Connect with us

економија

Инвестиција од 2,5 милиони евра во нови лозови насади на „М6 Аграр“ ја зајакнува пазарната позиција на ВВ „Тиквеш“

објавено

на

Нови лозови насади на површина од 120 хектари, на локацијата Бабуна, во близината на Велес, е најновата инвестиција на „М6 Аграр“ за унапредување на квалитетот на вината на ВВ „Тиквеш“.

Компанијата „М6 Аграр“, која заедно со ВВ „Тиквеш“ е дел од Групацијата М6, и во услови на криза предизвикана од пандемијата од Kовид-19, продолжи со инвестицискиот циклус. Нови лозови насади на површина од 120 хектари, на локацијата Бабуна, во близината на Велес, е најновата инвестиција на „М6 Аграр“ за унапредување на квалитетот на вината на ВВ „Тиквеш“. Инвестицијата изнесува речиси 2,5 милиони евра, а дел од средствата се обезбедени со поддршка на ИПАРД програмата.

„Благодарение на јасната визија за создавање врвни вина и развој на македонската винска индустрија успеавме и во овие услови на пандемија да продолжиме со инвестициите во нови лозови насади, модерна технологија и развој на човечките ресурси кои ќе овозможат понатамошно унапредување на квалитетот на вината на „Тиквеш“, нивно позиционирање на странските пазари и поголема промоција на македонските вина воопшто. Задоволни сме и благодарни за поддршката што ја обезбедуваат Владата, ресорното министерство и ЕУ фондовите за овој сектор, а во тие рамки и за „Тиквеш“ како двигател на развојот на македонската винска индустрија, но сепак треба да се утврди дека оваа гранка е стратешки важна за државата со тоа што ќе се воведат јасни стандарди, систем на географски индикации и помени во системот на субвенции“, истакна претседателот на управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ и партнер во Групацијата М6, Светозар Јаневски.

Претседателот на управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ и партнер во Групацијата М6, Светозар Јаневски.

Новите лозови насади на локацијата Бабуна се дел од повеќегодишна инвестициска програма за унапредување на квалитетот на вината на ВВ „Тиквеш“, во чии рамки досега се инвестирани над 5 милиони евра во подигнување на нови лозови насади и модерна механизација. Инвестицискиот план за подигнување нови лозови насади предвидува во текот на 2022 година да се вложат дополнителни 3,3 милиони евра и да биде опфатена површина од нови 180 хектари.

„Навистина е многу убаво чувството кога сме сведоци на нечиј развој. Јас сум истовремено и горд, бидејќи ова е заеднички успех како потврда на добрата политика на Владата и добрата соработка помеѓу институциите и приватниот сектор. Преку многу вакви примери, ние застанавме на лидерското место помеѓу земјите кориснички на ИПАРД во однос на степенот на искористеност на ИПАРД II. Како резултат на добрата искористеност на средствата од Програмата, за прв пат во историјата, две години по ред 2019 и 2020, а сега и во 2021 година, РСМ нема да враќа неискористени средства од Програмата“, истакна Аријанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Аријанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во подигнување на нови лозови насади, досега компанијата вложи над 3,5 милиони евра сопствени средства, додека речиси 1,5 милиони евра се обезбедени со поддршка на ИПАРД програмата, преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Kако имплементатор на ИПАРД програмата, Агенцијата даде огромен придонес и поттик за почеток на оваа инвестиција. Со склучувањето на договорите од ИПАРД фондот, вредни  622 илјади евра, овозможивме финансиска поддршка за техничка подготовка на земјата за новите насади, набавка на столбови и земјоделска механизација за обработка на насадите. Со оваа инвестиција компанијата не само што се модернизира, туку ги намалува и производните трошоци, како и времето за обработка и одржување на насадите“, изјави Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Најновата инвестиција ја поздрави и претседателот на Владата, Зоран Заев, истакнувајќи дека со својата долгогодишната традиција на производството на врвни вина, со присуство на над 25 пазари ширум светот и освоени 130 високи награди на реномирани светски вински натпревари само минатата година, Винарската визба „Тиквеш“ претставува најголем промотор на македонските вина на светската винска сцена.

„Оваа инвестиција ги потврдува неисцрпните можности на македонското сонце и земја за развој на земјоделството, особено за развој и експанзија на нашето грозје, како и за производство на квалитетни вина. Инвестицијата во нови лозови насади нема да придонесе само за унапредување на квалитетот на вината на „Тиквеш“, туку ќе создаде услови и за производство за поголеми количини за освојување на светските пазари. Многу е важно што оваа инвестиција ќе придонесе за понатамошно градење на имиџот на земјата како производител на високо квалитетни вина и за етаблирање на македонската винска индустрија“, изјави премиерот Заев.

Премиерот Зоран Заев, исто така, ја поздрави најновата инвестиција на М6 Аграр

Во изминатите 15-тина години инвестициите на ВВ „Тиквеш“ надминаа 40 милиони евра. Најголемиот дел од овие средства беа вложени во најсовремена опрема и технологија за примарната преработка на грозје, микровинификација и одлежување на виното, што му овозможи на „Тиквеш“ да прерасне во винарница со најголем капацитет за производство на вина со премиум квалитет во земјата и регионот. Со инвестициите во нови лозови насади и обнова на постојните, дополнително ќе се зајакнат позициите на винарницата.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација