економија
Инфлацијата во јули 16% на годишно ниво – најмногу поскапеле храната и транспортот, за речиси 25%

Кај храната, за една година најголемо поскапување има кај маслата и мастите, дури 51,9%, лебот и житата имаат повисоки цени за 36,5%, месото поскапело за 21,4%, млекото, сирењето и јајцата за 23,5%, зеленчукот за 23,3%, додека овошјето за само 3,5%.
За 16% пораснале трошоците за живот во јули годинава , во однос на истиот месец лани, односно толкава е измерената инфлација на годишно ниво според Државниот завод за статистика.
Најмногу поскапеле храната и безалкохолните пијалаци, за речиси една четвртина, односно 23,6%, транспортот за 24% и трошоците за домување, односно комуналиите, за 15,8%. За истиот процент поскапело и јадењето и пиењето во ресторани, хотели и други угостителски објекти. Најмалку поскапеле трошоците за комуникации, само 0,4% и образованието за 0,2% .
Здравствената заштита поскапела за 3,6%, мебелот за 8,5%, рекреација и култура за 7,6%, итн.
Кај храната, за една година најголемо поскапување има кај маслата и мастите, дури 51,9%, лебот и житата имаат повисоки цени за 36,5%, месото поскапело за 21,4%, млекото, сирењето и јајцата за 23,5%, зеленчукот за 23,3%, додека овошјето за само 3,5%. Алкохолните пијалаци од јули лани до јули годинава се поскапени за 8,5%, додека безалкохолните за 13,9%.
Во периодот јануари – јули, односно првите седум месеци годинава кумулативната инфлација искажана преку индексот на трошоците на живот е 10,9%.
Народната банка има измерено стапка на инфлација од 7,7% за вториот квартал од 2022, додека годишната инфлација во 2021 беше 4,9%.