Connect with us

македонија

Информатичката индустрија останува имуна на корона – кризата

Cover story

објавено

на

Информатичката индустрија во земјава е една од оние со најголем имунитет на корона – кризата. Иако се уште нема официјални статистички податоци за работењето на компаниите од информатичко комуникациските технологии (ИКТ) лани, сепак проценките се дека оваа индустрија ќе прикаже позитивни резултати за 2020 година. Од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) објаснуваат дека позитивните страни се што во услови на пандемија и локдаун кој ограничува движење на граѓаните, овие компании брзо се адаптирале на работата од дома, а побарувачката за информатички услуги не се намалила. Во отсуство на понови податоци за оваа индустрија, зборувајќи за плановите на државата за креирање политики за развој и поддршка на македонскиот ИКТ сектор, и премиерот  Зоран Заев, ги истакна успесите што ги бележат компаниите. Генералниот приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години, а бројот на компании регистрирани во ИКТ секторот од 2016 година кога биле 1.296 пораснал на 1.957 во 2019 година, што е пораст за околу 700 компании за само 3 години.

Информатичката индустрија во земјава е една од оние со најголем имунитет на корона – кризата. Иако се уште нема официјални статистички податоци за работењето на компаниите од информатичко комуникациските технологии (ИКТ) лани, сепак проценките се дека оваа индустрија ќе прикаже позитивни резултати за 2020 година.

Од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) објаснуваат дека позитивните страни се што во услови на пандемија и локдаун кој ограничува движење на граѓаните, овие компании брзо се адаптирале на работата од дома, а побарувачката за информатички услуги не се намалила.

„Имајќи предвид дека се работи за релативно млади и адаптибилни компании, после првиот шок, веќе после месец или два работите почнаа да се нормализираат кон “новата нормалност”. Силно се наметна прашањето за кое долго време како ИКТ индустрија се бориме, а тоа е работењето од дома да стане регуларна пракса, како и секаде во светот, и да официјално се регулира во законот за работни односи“, вели Анета Антова Пешева, претседател на Управниот одбор на МАСИТ.

Според неа, и ИКТ индустријата се соочила со одредени проблеми во својата работа, особено изразени во делот на обезбедување на работната сила, делумно и привремено намалување на обемот на работа, застои во делот на обновување на договорите за работа, особено со странство, како и прилагодување на отежнатите услови на работа со воведувањето на смени и работа од дома, заради намалување на ризиците од пандемијата. Но, тоа само за многу кратко време предизвикало загриженост и несигурност кај некои компании.

„Генерално, компаниите од ИКТ индустријата за 2020 година ќе бидат во позитива, со можеби евентуално малку намалени економски резултати. Ова уште еднаш го потенцира она што цело време го говориме, дека на Македонија ѝ треба да има ваков тип на индустрии, модерни, адаптибилни и секако многу поподготвени за ваков тип на кризни турбуленции во економијата“, вели Пешева од МАСИТ.

Во отсуство на понови податоци за оваа индустрија, зборувајќи за плановите на државата за креирање политики за развој и поддршка на македонскиот ИКТ сектор, и премиерот Зоран Заев, ги истакна успесите што ги бележат компаниите.

„ИКТ секторот кој во последните години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и на приходите, стана најбрзо растечка индустрија во земјата. Генералниот приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години, а бројот на компании регистрирани во ИКТ секторот од 2016 година кога биле 1.296 пораснал на 1.957 во 2019 година, што е пораст за околу 700 компании за само 3 години“, истакна Заев во интервју за Капитал.

Голем е и девизниот прилив што го остваруваат овие компании работејќи за странство. Статистичките податоци покажуваат дека македонски информатичари и програмери во текот на 2019 година направиле услуги за странство во вредност од 189 милиони евра. Со тоа извозот на информациски и компјутерски услуги од земјава е зголемен за 17,2% или за 27,7 милиони евра во споредба со претходната 2018 година. Тоа значи дека земјава има поголем извоз на информатички услуги отколку на пример, на зеленчук и овошје.

Најголем дел од овој извоз или 95% отпаѓа на извоз на компјутерски услуги, а помал дел од околу 9 и пол милиони евра отпаѓа на извоз на информациски услуги.

Извозот на информациски и компјутерски услуги бележи висок раст во изминатите неколку години. За четири години, извозот на компјутерски и информациски услуги од земјава е зголемен за два и пол пати. Или извозот во 2019 бил поголем за 113 милиони евра во споредба со извозот остварен во 2015 година.

За споредба, некои земји од регионот како на пример Србија или Хрватска, од извоз на компјутерски услуги имаат девизни приливи поголеми и од една милијарда евра годишно.

МАСИТ проценува дека и 2020 била добра за ИКТ секторот

Познавачите на состојбите во овој сектор велат дека кај извозот на компјутерски услуги значителен е уделот на аутсорсинг индустријата или таканареченото “лон производство” на софтвер. Станува збор за субконтракторски договори со кои македонски ИТ фирми се ангажирани како подизведувачи од страна на странски фирми за програмирање, за доработка на одредени кодови.

Многу е помал делот на извозот на софтверски производи дизајнирани од македонски ИТ компании, но и тој дел бавно, но стабилно расте.

Потенцијалите за извоз од ИТ индустријата се многу поголеми, особено ако индустријата ја добие потребната системска поддршка од државата.

Од МАСИТ велат дека иако е рано да се каже, од информациите од нивните членки се проценува дека и за 2020 година ќе има слични резултати како во претходната, која беше рекордна.

„Радува и растот во останатите, така наречени странични информатички сектори, како што се електронската трговија и онлајн медиумите, кои се повеќе го заземаат просторот кој го заслужуваат, а кој е веќе стандард во светот. Трендот на раст е присутен секаде и тоа многу не’ радува“, вели Пешева.

Таа вели дека МАСИТ како стопанска комора е вклучена во сите работни групи при изготвувањето на нови и измената на стари закони кои се однесуваат на економијата и економскиот амбиент во државата а во насока на подинамичен развој на ИКТ секторот.

„Наши главни заложби како во минатото така и во иднината, приоритетно остануваат: дорегулација на работа од дома во Законот за работни односи, континуираното опаѓање на персоналниот данок од 10% на 0% (за што имаме ветување од страна на Владата) како и симнување на прагот за плаќање на придонеси на ниво на месечна просечна плата во ИКТ секторот. Ова се клучни позиции кои ќе го дефинираат економскиот амбиент во кој треба да функционира нашата индустрија, а кој во значајна мера ќе ја подобри позицијата на компаниите и можноста тие да имаат поголема шанса да инвестираат во капацитетот на своите вработени со доедукација и повисоки примања, а со тоа да се спречи одливот на млади и едуцирани инженери, хронична болка на нашата држава“, потенцира Пешева.

Од Владата, пак, велат дека нивните заложби се насочени кон натамошно подобрување на условите за работа, кои треба да ја раздвижат ИКТ индустријата и да овозможат забрзана дигитализација на компаниите.

„За таа цел еден од приоритетите во Владината програма е намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто во 2023 година. Тоа треба да биде доволен поттик за натамошен развој на оваа индустрија, која ја продуцира суштинската инфраструктура за дигитализацијата“, истакна премиерот Заев.

Членките на МАСИТ проценуваат дека и 2021 ќе биде тешка година во која македонската влада ќе мора да вложи максимален напор за да помогне на сите погодени индустрии во целост.

„Ние како индустрија преку нашата комора МАСИТ, во повеќе наврати доставивме мерки кои би биле од огромна помош за ИКТ компаниите во државата, со цел да ги одржиме бизнисите и да ги задржиме вработените. Сите предвидувања одат во правец на тоа дека годинава треба да биде година на “заздравување”, со раст кој треба да го неутрализира ланскиот пад на економијата. Тоа оптимистички значи доста работа за сите, а пред се за ИКТ индустријата како најбрзо растечка индустрија со силен одраз врз сите други индустрии и сектори. Се надеваме на тоа дека конечно на нас ќе ни се оствари целта на двојно зголемување на нашиот удел во генерирањето на БДП на Македонија“, вели Пешева.

Дигитализација на државата

Главната точка каде граѓаните ги добиваат услугите без да одат на шалтер е Националниот портал за е-услуги кој е во функција повеќе од една година. Од анализата на граѓанскиот сектор за досега достапните услуги, се наведува  дека сите услуги коишто се достапни на порталот не се целосно електронски. „За да се каже дека една услуга е целосно електронска треба да има неколку компоненти, а тоа е да можете да ги најдете електронски документите што сакате да ги поднесете, потоа да може да се плати услугата електронски, и да можете да ја добиете конкретната услуга, најчесто документи на домашна адреса. Две од овие компоненти не ги исполнуваме“, вели Ангел Мојсовски од Институтот за европски политики.

Пандемијата и долгите периоди на карантини несомнено ја потенцираа потребата да влеземе во процес на комплетна дигитализација во сите сектори вклучително и државатa со цел да се олесни работата на институциите и да им се обезбедат побрзи и поквалитетни јавни услуги на граѓаните.

Премиерот веќе посочи дека Македонија ќе се огледа на примерот на Естонија, но дигитализацијата засега оди со побавно темпо. Балтичката земја е лидер во дигитализирање на јавните услуги. Земјава, пак, ги има подготвено документите и стратегиите за трансформација на бирократијата, но на терен се забележуваат неколку предизвици кои можат да се поделат во три категории – квалитет на услугите, инфраструктура и ресурси и кадар.

Главната точка каде граѓаните ги добиваат услугите без да одат на шалтер е Националниот портал за е-услуги кој е во функција повеќе од една година. Од анализата на граѓанскиот сектор за досега достапните услуги, се наведува  дека сите услуги коишто се достапни на порталот не се целосно електронски.

„За да се каже дека една услуга е целосно електронска треба да има неколку компоненти, а тоа е да можете да ги најдете електронски документите што сакате да ги поднесете, потоа да може да се плати услугата електронски, и да можете да ја добиете конкретната услуга, најчесто документи на домашна адреса. Две од овие компоненти не ги исполнуваме“, вели Ангел Мојсовски од Институтот за европски политики.

Премиерот Заев вели дека не почнуваме од нула, туку напротив.

„Со порталот е – услуги поставивме единствен електронски систем на кој се поврзани сите државни институции за давање јавни услуги за граѓаните, преку едно централно место. Уште на стартот на порталот беа достапни 127 електронски услуги, кои во меѓувреме се дополнија со уште десеттина други како што се нострификација на дипломи, апликација за студентски и ученички стипендии, упис во училиште, упис во градинка, апликација за грант за реновирање на училишта и многу други. Ова е уште еден чекор кон остварување на една од најважните реформски зафати, а тоа е реформата во јавната администрација, за создавање стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна администрација, која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис-секторот и ќе ги заштити нивните права“, додава Заев.

Во министерството за информатичко општество и администрација, како носител на процесот на дигитализација, постојано се работи на ажурирање на услугите. Се спроведува Стратегијата за јавна администрација, Националниот оперативен броудбенд план кој се однесува на воспоставување на интернет инфраструктурата и Националниот систем за управување со документи што треба да им овозможи на институциите размена на информации, вели министерот Јетон Шаќири. Преку порталот е-услуги целосно онлајн се 62 услуги, 104 услуги се добиваат преку пренасочување на друга институција, а порталот содржи над 800 документи.

„За да се спроведува една стратегија јас секогаш повикувам и сме во комуникација со сите важни и релевантни институции почнувајќи од министерствата. За да имаме една дигитална услуга повеќе, за да развиеме нови услуги, ќе треба да ја зголемиме соработката со други институции, на пример сега комуницираме со МВР за дигитализација на уште 20 услуги, или пак со УЈП. Следниот период клучно ќе биде да се поврземе со сите важни институции за да имаме повеќе дигитални услуги“, вели Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација.

Најголемиот предизвик за спроведување на дигитализацијата е задржување на ИТ кадарот

Институциите не се доволно меѓусебно поврзани во системот за интероперабилност што дополнително ја отежнува брзата комуникација и одговор на барањата на граѓаните. Според Мојсовски од Институтот за европски политики, од повеќе од 120 институции, само 32 се поврзани на системот. Министерот Шаќири вели дека институциите треба и сами да бидат свесни и да побараат поврзување во системот за да ги подобрат услугите кон граѓаните.

„Бројката од триесетина институции која ја има граѓанскиот сектор секојдневно се менува, но ние како Министерство им излегуваме во пресрет на која било институцијата и нивното барање да се поврзат во системот на интероперабилност. Впрочем јас се обидувам постојано да ги информирам колку е важно поврзувањето во овој систем и колку е важен процесот за дигитализацијата на нашата земја“, додава Шаќири.

Најголемиот предизвик за спроведување на дигитализацијата, според Мојсовски, ќе биде наоѓањето и задржувањето на ИТ кадарот, за кој работата во јавната администрација не е атрактивна.

Министерот, пак, се надева дека со формирањето на Дигиталната агенција како централна институција за спроведување на дигитализацијата ќе можат да привлечат кадар и да го задржат бидејќи ќе има сопствен буџет и можности да го прави тоа.

Според истражување на Институтот за европска политика, 60 отсто од испитаните граѓани се свесни за постоењето на електронските услуги, но само 48.19 отсто од нив понекогаш или често користат е-услуги.

Инаку, Македонија е умерено подготвена во областа на електронските комуникации и информатичкото општество. Анализирајќи го поглавјето 10, Европската комисија забележува дека е постигнат одреден напредок лани, бидејќи земјата напредувала во подготовките на долгорочна стратегија за информатичка и комуникациска технологија. Но, токму тоа е и една од главните забелешки на Комисијата – Македонија да ја финализира оваа стратегија.

„Во однос на информатичкото општество, се подготвува долгорочна стратегија за информатичко-комуникациска технологија (ИКТ). Започна изготвувањето на стратегијата за развој на дигитални вештини, а дигиталната писменост е приоритет во новата стратегија за образование. Електронските потписи можат да се користат во новиот е-портал за услуги во земјата. Употребата на системот за интероперабилност меѓу институциите малку се зголеми за време на извештајниот период, иако многу нив не го користат и покрај тоа што имаат инсталирано опрема и софтвер. Подготовките за општата рамка и услуги за е-влада продолжија. Потребни се поголеми напори и подобрена координација помеѓу институциите за модернизација и дигитализација на јавната администрација“, пишува во Извештајот за напредокот на земјата.

интервју3 дена ago

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

технологии / компании5 дена ago

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

економија3 дена ago

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

интервју3 дена ago

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

економија4 дена ago

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

start up3 дена ago

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

економија6 дена ago

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

lifestyle3 дена ago

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец

економија3 дена ago

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020