Connect with us

свет

Историски судир или судир со геостратешки димензии

Ерменија и Азербејџан влегоа во тотална војна

објавено

на

Ерменија, која го контролира спорниот регион Нагорно – Карабах, е задоволна од статус кво состојбата, додека Азербејџан, кој е богат со енергетски ресурси и чие воено трошење во моментов го надминува целиот ерменски буџет, сега се заканува дека со воена сила ќе ја врати контролата врз изгубениот регион. Прашањето е, зошто овој регионален конфликт е активиран сега, а што може да добие  поширока димензија со ставање на Турција на страната на Азербејџан и Русија на страната на Ерменија. Овој конфликт претставува повеќе од спор меѓу двете земји околу пограничен регион, туку борба меѓу група држави за контрола над целиот регион на Кавказ.

Институт ИФИМЕС

Жестоките судири меѓу Ерменија и Азербејџан продолжија во последните денови во автономниот регион Нагорно-Карабах, којшто е под контрола на Ерменците.

Најновиот  конфликт помеѓу двете земји ескалираше и нема индиции дека тој ќе се смири, барем во догледно време. Се поставува прашањето, зошто е обновен стариот конфликт во моментов, којшто беше во фаза на мирување (замрзнат конфликт) по жестоките борби во периодот 1988-1994 и во текот на април 2016 година.

Ерменија, која го контролира спорниот регион, е задоволна од статус кво состојбата, додека Азербејџан, кој е богат со енергетски ресурси и чие воено трошење во моментов го надминува целиот ерменски буџет, сега се заканува дека со воена сила ќе ја врати контролата врз изгубениот регион.

Најновиот  конфликт помеѓу двете земји ескалираше и нема индиции дека тој ќе се смири, барем во догледно време. Се поставува прашањето, зошто е обновен стариот конфликт во моментов, којшто беше во фаза на мирување (замрзнат конфликт) по жестоките борби во периодот 1988-1994 и во текот на април 2016 година.

Прашањето е, зошто овој регионален конфликт е активиран сега, а што може да добие  поширока димензија со ставање на Турција на страната на Азербејџан и Русија на страната на Ерменија. Овој конфликт претставува повеќе од спор меѓу двете земји околу пограничен регион, туку борба меѓу група држави за контрола над целиот регион на Кавказ.

Историски преглед на судирите

Регионот Нагорно – Карабах е еклатантен пример за проблемите предизвикани од распадот на Советскиот Сојуз (СССР). Во почетокот на XIX век, регионот стана дел од Руската империја по поразот на Персијците и нивното официјално предавање на Нагорно Карабах на Руската империја според Договорот од Гулистан (1813). Регионот, составен од мнозинско ерменско население, доби автономија во советската ера од 1923 година, но во рамките на советската  социјалистичка република Азербејџан.

Со појавата на знаци на колапс на комунистичкото владеење на СССР, пратениците во парламентот во Ерменија и Нагорно Карабах одлучија да го обединат регионот со Ерменија во 1988 година. Азербејџан одби, укинувајќи ја автономијата што ја ужива регионот и подоцна ја испрати својата војска, што доведе до избувнување на војната 1992-1994, што резултираше со губење на регионот и губење на уште седум соседни региони, кои сочинуваат околу една петтина од територијата на Азербејџан и присилно раселување на околу милион Азербејџанци од окупираните територии во другите делови на Азербејџан.

И покрај потпишувањето на договорот од Бишкек во 1994 година, со кој се стави крај на војната, со посредство на групата „Минск“ , предводена од Франција, САД и Русија, борбите не престанаа, додека Ерменија не ги беше спровела трите резолуции на ООН со повлекување од областа што ја имаше окупирано во Азербејџан.

Улогата на Турција во конфликтот

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, ја предводи земјата од 2003 година, откако го наследи својот татко Хајдар Алиев на функцијата, којшто пак ја држеше власта десет години претходно. Алиев помладиот во моментов ја има поддршката од Турција, традиционалниот сојузник на Азербејџан, како и од Израел од кого што купува оружје и добива техничка помош.

Од почетокот на кризата во тој регион, позицијата на Турција е јасна, а тоа е поддршка за Азербејџан, а по неодамнешните настани, турскиот претседател Ердоган најави целосна поддршка на неговата земја за Азербејџан. Русија, од своја страна, сака да ги смири тензиите меѓу двете земји, со кои има посебни односи уште од времето на Советскиот Сојуз, и ги повика да се вратат на преговарачката маса што е можно поскоро.

Официјална Анкара сака да има упориште  во регионот на Кавказ на границата со Русија со цел да има подобра почетна точка во преговорите со Русија околу можните отстапки во сириската и либиската граѓанска војна, како и предност во кризата со Грција на истокот на Средоземното море, каде што Анкара и Москва се наоѓаат на спротивните страни.

Што се однесува до причините зошто Турција го поддржува Азербејџан во врска со конфликтот, аналитичарите велат дека поддршката има врска со  историскиот спор меѓу Турција и Ерменија околу геноцидот врз Ерменците од страна на Османлиите за време на Првата светска војна и историските и етнички блиски врски меѓу Турција и Азербејџан. Азербејџанскиот народ (Азери) припаѓа на туркијската група на народи од исламска религија и покрај разликата во доктрината на Мезхеб (верска правна школа):  Турција има сунитско, а Азербејџан шиитско мнозинство.

Бидејќи ситуацијата во Сирија и Либија релативно се смири по притисокот на САД и Германија врз либиските партии, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (АКП) се очекува повторно да се соочи со својот  „пријател и непријател“,  рускиот претседател Владимир Путин на Кавказ.

Иран на страната на христијанската Ерменија

Нема сомнение дека актуелниот ерменски премиер Никол Пашинијан којшто ја презеде власта по масовните антивладини демонстрации во Ереван во 2018 година,  е прозападно настроен, но Ерменија нема алтернатива на сојузот со Русија поради блискоста на историските непријатели, Турција и Азербејџан. Ерменија е важен сојузник на Русија на просторот на  поранешниот Советски сојуз, а ерменската економија во голема мера зависи од руските инвестиции и дознаките од Ерменците кои живеат и работат во Русија, а ги има околу 2,5 милиони.

Тековниот конфликт меѓу Азербејџан и Ерменија докажува дека војните што се случија во последниве години не беа само секташки, дури и ако сегашниот конфликт носи национални димензии.

Иран застана на страната на христијанската Ерменија, и покрај постоењето на културни, етнички и верски врски меѓу Техеран и Баку, при што повеќе од една третина од Иранците во иранскиот регион Западен Азербејџан се Азербејџанци всушност, и повеќето Азербејџанци се шиити како Персијци во Иран.

Иран и Азербејџан делат граница долга повеќе од 760 километри и дел од Каспиското Море, кое е богато со нафта и гас.

Техеран се обидува да го ослаби Азербејџан, така што азербејџанското малцинство во Иран не би барало повеќе права или да покажува аспирации за обединување со матичната земја. Иран има силни економски односи со Ерменија, бидејќи оваа земја е голем увозник на нафта, гас и електрична енергија од Иран.

Иран се плаши и од азербејџанско – израелските односи во воената сфера,  затоа што смртниот непријател на Иран,  Израел, всушност на тој начин  е на неговата  северна граница.

Русија има база во Ерменија, а му продава оружје на Азербејџан

Ерменија во моментов е единствениот руски православно-христијански стратешки сојузник на Кавказ и една од ретките земји со руско воено присуство. Според ерменските политичари и воени експерти, руското воено присуство во Ерменија е важна компонента на ерменската национална безбедност.

На територијата на Ерменија, недалеку од градот Ѓумри, се наоѓа руската воена база број 102, што е еден од најважните објекти на руското воено и геополитичко присуство на Кавказ, како и една од главните компоненти на руско-ерменските односи. Покрај тоа, присуството на руската армија во базата во Ерменија е продолжено до 2044 година. Руските граничари, заедно со нивните ерменски колеги, ги чуваат ерменските граници со Турција и Иран.

Русија и Ерменија се чини дека се сојузници, двајца стратешки партнери поврзани со голем број воени договори и врз основа на сето тоа Русија треба да ги земе предвид геополитичките и стратешките интереси на нејзиниот сојузник Ерменија. Но, во реалноста се случува спротивното. Поточно, се случува главниот непријател на Ерменија во регионот, т.е. Азербејџан, да купува 40% од своето оружје од најважниот стратешки партнер на Ерменија, т.е. Русија. Интересно е што оружјето што Азербејџан го купува од Русија е претежно е од офанзивен карактер, а не одбранбено.

Оставката на ерменскиот премиер Серж Саргисјан од функцијата под притисок на масовните демонстрации во 2018 година во Ереван го покрена прашањето дали ова ќе доведе Ерменија да ја напушти сферата на руското влијание на поранешниот советски простор, повторувајќи го сценариото на Грузија и Украина или Москва ќе остане главен играч во оваа република во Јужен Кавказ.

Нема сомнение дека новиот ерменски премиер Никол Пашинијан е прозападно настроен, но Ерменија нема алтернатива на сојузот со Русија поради блискоста на историските непријатели, Турција и Азербејџан.

Ерменија е важен сојузник на Русија на просторот на  поранешниот Советски сојуз, а ерменската економија во голема мера зависи од руските инвестиции и дознаките од Ерменците кои живеат и работат во Русија, а ги има околу 2,5 милиони.

Според аналитичарите, спорниот регион Нагорно – Карабах е своевидна „темпирана бомба“, но којашто нема  да експлодира се’ додека Ерменија е воен сојузник на Русија.

Нема сомнение дека актуелниот ерменски премиер Никол Пашинијан којшто ја презеде власта по масовните антивладини демонстрации во Ереван во 2018 година,  е прозападно настроен, но Ерменија нема алтернатива на сојузот со Русија поради блискоста на историските непријатели, Турција и Азербејџан. Ерменија е важен сојузник на Русија на просторот на  поранешниот Советски сојуз, а ерменската економија во голема мера зависи од руските инвестиции и дознаките од Ерменците кои живеат и работат во Русија, а ги има околу 2,5 милиони.

На САД и ЕУ им одговара мирен Кавказ

Што се однесува до американската позиција во конфликтот, таа е неутрална и се обидува да го реши конфликтот меѓу двете земји. По неодамнешните настани, Вашингтон ја осуди ескалацијата на насилството меѓу Азербејџан и Ерменија и ги повика двете страни веднаш да ги прекинат непријателствата.

Позицијата на Европската унија и САД е иста, а тоа е да се стави крај на овој конфликт, со цел да се спречат нарушувања во снабдувањето со нафта и гас од Каспиското Море.

Израел е на страната на Азербејџан во овој конфликт. Израел е еден од најсилните сојузници на Баку од 2011 година и продава значителни количини оружје и воена опрема на Азербејџан.

Аналитичарите сметаат дека Азербејџан е нова точка на конфликт и надмудрување  меѓу Иран и Израел, бидејќи Израел веќе е силно присутен во близина на границата со Иран.

Според аналитичарите на меѓународниот институт ИФИМЕС, воената сила на Азербејџан има предност пред Ерменија, бидејќи ја разви својата армија и набави модерно оружје од Русија, Турција и Израел, искористувајќи ги високите цени на нафтата во последните две децении. Аналитичарите ја намалуваат можноста за започнување на голема воена операција, имајќи предвид дека Ерменија е членка на Организацијата за договор за колективна безбедност ODKB/CSTO, основана од Русија во 2002 година.

Водечките светски сили преку Советот за безбедност на ООН и во рамките на групата „Минск“ треба да ги интензивираат напорите да се запре развојот на конфликтот и неговата трансформација во поголема и поширока војна. Една од главните причини за моменталната ескалација на конфликтот е недостигот на активна меѓународна медијација меѓу двете страни.

Русија и Турција треба да ги повторат своите мисии за медијација, според моделот на нивната соработка во Сирија, каде што Турција е на страната на опозицијата, а Русија ѝ нуди воена и политичка поддршка на владата во Дамаск.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“