вирусот.  Трамп ја искористи инфекцијата пред изборите и се врати во Белата куќа во понеделникот, а пазарите на капитал го поздравија ова со силен раст буквално во сите сегменти, коментираат аналитичарите на Генерали Инвестментс во својата најнова неделна анализа.

„Сепак вирусот брзо се шири низ целиот свет, освен во Кина, принудувајќи ги земјите во понатамошно заострување на ограничувањата. Така, дојдовме до нова буква која го опишува движењето на економијата за време на пандемијата, буквата ‘К’. Отскокнувањето по прекинот на јавниот живот напролет ќе продолжи во индустриските активности, додека услужните активности повторно ќе се намалат со заострување на мерките. Ова го потврдуваат и индикаторите на PMI за економска активност и на крај движењето на одделни акции на берзите.“, велат од Генерали.  

Инфекцијата во Белата куќа беше само прашање на време поради односот кон вирусот.  Трамп ја искористи инфекцијата пред изборите и се врати во Белата куќа во понеделникот, а пазарите на капитал го поздравија ова со силен раст буквално во сите сегменти

Само нека има победник во ноември во САД

Американските федерални резерви и Европската централна банка засега водат релативно пасивна политика и не се планираат нови мерки во следните неколку недели. Предизборната битка во САД е во полн ек и покрај инфекцијата на Трамп, исто како и преговорите за Брегзит. Пазарот во моментов ги гледа  и двата резултати од изборите како позитивни, бидејќи победата на Трамп ќе донесе континуирани мерки како што се пониски даноци, а победата на Бајден ќе ги направи мерките попредвидливи, со што ќе се намали нестабилноста на администрацијата и следствено на тоа на пазарите.

„Сценарио каде нема победник или резултатот е комплицирана правна битка, за пазарите не е добар, но неговата веројатност во моментов е мала. Брегзит се движи со забрзано темпо кон бездна, односно отсуствува договор, нешто што европските пазари не го имаат вметнато како опција во своите вредности. Нема нови компликации помеѓу САД и Кина и истите не се очекуваат во периодот пред изборите. Сепак на пазарите во развој гледаме зголемување на монетарните и фискалните притисоци, како резултат на пандемијата и растечките дефицити во јавната каса, кои земјите ги надополнуваат со дополнително задолжување, особено во странски валути. Ова може да доведе до повеќе аргентински и турски сценарија во иднина, т.е. пад на вредноста на локалните валути и потребата за преструктуирање на долгот.“, сметаат аналитичарите од Генерали инвестментс.

Инвеститорите се грабаат за брзо растечките технолошки компании

Пазарите првично реагираа негативно на инфекцијата во Белата куќа, но таа корекција брзо се надополни. На пазарите сè уште доминираат најголемите ИТ компании и компании во сегментот на е – трговија и работа од дома. Јазот меѓу одделните индустрии останува голем или се зголемува. Оваа година, најлошо место зазедоа делови на потрошувачкиот сектор, особено туризмот, авијацијата, угостителството, како и енергетската и финансиската индустрија, особено банките. Летниот оптимизам во дел од услужниот сектор брзо се претвори во песимизам наесен, и повеќе од очигледно е дека компаниите од овој сегмент нема да преживеат без дополнителна, главно државна помош.

Така, Луфтханза троши 500 милиони евра месечно, на ТУИ му треба нова дополнителна докапитализација, исто така, на пример на Дафри, најголемиот оператор на бесцарински продавници на аеродромите, му требаат 500 милиони швајцарски франци за да ја преживее зимата. Но, за овие компании и покрај евтините пари, секое собирање средства без државна помош е многу голем предизвик. Од друга страна, гледаме како инвеститорите се грабаат кој да стане акционер во брзо растечки компании со розови процени. Јазот помеѓу принципите за тоа како функционирале пазарите во минатото и како тие функционираат денес, никогаш не бил толку голем.

„Во такво опкружување, корисноста на анализите е релативно намалена, бидејќи приказната е многу помоќна од голите бројки. Во моментов пазарот главно наградува добра приказна, а бројките не се толку важни. Како и секогаш, овој пристап ќе се удри како бумеранг и многу ‘добри’ приказни ќе испаднат празни ветувања, така што во продолжуваме да веруваме дека инвестирањето без фундаментална анализа е како да се вози автомобил со врзани очи. Многу опасен пристап кој може да доведе до несреќа.“, сметаат од Генерали.


Совети за инвеститорите

Слушајте го Бафет

Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во последните месеци и сè уште се високи и покрај последната корекција, добивките на хартија се големи, можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и длабока корекција. „Од друга страна, имаме некои акции во индустријата кои се чинат многу евтини, но во моментов не се популарни кај инвеститорите. За трпеливите инвеститори, ова е веројатно крајно време за благо зголемување на изложеноста на овие сегменти на пазарот. Како што вели Бафет – плашете се кога другите се алчни и бидете алчни кога другите се плашливи.“, препорачуваат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс.

Портфолио менаџерите на Генерали повторно не ги менуваат старите препораки. Некои индустрии и акции се преценети, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. „Сепак, не е време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолијата. Препорачливо е да се диверзифицираат средствата во портфолијата и да се распределат во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари.

Ликвидносната поддршка  како за обврзниците, така и за акциите продолжува и покрај краткорочните корекции во првите две недели од септември, го принудува растот пред сè на цените на технолошките акции, но евентуалното намалување или повлекување на оваа поддршка може брзо да доведе до силна корекција. Состојбите на светските економии се различни и неизвесната есен ветува зголемена нестабилност.“, велат од Генерали.  
Трендот на раст на пазарите, главно како резултат на технолошките акции, може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД, како и поради тензиите меѓу САД и Кина.

Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се преценети и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор бидејќи приносите на овие акции остануваат многу над просекот од почетокот на годината. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за  намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период.

„Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во последните месеци и сè уште се високи и покрај последната корекција, добивките на хартија се големи, можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и длабока корекција. Од друга страна, имаме некои акции во индустријата кои се чинат многу евтини, но во моментов не се популарни кај инвеститорите. За трпеливите инвеститори, ова е веројатно крајно време за благо зголемување на изложеноста на овие сегменти на пазарот. Како што вели Бафет – плашете се кога другите се алчни и бидете алчни кога другите се плашливи.“, препорачуваат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг22 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг23 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг23 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании23 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија23 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија23 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју23 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија23 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија23 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет23 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју23 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up2 дена ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ