свет
Инфлацијата во еврозоната шести месец по ред на рекордно ниво

Вкупната инфлација (која што за разлика од базичната инфлација ги вклучува во пресметките и цените на храната и енергијата) во еврозоната составена од 19 држави членки достигна 7,5% во април, според прелиминарните проценки на Европското биро за статистика објавени денеска. Во март оваа бројка достигна 7,4%.
Инфлацијата во еврозоната достигна рекордно високо ниво веќе шести месец по ред, предизвикувајќи дополнителни прашања за тоа како ќе реагира Европската централна банка.
Вкупната инфлација (која што за разлика од базичната инфлација ги вклучува во пресметките и цените на храната и енергијата) во еврозоната составена од 19 држави членки достигна 7,5% во април, според прелиминарните проценки на Европското биро за статистика објавени денеска. Во март оваа бројка достигна 7,4%.
Европската централната банка прогнозира дека ценовните притисоци ќе се намалат во втората половина од оваа година, иако се очекува цените на енергијата да ја задржат инфлацијата релативно висока.
Овие најнови бројки за инфлацијата доаѓаат во услови на загриженост за тековната војна во Украина и последователното влијание врз снабдувањето со енергија на Европа – и како тоа може да влијае на економијата на континентот.
Зголемените цени на енергијата најмногу придонесоа за стапката на инфлација во април, иако тие беа малку пониски од претходниот месец. Цените на енергијата се зголемија за 38% во април на годишна основа, во споредба со растот од 44,4% во март.
Претходно оваа недела, руската енергетска компанија Газпром го запре протокот на гас во две земји од ЕУ затоа што не платиле за него во рубљи. Овој потег предизвика стравувања дека и други земји може да бидат отсечени од снабдувањето со енергенсот.
Во меѓувреме, во Италија, проценките на тамошната централна банка укажуваат на рецесија оваа година доколку Русија го прекине сосема извозот на гас кон оваа земја.
Како целина, ЕУ задоволува околу 40% од потребите на гас од Русија. Намалените текови би можеле тешко да ги погодат домаќинствата, како и компаниите кои зависат од гасот за производство на нивните стоки.
Говорејќи за CNBC денеска, Алфред Штерн, извршен директор на една од најголемите европски енергетски фирми, OMV, рече дека би било речиси невозможно за ЕУ да најде алтернативи за рускиот гас на краток рок.
„Треба да бидеме прилично јасни: на краток рок, за Европа ќе биде многу тешко, ако не и невозможно, да го замени протокот на рускиот гас. Значи, ова може да биде среднорочна до долгорочна дебата… но на краток рок, мислам дека треба да останеме фокусирани и да се погрижиме да обезбедиме гас за европската индустрија и европските домаќинства“