Connect with us

економија

Инфлацијата прави проблеми, Народната банка ја зголеми повторно каматната стапка за 0,25 п.п.

објавено

на

Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата, во април 2022 година, забрза и достигна годишна стапка од 10,5%, што упатува дека оваа година инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.

На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По промените во инструментот задолжителна резерва и зголемувањето на основната каматна стапка во април на 1,5%, како превентивен одговор на нагорните движења кај инфлациските очекувања, на мајската седница на Комитетот беше одлучено да се изврши дополнително зголемување на каматната стапка за 0,25 п.п., на нивото од 1,75%. Понудата на благајнички записи на денешната аукција изнесува 10 милијарди денари.

При донесувањето на ваквата одлука, беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања. Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка.

Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата, во април 2022 година, забрза и достигна годишна стапка од 10,5%, што упатува дека оваа година инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции. Движењата кај домашната инфлација се во согласност и со глобалната инфлација, вклучително и со инфлацијата во регионот на Централна и Југоисточна Европа, каде што просечната инфлација за април е околу 11%. Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачката.

Девизните резерви и натаму се во сигурната зона. Со оглед на високото ниво на девизните резерви во претпандемичниот период и натамошниот раст во двете години од пандемијата, тековно девизните резерви се на соодветното ниво согласно со сите меѓународни стандарди. Од почетокот на годината, на девизниот пазар имаше зголемена потреби за девизи од компаниите заради повисокиот увоз на енергенси, во услови на значителен раст на светските цени на овие производи. Во текот на април и мај овие притисоци значително се намалија, заедно со притисоците поврзани со неоснованите шпекулации за курсот, при што тековно девизниот пазар е стабилен, а се забележува и сезонски поголема понуда на девизи.

          Во однос на движењата во реалната економија, во 2021 година беше остваренреален економски раст од 4%, во рамките на очекувањата. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2022 година упатуваат на натамошен  раст на домашната економија во овој период. Но, со воената ескалација помеѓу Русија и Украина од крајот на февруари, дополнително се влошија веќе нарушените глобални синџири на снабдување и пазарот на енергија, како и довербата на економските субјекти. Ова придонесе за влошување на очекувањата за раст на глобалната, а пред сѐ на европската економија, што неповолно делува врз економските изгледи и врз динамиката на закрепнување на домашната економија за оваа и за следната година, односно растот би бил понизок од очекувањата.

Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според првичните податоци за април 2022 година, годишниот раст на кредитите и натаму е солиден, при поумерен раст кај депозитите. Притоа, кај депозитите на населението се забележува раст на месечна основа во април.

Општо земено, најновите оцени за основните макроекономски параметриупатуваат на потреба од натамошно затегнување на монетарната политика, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за побарувачката. Ризицитеза целокупниот макроекономски контекст се поизразени, асе поврзани главно со надворешното окружување. Ефектите од пандемијата сѐ уште постојат, а нарушувањата во синџирите на снабдување и енергетска криза се уште понагласени заради воениот конфликт во Украина. И понатаму има голема неизвесност, особено околу времетраењето и интензитетот на војната во Украина и ефектите од тековните и идните санкции кон Русија. Оттука, неопходни се претпазливи макроекономски политики коишто ќе бидат целни, заради ублажување на ефектите од кризата, но водејќи сметка за инфлациските притисоци. Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици и соодветно ќе реагира заради постепена нормализација на монетарната политика.  

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал