Connect with us

интервју

Ирена Николовска: УАКС Алумни асоцијацијата е платформа за соработка и вмрежување, споделување експертиза и менторство на следните генерации

Ирена Николовска, MBA, извршен директор, основач и главен бизнис консултант на ИРИС Консалтинг

објавено

на

Преку заживување на нашата алумни асоцијација, можеме да го премостиме јазот помеѓу минатото и сегашноста, обединувајќи ги алумни од различни временски периоди и со различна позадина. Така, ќе ги поврземе нашите колективни знаења, искуства и ресурси во општа корист: и за членовите на алумни заедницата и за УАКС.

Г-ѓа Николовска, станавте дел од алумни на УАКС со стекнувањето на MBA диплома. Какви се Вашите впечатоци од MBA програмата на Универзитетот Американ Колеџ Скопје?

Повеќе од 22 години работам како консултант, со специјализација во областа на даноците, финансиите и сметководството. МБА студиите на УАКС ги започнав за да си го проширам знаењето за други области на бизнисот. Тоа и се случи, но и ми се смени мојата бизнис перцепција, односно престанав да размислувам како „вработена“ за друг, и почнав да размислувам како „претприемач“. Тоа е сосема различен мајндсет. Така ми се роди идеја да започнам сопствен бизнис и ја основав фирмата ИРИС Консалтинг.

Силно ги препорачувам МБА студиите на УАКС, зашто за мене претставуваа исклучително корисно искуство, не само поради богатата и современа наставна програма, туку и заради модерниот систем на учење и истражување, искусните и интересни професори и можноста за дружење и вмрежување.

Со што се занимава вашата фирма ИРИС Консалтинг и какви се вашите ангажмани?

ИРИС Консалтинг е друштво за независно истражување и иновативни решенија, всушност, „ИРИС“ (IRIS) е кратенка од англискиот назив „Independent Research & Innovative Solutions“. Тоа е фирма, генерално, за обезбедување на услуги на бизнис консалтинг и истражување, а јас преку мојата фирма или индивидуално, работам како консултант на разни проекти и за разни клиенти, во областа на даноците и парафискалните давачки, одржливиот развој (Tax for Sustainable Development Goals-SDGs), финансирањето на зелена енергија и бизнис планирањето и стратегија. Паралелно на тоа, веќе две години развивам e-learning дигитална платформа за бизнис едукација, на која сум многу посветена како на свое „чедо“ и се надевам дека следната година ќе успеам да ја лансирам.

Би сакале да ви честитаме за изборот за нов претседател на одборот на алумни асоцијацијата на УАКС и да ви посакаме успешна реализација на сите планови на асоцијацијата.

Ви благодарам, ми претставува особено задоволство што сум дел од алумни на УАКС и почестена сум од изборот на оваа функција.

Која е вашата визија за ревитализацијата на алумни асоцијацијата на УАКС?

Во јули оваа година, заедно со новите членови на одборот на алумни асоцијацијата на УАКС, започнавме активности во насока на ревитализирање на алумни асоцијацијата, чие дејствување беше забавено од очигледните пречки наметнати од вонредните пандемски околности. Главната цел е да се создаде платформа за соработка и вмрежување, преку која ќе ја споделуваме нашата експертиза, ќе бидеме ментори на следните генерации и ќе создаваме можности за професионален раст и развој. Преку заживување на нашата алумни асоцијација, можеме да го премостиме јазот помеѓу минатото и сегашноста, обединувајќи ги алумни од различни временски периоди и со различна позадина. Така, ќе ги поврземе нашите колективни знаења, искуства и ресурси во општа корист: и за членовите на алумни заедницата и за УАКС.

За крај, која е вашата препорака на оние кои размислуваат дали да го изберат УАКС?

Доколку сакаат да бидат дел од современа и динамична едукативна средина, каде учењето и истражувањето е континуирана и мотивирачка надградба, која ги отвора хоризонтите и нуди безброј деловни опции, како и можност за меѓународна кариера – треба да го изберат УАКС. Лично за мене студирањето на УАКС беше инспиративно искуство, кое ја создаде подлогата да се стремам кон реализирање на изреката на Абрахам Линколн – „Најдобар начин да ја предвидите иднината е да ја создадете!“

И за крај, би им порачала на студентите, секогаш кога ќе се соочат со каков било предизвик и препрека, да не се откажуваат, да бидат упорни и истрајни и да се сетат на она што го кажува мојот омилен стопанственик Ричард Бренсон „Не заборавајте да се забавувате!“.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки7 дена ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи