македонија
Инфлацијата расте, најмногу поскапеле лебот и маслото, за 50%. За една година поевтиниле само книгите и спортската опрема.

Месото за една година е поскапо за 23,3%, млекото, сирењето и јајцата за 27%, а маслото за јадење за 47%. За овошје и зеленчук граѓаните во август плаќале за 7,3%, односно 13,6% повеќе од минатата година.
Трошоците на живот на годишно ниво се зголемени за 16,8%, а цените на мало за 14,2%. Државниот завод за статистика објави ново рекордно зголемување на инфлацијата за месец август. Лебот и житата се поскапени за 44%, месото за 23,3%, млекото, сирењето и јајцата за 27%, а маслото за јадење за 47%. За овошје и зеленчук граѓаните во август плаќале за 7,3%, односно 13,6% повеќе од минатата година.
Струјата на домаќинствата им е поскапа за преку 20%, гасот за дури 43,3%, течните горива за 45%, а топлинската енергија за 30%. Поскапени се и домашните услуги и услугите за домаќинства, за преку 30%, додека транспортот е поскапен за 17,4% во просек, при што најголем пораст имаат цените на горивата, за 34%.
Угостителските услуги поскапеле за речиси 20%, додека услугите за сместување за преку 50%.
Од ретките ставки што поевтиниле за една година, барем како што измериле во државната статистика, се чевлите, за минорни 0,4%, опремата за спорт и рекреација, за 1,5% и книгите за 1,8%.