Connect with us

Business

Инвеститор направил 40% принос на својот хеџ фонд додека Волстрит вртоглаво паѓаше

објавено

на

Кевин Смит, шефот на Crescat Capital, објави дека двата клучни инвестициски фондови на неговата компанија направиле принос од 40,5% и 34,5% помеѓу 20 февруари и 20 март.

Шеф на инвестициски хеџ фонд и следбеник на филозофијата на Ворен Бафет направил 40% заработка за време на паничната распродажба на Волстрит што се случи во февруари и март, откако повеќе од две години “се обложувал“ против самите берзи.
Кевин Смит, основач и шеф за инвестиции на Crescat Capital, во своето најново писмо до инвеститорите открива дека т.н. макро фонд на групацијата остварил 40,5% принос помеѓу 20 февруари и 20 март. Еден друг фонд на Crescat остварил 34,3% принос во истиот период, во време кога берзанскиот индекс S&P 500 падна за речиси една третина.
Смит со години e познат по тоа што не верува во растот на акциите, тврдејќи дека „акциите на американските големи корпорации се најпреценети од било кога досега“ во писмо до инвеститорите од ноември 2017 година. Тој задржал 50% од средствата на фондот во кеш и ги пласирал парите во злато и сребро, додека истовремено акциите бележеа рекорден раст, пишува Business Insider. „Тоа е многу тешко, и емоционално исто така, едноставно брутално е“, вели Тејви Коста, портфолио менаџер во Crest Capital.
Оваа „бафетовска“ трпеливост на Смит, всушност, не треба да е изненадување. Татко му го вовел во светот на инвестициите со тоа што му дал да чита своевремено еден куп од фамозните годишни писма до акционерите на стариот лисец од Омаха.
Crescat Capital е лоциран во Денвер, Колорадо, не случајно, вели Смит.
„Бафет ја изгради својата империја од Омаха, Небраска. Многу е важно да го избегнеш влијанието од тоа што цел Волстрит го мисли, а најдобро да го направиш тоа е и физички да се дистанцираш од Њујорк“.
Почитувањето на филозофијата на Бафет за долгорочно инвестирање и избегнување на „менталитетот на стадото“ се главните фактори што му помогнаа на Смит да донесе одлуки што на крајот му се исплатеа, кога сите панично бегаа од акциите и нивните цени паѓаа среде корона – кризата.
“Крахот ќе дојдеше, со или без пандемијата од коронавирусот“, им рече Смит на инвеститорите минатата недела.
Тој ќе продолжи да „се обложува“ дека акциите ќе паѓаат, односно ќе задржи т.н. net short позиција (кога инвеститорите позајмуваат акции што ги препродаваат веднаш, очекувајќи дека цената ќе падне. Потоа ги купуваат по пониска цена, ги враќаат на тој што им ги позајмил, а разликата е нивната добивка, н.з.) затоа што очекува и понатаму да има проблеми со цените на акциите и на останатите сегменти на пазарите на капитал. Клучните причини за овие негови предвидувања се преценетата кинеска валута – јуанот, односно меурите на банкарскиот пазар и пазарот на недвижнини во Кина што се очекува да се случат.
Меѓутоа, Смит е спремен да ја смени тактиката штом макро моделот на Crescat (модел на инвестирање при што се антиципираат и анализираат глобални економски трендови , движење на каматни стапки, меѓународна трговија, политички промени, итн. н.з.) штом тој покаже дека пазарите и економијата го допреле дното.
„Тогаш од мечки ќе се претвориме во разбеснети бикови“, напишал тој во писмото до инвеститорите.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“