Connect with us

економија

Искусните програмери во Македонија заработуваат и преку 180.000 денари

Мапирање на домашната ИТ индустрија

објавено

на

Мапирањето македонскиот ИТ сектор што го направи по втор пат порталот IT.mk  покажува дека, според програмските јазици, најплатени се Swift програмерите, со просечна плата од  158.000 денари. Дизајнерите на игри и Autocad цртачите имаат највисоки плати во ИТ бизнисот кои достигнуваат повеќе од 230.000 денари.

Дека во ИТ секторот се заработува значително над просекот во Македонија не е веќе ништо ново, и официјалната државна статистика го потврдува секој месец тоа. Па, така според најновите податоци, просечната нето плата исплатена во дејноста компјутерско програмирање во јули годинава изнесува речиси 82.000 денари, што е за 12% повеќе во однос на истиот месец во 2021.

Порталот за информатичка технологија, IT.mk отиде и подетално во анализата на ИТ секторот, па го реализираше второто истражување за мапирање на локалната ИТ индустрија и резултатите даваат интересна слика за една од најлукративните индустрии во моментов. 

Истражувањето има за цел да даде сеопфатен приказ на актуелната состојба со плати и примања, технологии, едукација и развој на ИТ кадарот, како и вработените во дигиталниот маркетинг и дигиталните уметности. Дополнително, истражувањето го прикажува и напредокот во овие области во Македонија споредбено со 2019 година, кога беше направено првото мапирање.

Истражувањето е направено во периодот од 15-ти јуни до 11-ти јули 2022 година и во него учество земаа повеќе од 2.000 локални ИТ професионалци, споделувајќи клучни информации за примањата, алатките и технологиите што ги користат, образованието, одлуките при бирање работа и други интересни податоци. 

Почетните плати во програмирањето од околу 30-40.000 денари

Анализата на IT.mk обработува три клучни категории во ИТ секторот, а тоа се програмирање, маркетинг и дизајн. Главниот заклучок што може да го донесеме е дека во овие професии платите континуирано растат дека и тоа како добро може да се заработи во земјава, а некои позиции се на рамниште на просечни плати во западните земји, па дури и повисоко.

На пример, во категоријата програмирање, оние со најмалку искуство, или т.н. јуниор позиции, заработуваат од 38.000 па до речиси 51.000 денари месечно. Ова важи за пресметката со статистички просек, но ако се примени методот на медијана, односно се исклучат екстремно високите и ниските вредности од примерокот, се добиваат суми од 30.000 до 46.000 денари месечно.

Во категоријата програмирање, оние со најмалку искуство, или т.н. јуниор позиции, заработуваат од 38.000 па до речиси 51.000 денари месечно. Ова важи за пресметката со статистички просек, но ако се примени методот на медијана, односно се исклучат екстремно високите и ниските вредности од примерокот, се добиваат суми од 30.000 до 46.000 денари месечно. Поискусните програмери може да сметаат на плати од 70.000 па до преку 90.000 денари месечно во просек, додека пак, најискусните, или т.н. сениор програмери/девелопери  заработуваат и преку 160.000 денари месечно.

Поискусните програмери може да сметаат на плати од 70.000 па до преку 90.000 денари месечно во просек, додека пак, најискусните, или т.н. сениор програмери/девелопери  заработуваат и преку 160.000 денари месечно.

Мапирањето укажува на тоа дека дури 48.5% од ИТ професионалците размислуваат за можна промена на работното место во следните 6 месеци, а за време на COVID пандемијата 39% од испитаниците смениле компанија. Исто како и во 2019 година, повторно е евидентен и родовиот јаз во платите и другите хонорарни примања кај ИТ кадарот, особено на повисоките позиции.

Други интересни податоци кои можат да се истакнат од истражувањето се:

  • Најпопуларен програмски јазик кој во моментот се работи е JavaScript,
  • Најатрактивен програмски јазик за учење е Python,
  • Канали што носат најдобри резултати во е-продажбата се социјалните медиуми,
  • Примарната алатка за работа на графичките дизајнери е Figma, наспроти Adobe Photoshop или Illustrator,
  • Најкористената алатка при развој е Git,
  • Степенот на задоволство од работните места е над 7 од 10 во сите три сектори.

Сè уште значителен родов јаз во ИТ секторот

Со цел поопсежна анализа, обработка на податоците и презентирање на резултатите од истражувањето, како партнер е вклучена локалната консултантска компанија Data Masters која е експерт во доменот на бизнис аналитика и обработка на податоци. 

Најголемиот дел од испитаниците, односно 60%, се во возрасната група од 25 до 34 години, 77% се мажи, а 23% се жени. 

Истражувањето ги става во фокус нето примањата на ИТ професионалците и растот на истите споредбено со анкетата спроведена во 2019 година, а се разликува од стандардното истражување на ДЗС за платите бидејќи ги зема предвид и хонорарните проекти што ИТ кадарот ги работи надвор од постојаните работни места. Дополнително, истражувањето навлегува многу подлабоко во повеќе други сегменти на ИТ индустријата.
 
Мапирањето покажува дека, според програмските јазици, најплатени се Swift програмерите. Дизајнерите на игри и Autocad цртачите имаат највисоки плати кои достигнуваат повеќе од 230.000 денари, а најголем предизвик за реализација на маркетинг активностите се недостиг на ресурси. Во секцијата за програмирање се вклучени резултати за примарните програмски јазици, најпопуларните Cloud платформи, датабази, развојни околини, како и најкористени алатки.

Маркетинг професионалците откриваат податоци за маркетинг буџетите, најважните метрики, како и каналите што носат најдобри резултати. Кај графичките дизајнери, истражувањето ги открива првите чекори што ги преземаат при отпочнување на нов проект како и примарните алатки за работа.

Истражувањето изнесува на виделина дека најголемиот дел од испитаниците имаат завршени дипломски студии и работат во претставништва на странски компании. А најважната компонента при барањето работа се платите и бонусите, можностите за развој, како и рамнотежата меѓу работата и приватниот живот. 

Резултатите од истражувањето можат да се погледнат во целост на следниот линк: http://it.mk/map2022

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки7 дена ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи