Connect with us

економија

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

Растот на цените сѐ уште прави главоболки низ цел свет

објавено

на

Од Америка преку ЕУ до Македонија, инфлацијата не забавува со посакуваното темпо и сѐ уште предизвикува нервози кај потрошувачите, бизнисите и инвеститорите. Според најновото истражување на SurveyMonkey што опфаќа повеќе значајни економии во светот, најмалку половина од возрасните испитаници  изразиле длабока загриженост за нивните лични финансиски околности, со силен фокус на инфлацијата како главен двигател на стресот.

Клучните берзански индекси во САД имаа пад во средата, денот кога се објави најновиот податок за инфлацијата во земјата, која изнесува 3,5% за месец март на годишно ниво, а 0,4% на месечно.  Инвеститорите се нервозни затоа што во февруари годишната стапка на инфлација била 3,2%, што значи растот на цените не покажува тенденции на олабавување што ги очекуваат Федералните резерви за да почнат со намалување на основната каматна стапка. Она што сака ФЕД да го слушне е инфлација од два отсто, но тоа засега е далеку од посакуваното.

Инфлацијата не прави нервоза само кај американските и светските инвеститори, туку и кај македонските граѓани, коишто во март месец се соочиле со пораст на трошоците за живот  од 4 отсто, во однос на истиот месец лани.

Според Државниот завод за статистика, најголемо зголемување на трошоците има кај здравствените услуги, потоа прехранбените производи и безалкохолните пијалаци, транспортот и угостителските услуги.

Податоците на државната статистика велат дека раст на инфлацијата од 3,4 отсто има и во првите три месеци од годинава во однос на првиот квартал 2023 година. 

За речиси еден отсто има раст на трошоците за живот и на месечно ниво, односно март во однос на февруари годинава. А тоа е периодот во кој заврши мерката за замрзнати цени, па статистичарите забележале дека на граѓаните им се зголемиле трошоците за набавка на леб, млеко, сирење, јајца, месо, овошје и зеленчук, сокови. Нивните цени се зголемени од половина процент па се до над три отсто.

Сега се очекува новиот Закон за нефер трговски практики да стапи на сила од септември, и да стави ред во целиот ланец на трговијата, особено на храната. Но, едно е сигурно цените на прехранбените производи никогаш нема да се вратат на нивото на кое пред кризата.

Агенцијата за кредитен рејтинг ФИЧ, викендов објави дека инфлацијата во периодот што следи во Македонија ќе забавува цените ќе се намалуваат, а економијата ќе заживува. Монетарната политика и мерките на Народната банка како и владините мерки придонеле да се избегнат нови ценовни шокови, но од ФИЧ напоменуваат дека со растот на платите е можна опасност за нови инфлаторни поместувања.

Земјава во пикот на инфлаторната криза беше рекордер во регионот и пошироко по стапката на инфлација. Во 2022 година таа изнесување 19,8 отсто, а лани инфлацијата се намали на девет отсто. 

Во ЕУ пак, највисока годишна стапка на инфлација во февруари забележа  Романија, од 7,1 отсто, објави Евростат.

Следи Хрватска со највисок раст на цените мерени со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) меѓу членките на еврозоната, за 4,8 отсто во однос на февруари 2023 година. Хрватска забележа иста стапка на инфлација мерена со HICP во јануари. Во групата со најсилен раст на цените во февруари е и Естонија, членка на еврозоната, каде цените пораснаа за 4,4 отсто. Данска и Латвија забележаа најниска годишна стапка на инфлација во ЕУ во февруари, од 0,6 отсто, се наведува во извештајот.

Двајца од тројца имаат финансиски стрес

Дека инфлацијата во светот сѐ уште предизвикува стрес и главоболки, и покрај тенденцијата на намалување во однос на пикот од 2022 година, покажуваат и истражувањата. Најмалку половина од возрасните во неколку клучни економии ширум светот изразиле длабока загриженост за нивните лични финансиски околности, со силен фокус на инфлацијата како главен двигател на стресот.

Имено, според ‘International Your Money Financial Security Survey’, спроведена од SurveyMonkey (https://www.surveymonkey.com/curiosity/cnbc-international-financial-security-2024/), значителен број од испитаниците рекле дека нивната финансиска состојба е полоша во однос на нивните родители, а освен тоа се и песимисти околу иднината и финансискиот просперитет на нивните деца.

Резултатите од истражувањето укажуваат на значителни нивоа на финансиски стрес кај испитаниците, возрасни луѓе, во различни земји. Во САД, Австралија, Шпанија и Мексико, околу 70% од испитаниците изјавиле дека чувствуваат „голем или умерен стрес“ поради финансиски тешкотии. Овој процент е нешто помал, односно 63% во Обединетото Кралство, 57% во Германија, 55% во Швајцарија, додека приближно половина од испитаниците во Сингапур и Франција сметаат дека и тие се под стрес.

Инфлацијата е нагласена како примарен извор на финансиски стрес, а има и причини како што се неможноста за штедење, економската нестабилност и зголемувањето на каматните стапки. Шест од десет или повеќе возрасни лица во САД (65%), Австралија (62%), Франција (62%) и Германија (66%) и околу половина во Сингапур (46%), Мексико (56%), ОК (51%), Шпанија (55%) и Швајцарија (48%) го наведуваат порастот на цените како главна причина што придонесува за финансиски стрес. Стресот поради медицинските или здравствените трошоци е водечка причина за финансиски стрес кај возрасните испитаници во Сингапур (33%), Франција (28%) и Швајцарија (37%). Недостатокот на заштеди е исто така важна причина за финансиски стрес за сите земји освен Франција.

Пола луѓе велат дека се посиромашни од пред пет години

И покрај традиционалната перцепција за средната класа како финансиски стабилна, меѓу 45% и 62% од оние кои се идентификуваат со оваа група се опишуваат себеси како едвај врзуваат крај со крај. Околу половина од возрасните во Австралија, Германија и Велика Британија велат дека се во полоша финансиска состојба отколку пред пет години. Важно е да се напомене дека во Велика Британија само 37% од испитаниците се изјасниле како дел од средната класа, што е помал процент во споредба со другите земји.

Помеѓу анкетираните земји, само возрасните во Сингапур и Мексико рекле дека се во подобра финансиска состојба од нивните родители. Половина од возрасните во Австралија (51%), Германија (51%) и ОК (51%) велат дека нивната финансиска состојба е полоша сега отколку пред 5 години, во споредба со три од десет или помалку кои пријавиле подобрување (29% во Австралија, 25% во Германија и 27% во ОК). Нешто помалку од половина од возрасните во САД (45%), Франција (42%) и Швајцарија (44%) велат дека нивната финансиска состојба е полоша сега во споредба со пред 5 години.

Само Швајцарците се оптимисти за економијата

Економскиот оптимизам, исто така, следи сличен тренд низ земјите: повеќето возрасни луѓе во Мексико (74%) и Сингапур (79%) се „многу или донекаде оптимисти“ за тоа каде оди економијата на нивната земја. Швајцарија е единствената анкетирана европска земја каде мнозинството се оптимисти, 57 отсто од нив. Речиси двајца од тројца возрасни во ОК (63%), Шпанија (64%), Франција (62%) и Германија (66%) се „многу или донекаде песимисти“ за економските перспективи на нивната земја. Родителите кои очекуваат нивните деца финансиски да стојат подобро од нив се  малцинство во сите земји освен во САД, Мексико и Сингапур.

Истражувањето, во кое беа анкетирани 4.342 возрасни лица и беше спроведено во март, открива дека иако глобалната економија се соочува со одредени предизвици, перцепцијата на просечните поединци не секогаш ја одразува таа слика. Ерик Џонсон, извршен директор на SurveyMonkey, нагласува дека, и покрај разликите во општата состојба на економиите, речиси половина од возрасните во секоја од земјите што учествуваа во истражувањето чувствуваат финансиски стрес, пренесува CNBC.

И покрај забавувањето на глобалниот економски раст, повеќето развиени економии ја избегнаа рецесијата што се предвидуваше поради високата инфлација и зголемените каматни стапки. Иако пазарите на трудот покажаа издржливост, бројните истражувања сугерираат дека владее песимизам кај потрошувачите додека тие се соочуваат со предизвиците на зголемувањето на цените на основните производи.

Кога станува збор за светската инфлација, се предвидува дека стапката треба да падне во 2024 година, па така Меѓународниот монетарен фонд на крајот на јануари објави дека глобалната инфлација оваа година треба да биде 5,8 отсто, додека во 2025 година дополнително да падне на 4, 4 отсто.

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%