Connect with us

македонија

Индустријата потешко погодена од ковид – кризата во однос на банкарскиот сектор

Анализа на работењето на котираните компании за првите девет месеци

објавено

на

Деведесет  компании од индустрискиот сектор што котираат на официјалниот пазар на Македонската берза првите девет месеци ги завршиле со вкупни оперативни приходи намалени за 17%, на 1,36 милијарди евра, додека вкупната добивка на овие компании е намалена за 15%, на 85 милиони евра. Десет компании од финансискиот сектор – осум банки и две осигурителни куќи – имаат вкупна  добивка од речиси 82 милиони евра, што е само 5% помалку од лани, и претставува речиси 50% од вкупната добивка на сите 100 котирани компании.

Транспарентноста на друштвата чии хартии од вредност котираат на Македонската берза  е на солидно ниво и може да се заклучи дека прогласената пандемија на Covid-19 не влијаеше во голема мера на обемот на информации што им се достапни на инвеститорите на пазарот на капитал, е заклучокот на Извештајот на Комисијата за хартии од вредност за финансиските перформанси на котираните друштва во првите девет месеци.

Заклучно со 16.11.2020 година 97% од друштвата што имаат обврска да објават неревидирани деветмесечни биланси на успех на пазарот на капитал (97 друштва од вкупно 100 друштва што имаат обврска да објават), ја исполнија обврската за обелоденување на деветмесечни финансиски податоци. Во однос на минатата година бројот на друштва што ја исполниле обврската за објавување на деветмесечни биланси на успех е за едно помалку.

Меѓутоа, пандемијата влијаеше на намалување на приходите на друштвата и на нивната успешност. Од аспект на финансиското работење, забележано е намалување на приходите од работењето на друштвата и на остварениот финансиски резултат во првите девет месеци од 2020 година во однос на истиот период од 2019 година. Акционерските друштва од нефинансискиот сектор  кои објавиле деветмесечни биланси на успех, во периодот 01.01.-30.09.2020 година регистрирале намалување на приходите од работењето во однос на истиот период минатата година за 17,08%.

Во првите девет месеци од годината  друштвата реализирале приходи од редовно работење во вкупен износ од 83,13 милијарди денари, додека вкупно остварените приходи од редовно работење за истиот период минатата година 100, 25 милијарди  денари. Бројот на друштва од индустријата  што реализирале нето добивка во првите девет месеци од 2020 година во однос на истиот период од 2019 година е намален од 68 друштва на 59 друштва, при што вкупниот износ на остварената нето добивка на друштвата е намален за 14,99%, од 6,16 милијарди  денари остварен во првите девет месеци на 2019 година на 5,24 милијарди  денари во првите девет месеци од 2020 година.

Само во фармацијата пораст на приходите

Речиси во сите индустриски  дејности е регистрирано намалување на приходите од работењето, освен во секторот фармација каде е забележан пораст на приходите од редовно работење, што е очекувано со оглед на новата состојба во економското окружување наметната со пандемијата КОВИД-19.

Негативните последици од пандемијата кои се покажаа во реалниот сектор, се рефлектираа и на финансискиот сектор, пред сè на банкарскиот сектор, кој регистрира намалување на редовните приходи од камати и од провизии и надоместоци, а во следниот период се очекува уште повидливо влијание на кризата на финансискиот сектор каде ефектите од кризата се со одложено дејство.

Од објавените 97 деветмесечни биланси на успех се констатира дека 69 друштва имаат позитивен финансиски резултат – нето добивка, а 28 друштва деветмесечниот период го завршиле со негативен финансиски резултат – нето загуба. Лани во истиот период, од објавени 98 деветмесечни биланси на успех, 77 друштва оствариле позитивен финансиски резултат – нето добивка, а 21 друштва негативен финансиски резултат – нето загуба. Оттука, за дел од друштвата периодот од првите девет месеци од 2020 година бил понеповолен за финансиското работење на друштвата во однос на истиот период од 2019 година.

Вкупниот износ на остварените нето добивки во првите девет месеци од 2020 година е 10,2 милијарди денари и истиот бележи намалување за 10,44% во однос на вкупниот износ на остварени нето добивки во првите девет месеци од 2019 година, кога изнесувал 11, 4 милијарди денари. Во поглед на остварените нето загуби, забележано е дека и покрај зголемениот број друштва што искажале нето загуби, вкупниот износ на искажаните загуби бележи намалување односно од 628, 4 милиони денари, колку што изнесувал во првите девет месеци минатата година, во истиот период од 2020 година изнесува 453, 8 милиони денари, што претставува намалување на нето загубите за 27,61%. Ова во најголем дел се должи на намалените загуби искажани од друштвата од секторите индустрија и земјоделство.

Имено, друштвото Либерти АД Скопје од секторот индустрија за првите девет месеци од минатата година искажа нето загуба во износ од 303, 6 милиони денари, додека за првите девет месеци оваа година има остварено нето добивка во износ од 6, 8 милиони денари, а од друштвата од секторот земјоделство, друштвото ЗК Пелагонија АД Битола за првите девет месеци од минатата година искажа нето загуба во износ од 154, 9 милиони денари, додека за првите девет месеци оваа година истата ја има речиси двојно намалено, при што искажа нето загуба во износ од 79,7 милиони денари.

Половина од добивката на 100 компании ја оствариле 8 банки 

Оттука, може да се заклучи дека сите друштва од секторите трговија со нафта, фармација, банкарство и осигурување, чии хартии од вредност котираат на берза првите девет месеци ги завршиле со добивка. За разлика од нив, во секторите угостителство доминираат загубите. Од аспект на износот на остварениот финансиски резултат евидентно е дека износот на добивката што го остваруваат друштвата од секторот финансии (банки и друштва за осигурување) е значително повисок од износот на добивката што ја остваруваат друштвата од другите дејности – индустрија, фармација, трговија со нафта, услуги. Имено, најголем дел од вкупниот износ на остварените нето добивки во првите девет месеци од 2020 година, односно 48,71%, е остварен од осумте банки и двете друштва за осигурување, чии хартии од вредност котираат на Македонска берза. Покрај банките и друштвата за осигурување, значајно учество во вкупно остварениот износ на нето добивки во првото деветмесечие од годината имаат и секторите индустрија со 23,38% и услуги со 12,31% од вкупно остварениот износ на нето добивки.

Најголем дел од вкупниот износ на остварените нето добивки во првите девет месеци од 2020 година, односно 47,54%, е остварен од осумте банки чии хартии од вредност котираат на Македонска берза. Покрај банките, значајно учество во вкупно остварениот износ на нето добивки во првото деветмесечие од годината имаат и секторите индустрија со 23,38%, услуги со 12,31% и фармација со 9,45% од вкупно остварениот износ на нето добивки, додека значајно помало е учеството на друштвата од останатите сектори во вкупно остварениот износ на нето добивки односно 2,81% од секторот трговија со нафта, 1,26% од секторот градежништво, 1,17% од секторот осигурување, 1,02% од секторот земјоделство, 0,99% од секторот трговија и 0,06% од секторот угостителство.

Во поглед на износот на искажаните загуби, доминира секторот индустрија каде друштвата искажале загуби во износ кој претставува 44,60% од вкупно искажаниот износ на загуби во првото деветмесечие од 2020 година од друштвата чии хартии од вредност котираат на берза. Износот на искажаните загуби од друштвата од секторите земјоделство, угостителство и услуги, исто така зафаќа значаен дел од вкупниот износ на искажани загуби во деветмесечието со учество од 22,55%, 17,54% и 13,97%, респективно, додека друштвата од секторите градежништво и трговија имаат мало учество со 1,32% односно 0,01%, респективно во вкупно искажаниот износ на загуби од друштвата за периодот 01.01.-30.09.2020 година.

Најголем пад на износот на нето добивките има кај друштвата од секторот угостителство за 95,32%, од секторот трговија со нафта за 61,28% и од секторот градежништво за 48,49%. Во поглед на искажаните нето загуби, друштвата од секторите угостителство и услуги бележат најголем пораст на искажаните износи на нето загуби за периодот од 01.01.- 30.09.2020 година во однос на истиот период од 2019 година, и тоа за 605,62% односно 322%, респективно. Учеството на износот на искажаните загуби од друштвата од секторот угостителство и од секторот услуги во вкупниот износ на остварени нето загуби од котираните друштва за периодот 01.01.-30.09.2020 година е 17,54% и 13,97% респективно, и истото бележи пораст во однос на учеството во вкупниот износ на остварени нето загуби од котираните друштва за истиот период минатата година кога изнесувало 1,80% и 2,40% респективно.

За 15% намалена вкупната добивка на компаниите од реалниот сектор

Најголем дел од друштвата чии хартии од вредност котираат на берзата се од различни стопански дејности, но истите оствариле нето добивки во вкупен износ кој е малку повисок од вкупниот износ на остварените нето добивки од друштвата од финансискиот сектор. Имено, нето добивките од друштвата од реалниот сектор претставуваат 51,29%, од вкупниот износ на остварените нето добивки во првите девет месеци од 2020 година од друштвата чии хартии од вредност котираат на Берзата. Вкупниот износ на остварени нето добивки на друштвата од стопанството, чии хартии од вредност котираат на берза за првите девет месеци од 2020 година се намалил за 14,99% во однос на вкупниот износ на остварени нето добивки што овие друштва го оствариле за истиот период минатата година. Вкупно остварениот износ на нето загуби за првите девет месеци од годината од 454,8 милиони денари се должи на загубите генерирани од друштвата од стопанството, чии загуби во однос на истиот период минатата година, кога изнесувале 621,6 милиони денари се намалени за 26,83%.

Во периодот 01.01.-30.09.2020 година 27 друштва имаат зголемување на остварените приходи од редовно работење во однос на остварените приходи од редовно работење во истиот период минатата година, додека 58 друштва бележат намалување на приходите од редовно работење во деветмесечието годинава во однос на деветмесечието минатата година. Едно друштво остварило приходи од редовно работење на исто ниво како и истиот период минатата година, а едно друштво минатата година не регистрирало приходи за периодот 01.01.-30.09., додека за истиот период оваа година има регистрирано незначителен износ на приходи од редовно работење.

Гледано по сектори, најголемо учество во вкупно остварените оперативни приходи од друштвата од реалниот сектор во првите девет месеци од 2020 година имаат друштвата од секторот индустрија (35,32%), по што следат друштвата од секторот трговија со нафта (29%), услуги (13,64%) и фармација (12,14%). При тоа, пораст на остварените оперативни приходи во првите девет месеци од 2020 година во споредба со истиот период минатата година е забележан само во секторот фармација, додека сите други сектори бележат намалување на остварените оперативни приходи.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија22 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако